Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 18: @датум - Туристите и иселениците да плаќаат при влез во Македонија)

Туристите и иселениците да плаќаат при влез во Македонија


  • Вкупно гласачи
    49
На јавни места не, али по кафани ресторани треба и Гестапо офицер да има да те мава по глава ако запалиш. Никакви заградени простори, нека излегуваат надвор нека пушат и нека влезат пак.

Гласав воздржено заради јавните места, никојпат неможе ова да се реализира.
 
Веќе пишав во темата која беше отворена денес - не само што сум ЗА новиот закон за забрана на пушењето, туку и многу му се радувам и едвај чекам да почне да се применува. Прво што најмногу ме радува - со стариот закон се дозволуваше пушење на летните тераси во угостителските објекти, кои во зима по дифолт се целосно затворени со стакло, па така ако седнеш таму, се враќаш дома со мирис ко да си чадел колбаси. Второ - многу ме радува што нема да ги пафкаат тие IQOS-ите по трговски центри. Седнуваш таму да јадеш, и ти мириса ко да пувнал некој! Пред некој ден една копиљана дури и во автобус на ЈСП вчурија такво чудо. Мене ми мириса уште поодвратно отколку цигарите.

Друго, денес ко што прочитав, пушењето ќе биде забрането и на отворено пред некои објекти: градинки, училишта, игротеки, пред простории каде престојуваат деца и сл. - и тоа е исто така огромен плус. (y) И во сите маркети цигарите и тутунските производи ќе бидат тргнати од видното поле на купувачите, што исто така е супер. Значи според мене еден од најубавите закони кои ги донеле во последниве години. Потполно ЗА секоја една одредба од законот. Кому му се пуши, нека си излезе да пуши надвор. Фала многу, пријатно. :D
Автоматски споено мислење:

Гласав воздржено заради јавните места, никојпат неможе ова да се реализира.
„Јавни места“ се точно опишани во законот. Автобуски постојки и стојалишта, стадиони и места каде се одржуваат спортски натпревари, пред игротеки, училишта, градинки и др. места каде има деца, и сл. Значи не е секој јавен простор. На улица или тротоар ваљда уште може да се чури. „Краљица тротоара“ уште ќе има смисла. ;)
 
Да одговорам со мое мислење на 2 теми коментирано, деловите за непушачи биле празни поради 2 причини:
1. Примадоните што пушат одма се бунтуваат да седнеме на маса за пушачи макар биле мнозинство зашто работава е ќе се приумре ако не се пуши на маса и треба да се искочи.
2. Така сме растени и сме лабави повеќето и ни е ок е, ќе седиме кај што се пуши да не правиме тензии и кавги, не е најдобра опција ама ништо ново. Ќе смрдиме на цигари и нема да си ја осеќаме храната, ама така беше Х години на ред, но биги.

Ја лично сега сум за таков закон и да не се пуши за да се скрши циклусот и на новиве деца да не им е ок да пушат и да се покрај цигара.

П.С. Треба да има посебен пекол за луѓе што пушат трансформатори, тоа смрди бетер од полско ВЦ.
 
Јас сум пушач и се согласувам со новиот предлог закон. Пуши кој ќе стигне каде ќе стигне, без никаков ред и пикавци насекаде.
Да не се правам дева Марија и јас сум фрлал ако не сум нашол канта блиску ама тоа веќе ми е искоренето.
Не е фер да се усмрдат непушачи за сметка на нас пушачите, пресебично е. Зошто да се усмрди некој ако НЕМА право на избор? сите на топтан да седиме. Во Унгарија е забрането на најмалку од 2-3 метри да пушиш пред дуќан, што ги дестимулира продавачите да пушат а никој нема да ти прости да пушиш така и да ти зјае дуќанот.
Редно време е да се средат некои основни културни навики и да заличиме на народ а не на орда.
Бел бумбар шо би кажале некои на темата.
 
А да си најдеш мачор, не е животот кајгана форум ..
Ама тебе ти сметаат пушачи. Нас не ни сметаат непушачи.
Автоматски споено мислење:

Ако до тебе седнат некои ликови добро најадени со високооктански грав и почнат да прдат,ќе си ојш ?:cautious:
Да. Да ги утепам ако не? :noze:
У средно еден доаѓаше небањат. Мирисаше на стоено некад. Бегавме од него.
Да зеам да го бањам у училна.
 
Апсолутно и со големи букви ЗА. Преку к веќе да одиш на ручек, кафе или свирка некаде и да се вратиш дома отруен од цигари, да не те пере цела перална и надворешно и внатрешно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom