Ајде полека. Има повеќе начини за стекнување на државјанство, не е само раѓањето. Државјанство може да се стекне и по крв, територија/почва, натурализација, домицил, одреден спортски или научен успех (личен или за државата). Секоја држава оваа проблематика си ја решава со внатрешното материјално право.
За законите, треба кодификација. Правото ќе се поедностави, плус измената да се прави со 2/3 мнозинство, а не просто. Само на тој начин ќе се стекне правна сигурност. Со ова ќе имаш и одредени негативни последици, сепак правото е жива материја која се проширува, надоврзува и надополнува, и овие процеси значително ќе се отежнат. А со оваа досегашна методологија на работа, забораваш 59 пратеници, кои еден пратенички мандат имаа поголема тежина во однос на гласови во однос на владејачкото мнозинство од 61 пратеник. Башка, најголемиот подносителот на законите е Владата, а Собранието е само алатката за верификација на истите. Тоа е правен проблем. Ако знаеш дека сите предложени закони поминуваат, технички и не ти треба Собранието.
За државјанството, ќе почнам од моето семејство. Едниот дедо, на мајка ми татко, имаше две државјанства. 2001ва доби повик, можеше да одбие, да се откаже од ова државјанство или да се крие во некој подрум. Се јави на повикот, отиде во војна. Мајка ми е во некоја фаза на започнување постапка и она да го добие то државјанство, чисто се сомневам дека ќе го добие. Другиот дедо, на татко ми татко, исто има две државјстванства, татко ми е во постапка на добивање на второ државјанство. По таа основа и јас се стекнувам со право на истите. Државјанствата ги имаат по пат на раѓање.
Изјавата за стекнување на бугарско е малку деградирачка, ама тоа е личен однос кон семејството.
Подобро е да имаш писмен народ, отколку неписмен. Како држава, апсолутно ништо не губиме ако децата учат бугарски. Не е преседан, туку надоврзување на веќе постоечките и имплементираните права. Проблемот е отворената рана, ко што беше отворена 2001, каде Бугарија отвори прашања кои требаше одамна да бидат надминати. Тука зборувам за правна аналогија, а не за бранење на правата на малцинствата.