И
@wot честопати ме нервира, ама него дека го сакам, затоа морам да го прочитам, иако не се согласува со моите мислења речиси никогаш.
Реформиран сум јас одамна, но латиницата никогаш повеќе не беше толку кул после мене. Се појавија таму некои, да, но никогаш не било дали некој пишува на латиница, туку колку тоа го имитираат како стил и колку го читаат. The mark of greatness is when everything before you is obsolete, and everything after you bears your mark. Затоа, не биди толку строг и контроверзен по мојот офспринг што користи латиница, знаеш дека ми се тригер деца хаха. Не, за жал, денот кога сфатив дека не земав од dzesika оти наместо да барам само пишував шеги на латиница за тоа, беше денот кога решив да формално ѝ ставам крај на латиницата и ерата кога го погребав моето его, бидејќи ниту една шега не вреди како тој sweet, sweet embrace ако ми дадеше. Ах, да не бев само толку глуп, сега можеби ќе бев и јас домазет во Скопјенце како повеќето партизани тука. Ќе депортирав предавници сега наместо да сум дел од!
Те сакам Злате неизмерно, но да ја продолжиме традицијата.
Како прво, сакам да предложам да си го освежиш аватарот.
Ќе ти скрати време на повторување некои од работите.
Првиот предлог има смисла и е фер, ако не друго. Ако после 10 години можеш да престојуваш и работиш каде си кинисал без претходно потребниот бугарски, тогаш оукеј, не гледам проблем да барате од луѓето да ги враќаат бугарските пасоши. Меѓутоа, многу тука ти кажаа зошто тоа е штетно на подолга линија, јас на пример мислам дека кога ќе ги натераш луѓето по ЕУ да се откажат од бугарскиот пасош, за да продолжат да работат, тие ќе мора да земат француски, холандски итн наместо бугарскиот, а тоа значи дека мора да се откажат и од нашиот пасош, бидејќи тие земји не дозволуваат инаку. Ако ти го гледаш тоа како победа, јас сметам дека не смеам да ти се мешам тука, иако и јас по државјанство сум како тебе, сепак приватно сметам дека имате право тие што сте во Македонија тоа да го изгласате преку референдум ако го сметате правилно. Јас сметам дека иселениците не треба воопшто да гласаат на избори, на пример. Ама според мене, кога Македонија на попис ќе е едвај милион, што е помалку од жителите на сама Софија, нема да може толку идеалистички-агресивно да се поставувате спрема Бугарија и ЕУ како што посакуваш, особено опколени со непријатели. Тоа според мене е многу неодговорно контроверзно мислење кое ќе биде по грбот на вашите деца, но не смеам да бидам против. Ако така просто гледате на тоа, еве ќе се согласам од солидарност, секој со 10 години по ЕУ нека се откаже од бугарскиот пасош. Што остане, остане.

Лошо е кога не знаеш ризикот што го прифаќаш, кога знаеш, нема дискусија. Лично право.
Тоа што несмасно го направи е што вметна шпионите, кои треба да се депортираат без разлика каков пасош имале. Никакви 10 години не играт тука игра за да бидат изфилтрирани. Ти ги асоцира со нив сите што се некако
поврзани со Бугарија (пасош) и сите што се
декларирале како бугари (пасош) и како persona non grata. Како резултат на тоа да им се одзеле базични права ако после 10 години не се откажале од бугарскиот, а со тоа ефективно ги уценуваш да се откажат и од македонскиот пасош, поради дозволата за престој и работа во ЕУ. Ќе го постираш приливот од странство во земјата од странство, ме интересира, чисто да видеме од економска точка од што конкретно се откажуваш ако го имплементираме тоа 10 години твое правило? Сакам да мислам дека е напишано за да вжешти дискусија, но со оглед дека супер дечки бришат профили за сѐ помалку контакт со матичната земја како Ајс поради разочарување од татковината или реинфорсирање патриотизмот да остане мртов како во Дел Бој така и во другите, ми се чини дека повеќе штетите на каузата одошто мислите. Утре ќе си најдат некоја Хана, наместо да ја товарат Мачка рецимо, и нема да остават тука потомок. Јас имам траен престој без бугарски, но веќе ми се отвара можноста да поднесам за тукашен пасош ако сакам, по што ќе мора да се откажам од нашиот. Ако мене расположението во земјата ме прави недобредојден како што е во темава, зошто мене да ми е гајле за некои екстремисти таму доле. Како јас, кој плаќам сметки на 3 посебни фамилии во Македонија, инвестирам во Македонија, плаќам секоја година даноци на поседот во Македонија и трошам во Македонија секои 3-4 месеци, сум стимулиран да си го задржам пасошот во земјата што сака ми крати права? За која кауза? За која сплотеност, те молам посочи ме накај истата, изгледа видот ми откажува. Еве Рон, со кој ќе гласаш заедно на референдум, нè смета отпишени, во било кој случај:
Ако си ауслендер веќе си се откажал друже. Не мора пашош да вадиш за тоа да го правиш. Едноставно не си овде, Македонија е попразна за еден човек. Морална поддршка на државата не и треба од преку океан.
Злате, ти очигледно не си свесен колку земјата не ја интересира младината ниту иселениците, а и самите сте репрезентација на тоа со ставовите, што според мене е штета еднаква на веќе направената со пасошите, бидејќи не нѐ носи кон посветла и надежна иднина нажалост, колку и да ви се оправдани ставовите. Жена ми со стипендија заврши правен мастер на високо рангиран факултет во Холандија, поради што одма и понудија илјадници бенефити да остане во земјата како високо квалификуван кадар. Таа мораше да се врати во Македонија да биде достапна за земјата да ја вработи. Си работеше фриленс онлајн додека чекаше година ипол повик, бидејќи сакавме во Македонија да градиме иднина. Кога жена ми се јави во министерството еден многу фин албанец и рече: девојче, за вакво нешто на никој не сме се јавиле воопшто, со среќа и терај си чарето. Замисли имаш млад едуциран човек кој МОРА да работи за државата ако таа така одлучи, да го испратиш да си тера чарето, ете по Европа која тоа чека. Тие бугарски пасоши ви кажаа дека се симптом, упорно пломбирате кога треба да идете да чистете корен. Пред да напуштам за да се иселиме, пред 4-5 години заработував во просек 80,000 работејќи од дома, со бенефити, слободни викенди, без да знам која партија денес има митинг, со имот. Жена ми работеше фриленс по некој саат, за да не губи цели осум кај рандом нотар да вари кафе за истата плата, со имот на свое име, слободна од партиски притисоци. Не сите се иселуваат поради лоши услови, некои се иселуваат бидејќи иднината е премногу црна и никој нема желба вистински да работи на тоа, читајќи ве, напротив. Македонија имала многу поцрни периоди, невработеност, сиромаштија, но никогаш не владеел ваков цинизам и немање емпатија, ретко кој се осудуваше да се осветува преку деца на пример, некој ќе каже дека има некоја форма на патриотизам, но е нажалост само погрешно канализан пластичен национализам.
Имај убава вечер.
