Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 36: @Ska Maniac - Советскиот и кинескиот комунизам беа подобри од југословенскиот социјализам)

Дали се согласуваш со прашањето на Ska Maniac од насловот на темава?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Здравје, утре ќе пишам.
Ако пишуваш пиши, ако не да одиме со некој друг. Ни правиш застој во сообраќајот. Сега требаше да бришам оф-топици и да банирам луѓе, наместо тоа треба да правам нешто корисно...
 
Daj be ja da kazam mislenje moze? Da razvieme diskusija..

tenor.gif
 
Ако пишуваш пиши, ако не да одиме со некој друг. Ни правиш застој во сообраќајот. Сега требаше да бришам оф-топици и да банирам луѓе, наместо тоа треба да правам нешто корисно...
Бог да чува.

Проституцијата треба да биде легална.

Јас сум за целосна легализација и строга регулација на проституцијата. Не де-криминализирана, туку со закон да си има јасни правила, контрола и заштита. Проституцијата во еден или друг вид секогаш постоела и ќе постои. Кога е нелегална таа самата всушност е поттик за раст на криминалот, трговијата со луѓе е поголема, “работниците” се без заштита. Секако е присутна, барем ќе треба да плаќаат даноци. Но контролата мора да биде строга. Повеќето земји од светот проституцијата ја имаат легализирано.
Секој што сака да работи си има лиценца, без јавно да биде објавен. Работат самостојно или отвараат бордеи. За да ја одржуваат дозволата мора пример на одреден период да посетуваат прегледи. Работниците ќе си имаат нормални работни договори (со бонуси за поголеми хехе), нормално работни време. Тоа е.

Уште еднаш се извинувам за задоцнувањето, колегата Дел Бој уште во 11 ме тагнал, не сум видел и ојде коњо у реката.
Глава сечам ако вот не ми реплицира со И што е тука контроверзно? Сигурно ме чекал цело време да постирам.
 
Глава сечам ако вот не ми реплицира со И што е тука контроверзно? Сигурно ме чекал цело време да постирам.
Да знаеше да се шегуваш, сам ќе си реплицираше до сега на темава “И што е контроверзно тука?”. Jас нема тоа да реплицирам како што очекуваш, @SK-92 и други веќе ја користат надвор од тебе шегата, мене сега другата понудена опција сечење глава ми е попримамлива. Мислам дека тоа треба да е анкетата, дали е контроверзно мислењето или твојата глава да се тркала, а знаејќи дека тука се чуварите на општеството и не дозволуваат содом и гомора, ќе се тркала!
 
Јас 100% се согласувам. Го имам претходно истово дискутирано со пријатели и го имам брането истиов став.

И што е тука контроверзно? :P
 
Да знаеше да се шегуваш, сам ќе си реплицираше до сега на темава “И што е контроверзно тука?”. Jас нема тоа да реплицирам како што очекуваш, @SK-92 и други веќе ја користат надвор од тебе шегата, мене сега другата понудена опција сечење глава ми е попримамлива. Мислам дека тоа треба да е анкетата, дали е контроверзно мислењето или твојата глава да се тркала, а знаејќи дека тука се чуварите на општеството и не дозволуваат содом и гомора, ќе се тркала!
Сакав да ти пишам порака ама си го затворил сандачето. Кога админ ќе прецени, нека ми го избрише мислењето.
Искрен са бидам, не ти го сфаќам стилот на пишување и кога те читам(ако е пократко) читам два пати, за да сфатам што сакаш да кажеш. Од таму дојде целиот овој хаос што уште не можам да сфатам што си се фатил ко слеп за стап. Последен пат ти објаснувам. “И што е тука контроверзно?”, коментарот што го дадов на темата на мачката беше со цел индиректно, со прашање, да искажам согласност со нејзиниот став. “И што е тука контроверзно?”, означуваше дека 99% од членовите со сигурност ќе бидат согласни. Тоа беше. Не дека не сум разбрал што пишувало во воведот. Едноставно сметав дека темата не е контроверзна и треба нешто поинтересно. Е сеа, ти ми се закачи со нешто што не можам уште да сфатам дали се заебаваш или си сериозен. Како што кажав, голем дел од постовите не ти ги разбирам. Дали е до мене, не знам. Како и да е, немам никаков конфликт со тебе, не мислам ништо лошо и мислам дека целото нешто дојде од неразбирање. Ако имаш нешто, пиши ми во порака да се разбереме. Едноставно сум таков, сакам да бидам на чисто и јасно што и како. Поз.
 
Дајте нова тема : Дали Вот е контроверзен ?
Зошто мислиш дека темава предизвика толку интерес? Мислење прво:

Да почнеме со Њотомир. @wot, кое е твоето контроверзно мислење? Те избрав бидејќи ретко кога имаш неконтроверзни мислења :D

Да се држиме сега до зададената тема, рано е за лични препирки.
 
Јас сум против.
Легализацијата ке биде диплома, уверение кое виси на ѕидот на срам. Ништо нема да се постигне, насилството, исмејувањето, омалуважувањето, сето тоа ке си остане.
Даа, ујп ке собира даноци, но животот на сексуалните работници нема никогаш да се подобри.
Јас сум да се забрани со закон и да се казнуваат и тие што продаваат и тие што купуваат секс.услуги. (знам дека не е возможно).
 
Јас сум да се забрани со закон и да се казнуваат и тие што продаваат и тие што купуваат секс.услуги. (знам дека не е возможно).
А оти сега не е забрането со закон?
 
Проституцијата (поточно сексот) е најстариот занает на човекот. "Да се забрани" му доаѓа исто ко да речеш - "да забраниме да пиеме вода", "да го забраниме огнот", или "да го забраниме тркалото". Едноставно бесмислено е и никогаш не би успеало. Ама, ако се стави под некакви норми и правила, сметам дека би било win-win ситуација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom