Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
А друго прашање: кој има Secret Cinema? Не можам да се најавам. И кај вас го има истиот проблем или да не ме имаат кикнато од тракерот?
 
Кои се најдобрите филмови од 2025 до сега што сте ги гледале? Немам гледано буквално ништо ново, па да надоместам. Предлози?
Weapons
Sorry, Baby
Late Shift
А друго прашање: кој има Secret Cinema? Не можам да се најавам. И кај вас го има истиот проблем или да не ме имаат кикнато од тракерот?
Дој на IRC.
BFF сум со SysOp-от, си работи нормално сајтот.
Кој ти е никот? Може да ти напраиле disable.
 
Почнав со The Life of Chuck. Добар, стварно добар филм! Се мислам за оценка измеѓу 9 и 10, што секако не менува многу кај мене, ама најверојатно ќе остане 9. Многу ме изненади зашто прв пат гледам „реално“ нешто од Мајк Фланаган кој е еден од најдобрите хорор режисери на денешницата (се сеќавате на двете Haunting... серии и Midnight Mass на Нетфликс и филмовите како Gerald's Game, Before I Wake, Doctor Sleep...). Навистина убав и навистина тажен филм, удира јако зашто потсетува на минливоста на животот. :( Многу ми се допадна, фала на препораката @Anon .
 
Кои се најдобрите филмови од 2025 до сега што сте ги гледале? Немам гледано буквално ништо ново, па да надоместам. Предлози?
Најверојатно Mickey 17 како еден, од воопшто три. :sramezliv:
 
Нека почива во мир. Не само актер, режисер и продуцент, малкумина знаат дека тој беше идејниот творец, основач и долгогодишен претседател на веројатно најголемиот фестивал за независен филм на светот, Sundance, и претседател на институтот Sundance кој го организираше фестивалот.
 
малкумина знаат дека тој беше идејниот творец, основач и долгогодишен претседател на веројатно најголемиот фестивал за независен филм на светот, Sundance, и претседател на институтот Sundance кој го организираше фестивалот.
Не претерувај, тоа е општо позната информација за било кој, кој макар и малку се интересира за филм.
 
За тие што сакаат стари филмови, Трите Дена на Кондорот и Брубејкер.
Три дена на Кондорот е многу добар филм, најлегендарни филмови му се двата дуети со Пол Њуман, Буч Касиди и Санденс Кид и Стинг кој е оскаровец. Исто вредни за споменување му се All the President's Men, Out of Africa и како режисер Ordinary People и Quiz Show.

Легендарен актер и режисер, нека почива во мир.
 
Sinners = црнечки From Dusk Till Down, ама ко од Али Експрес. Втор од 2025 и до сега најлошиот. :pos: Очекував многу, па веројатно затоа и толку ме разочара. Имам мал милион замерки, ама ај, да не разглабаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom