@мкд владе @Zlatikevichius @Aceso Кои се вашите пораки кон членовите тука со бугарски пасоши? Еве со години веќе сите членови на форумот, колеги во дискусии, горе долу се познаваме. Со една реченица кажете што мислите за членовите овде, на темава?
Тоа да се вратат пасошите нема потреба да го спомнувате. Реални сценарија.
Јас кажав, јас имам многу блиски пријатели кои се насекаде по светов со бугарски пасош. Најдобриот другар веќе повеќе од 15 години живее во Германија. Немам никаков проблем со нив како луѓе. Кога можам, кога и да дојдат се гледаме, пиеме пиво, кафе, нормално не зборуваме за темата бугарски пасоши. Они го знаат мојот став по тоа прашање, а јас знам дека тоа што сметам дека направиле грешка не ги прави нив лоши луѓе.
Од членовите овде, на темава, јас пред да ја отвориме дискусијава знаев само еден таков, сам ми кажа.

Дали имав некаков проблем со него? Немав. Дали сметав дека е сосема ОК, кул лик, и никогаш не сум го спомнал пасошот во комуникацијата со него? Да. И уште го мислам истото. Нека ја отвори темата за Најкајганџии за 2025 и нека ги побара моите мислења таму, ако заборавил.
Јас луѓето не ги делам по националности, религии, бои, полови, родови, ориентации, како што повеќето тука прават. Ги делам само на луѓе и нелуѓе. Една од најблиските личности која сум ја имал во последниве 20 години и која ја сакам како сестра, е Турчинка. Сега и она ми замина, во САД (иако не со бугарски пасош

). Луѓето со кои секојдневно работам се над 80% од друга националност. Да не претерам, ама од 230 луѓе во фирмата, дали 50 се Македонци! И имам многу блиски луѓе и меѓу нив. Еден од нив, во една ситуација кога мислел дека сум на некој начин загрозен, на полноќ дојде кај мене да ме брани. Со оружје!

Уште се смеам за тоа.
Не знам што друго да додадам. Се додека некој не ми ги чепка децата, здравјето, спокојот и мојата Македонија

, за мене е добар човек.
