Го спомна и санстефанскиот договор, што сакаше да кажеш со тоа?
Колку е таа „Русија“ слична со оваа денеска?
Тоа е единствениот материјал кој русофобите го имаат на располагање.
Руската Империја - укината во 1917 година - го потпишала и поддржала Санстефанскиот договор со кој се предвидувало формирање на бугарска држава која би ја опфаќала целата територија на Македонија, без било какви гаранции за најосновни граѓански и национални права на македонското население кое ги населувало тие територии.
Советскиот Сојуз - основан во 1922 година - ја усвоил и ја поддржал Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година со која се осудуваат напорите на Србија, Грција и Бугарија, а чии што цели биле негирање на постоењето и угнетувањето на македонското население кое ги населувало териториите на Македонија кои тие три држави ги окупирале.
Како резултат на оваа резолуција, две години подоцна е формиран Македонскиот Народен Покрет, односно Македонското Народно Движење - МАНАПО, од страна на македонски студенти од Скопје, Белград и Загреб, кои на состанок во Охрид во 1936 година ги дефинирале своите цели, кои меѓу другото вклучувале:
• Будење на националната свест кај македонскиот народ и афирмација на македонскиот народен јазик;
• Борба за ликвидирање на монархофашистичката диктатура и големосрпската хегемонија во Кралството Југославија и демократизација на државата;
• Борба за федеративно уредување на Југославија во која вардарскиот дел од Македонија ќе биде третиран како одделна единка;
• Соработка со сите политички движења во Кралството Југославија кои му го признаваат на македонскиот народ правото на слободен живот и економски развој;
• Воспоставување на дипломатски односи со Советскиот Сојуз и борба против меѓународниот фашизам;
Ниту една друга држава во Европа, ниту од северна Америка, не се замарала со македонското национално прашање.
Руската Федерација - осамостоена после распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година - ја призна Република Македонија како самостојна и суверена држава без никакви условувања или уцени. Од 1991 година па наваму нема ниту еден доказ дека Руската Федерација на било каков начин ги поткопала уставниот поредок, државниот суверенитет или територијалниот интегритет на Македонија.
Од друга страна кога станува збор за "пријателите" и "сојузниците" на Македонија - а и на нео-нацистичката хунта во Киев - докази за нивните анти-македонски дејствија од 1991 година па наваму ги има во изобилие така што може да се пишуваат цели енциклопедии за нив.
Но Русија е таа која што не чини, да не заборавиме. Санстефанскиот договор бил поништен на Берлинскиот конгрес кој се одржал истата година кога Санстефанскиот договор бил потпишан, а Руската Империја која го потпишала и поддржала истиот не постои од 1917 година, но:
Русија која не направила ништо против македонската држава и против македонскиот народ од 1991 година па наваму не чини;
ова мора да се напише со златни букви и да се постави врз влезот и фасадата на секоја (анти)македонска институција во северенфиромистан.