Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
200. И ќе немаат кај да бегаат.

Добро бе, ве оставив неколку дена со ова, се воздржувам, ама не ви доаѓа паметот. Значи дали видовте таму у слични кампањи од просторов, има кампања за Васил Јованов и 20+ факинг илјади потписи. И?

Ви се молам. Глупости. Како може да верувате дека ова ќе има некој утицај на Телеком?

Не е соодветна споредба, едното е петиција кон приватен корпоративен ентитет за една латерална (безначајна) од нивен аспект промена (и онака раздаваа 1Гбит пакети во промо лани) што може само позитивно да влијае за сите (за нив условно кажано ќе им се зголеми претплатничката база) - другото е влијание врз одлука на судски систем?

Судството, какво такво е еден од 3-те столба на власта (законодавна, извршна и судска) и ужива комплетна автономија како такво, страшно би било ако популарен глас би имал удел во судството (кај нас сепак има, пука под притисок на медиуми многу пати посебно последно време). Ај ако не да замениме судски процеси со гласање по СМС, да/не одговори, виновен/не, со едно анкетиче одоздоле 1-2-5-15-доживотен затвор па секој доека стои на семафори да има занимација..

Не верувам во успех на ова но сепак е некаква активност и обид каков таков за некаква промена.

154 до сега, забави темпото. Одговор од Т МК нема.
Автоматски споено мислење:

Како е со интернетот ? Кај мене овие денови е ужас?

DNS серверот им е зезнат, стави си сопствен днс,
Control Panel > Network and Sharing Center > Change Adapter Settings (лево менито ќе го видиш) > Oдбери што користиш дали вифи или етернет, кликни >

1755073760372.png

Па Properties > Па одбери Internet Protocol Version 5 (TCP/IPv4) па пак Properties >

Па во долните полиња наместо Optain DNS server address automatically одбери Use the following DNS server addresses:

Preferred DNS server 1.1.1.1
Alternate DNS server 8.8.4.4

(првиот е Cloudflare вториот е на Гугл).
 
Последно уредено:
Имам потпишано на петицијата за подобра брзина на оптика ама не знам колку онлајн петиција може да даде успех.

Дали воопшто од Телеком што се на главни функции ќе ја видат петицијата.
 
Имам потпишано на петицијата за подобра брзина на оптика ама не знам колку онлајн петиција може да даде успех.

Дали воопшто од Телеком што се на главни функции ќе ја видат петицијата.
Ќе има покачување на пакетите ако ја зголемат брзината, за неколку денари ќе биде решено барањето.
 
Ќе има покачување на пакетите ако ја зголемат брзината, за неколку денари ќе биде решено барањето.
Ако подразмислам можеби не сакаа зголемување на брзината на оптика затоа што ќе биде лошо за оние кој не можат да си дозволат сеуште оптика a им е потребен интернет за работење. Значи тие на бакар ќе трпат сеуште а тие на оптика се ниво погоре во квалитет.

Кога веројатно ќе се зголеми бројот на населби/улици кој ќе имаат бакар тогаш и можеби ќе зголемат.
 
pa telekom najavuvase cel bakar da se menuva so optika ama nisto od toa
 
pa telekom najavuvase cel bakar da se menuva so optika ama nisto od toa
Не иде тоа така лесно и забрзано. Треба да се копа по земја а за тоа треба дозвола да добиваат плус и да имаат секое место наместено за оптика по згради треба станарите да се сложат за да се потпише и да дојде екипа да наместат, низ секој спрат кабел, кутии, каналици и се што треба за после да може секој станар ако сака да се приклучи.
Автоматски споено мислење:

Кога веројатно ќе се зголеми бројот на населби/улици кој ќе имаат бакар тогаш и можеби ќе зголемат.
Мислев оптика ама сум пишал бакар.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom