Македонски поткасти - кој го следите и кој е најдобар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кааде без братми Мандар, најлудиот македонски подкастер познат по тоа што е другар со Лазаров.

Врска си нема типот, нека се држи до игрите оти за тоа е само. Хуморот во минус, креативност 0, кога ќе ги видам неговите реклами кринџ ме фаќа.
Да не беше другар на Лазаров, немаше никој да го знае.

Проба со гости, ама чим дојде до различно мислење почнуваат проблемите, се нервира, нема речник и не знае како да искочи на крај со нив. Прекина со тоа.

Проба нешто со коли, направи две видеа батали и тоа.

Проба нешто со вежбање, направи две видеа, батали и тоа.

Проба нешто со кампинг, промоција на Македонија, направи две видеа прекина и со тоа.

Проба нешто за војска, војни, бункери, направи две видеа батали и тоа.

Лазаров од друга страна има идеи и се држи до нив, упорен е. Само што и он нема речник, тоа му е голем проблем. И од авион се гледа дека е алчен по пари и шири лоши вредности. Направи 20 видеа за тоа како купува кола, па за првиот стан, па за вториот стан. Која е целта на такви видеа освен курч.
Да се држи само до подкаст и тоа со натпреварување од различни општини подобар ќе биде.
 
Лазаров од авион се гледа дека е алчен по пари и шири лоши вредности. Направи 20 видеа за тоа како купува кола, па за првиот стан, па за вториот стан. Која е целта на такви видеа освен курч.
Да се држи само до подкаст и тоа со натпреварување од различни општини подобар ќе биде.
Опседнат е со Бака Прасе и ептен му прави копија ,тоа го има донесено Бака со становите со колите ,овој нашиов од што е за внимание желен истото го прави ама ептен е бледа копија, еднаш проба да влезе во клинч со Бака Прасе пред две три години правеше емисии против него за да привлече внимание овој не го ебе за жива сила.
Бака само со Ритко има влезени во клинч од нашиве youtuberi.
 
Врска си нема типот, нека се држи до игрите оти за тоа е само. Хуморот во минус, креативност 0, кога ќе ги видам неговите реклами кринџ ме фаќа.
Да не беше другар на Лазаров, немаше никој да го знае.

Проба со гости, ама чим дојде до различно мислење почнуваат проблемите, се нервира, нема речник и не знае како да искочи на крај со нив. Прекина со тоа.

Проба нешто со коли, направи две видеа батали и тоа.

Проба нешто со вежбање, направи две видеа, батали и тоа.

Проба нешто со кампинг, промоција на Македонија, направи две видеа прекина и со тоа.

Проба нешто за војска, војни, бункери, направи две видеа батали и тоа.
Се гледа дека си тазе во Стратосферата на СтолеД. Пази на Озонот, таму ако тргнеш ќе те изгубиме :D

Мандар е инаку јако патриотски настроено момче. Внуче на Командант Мандар и првиот македонски подкастер кој наводно рокал 9мм во живо на некој од неговите подкасти па испи една рација од НТШ и заплена на оружје.

Најлуд подкастер, несомнено е. Квалитетот на неговите настапи е дискутабилен.
 
Патем, од македонските подкасти сакам да го издовјувам и Хип Хоп глави. Прво затоа што детето е 2002 година, а се труди да опфати ликови и настани што постоеле буквално пред да се роди. Второ поради неговата одлична посветеност за нешто за кое знае од старт дека темата е со крајно лимитирана гледаност (реално подкаст во кој се варат јајца би бил погледан од било каков хип хоп подкаст во 2025, зборувам за правиве артисти). Едноставно си го прави ова за душа, да придонесе на овој начин за културата. Трето гостите му се од сите свери на хип-хопот, го испочитува и Зоне со гостување, кој е колекционер на рап цдиња. Има и од други градови гости, буквално се труди да испочитува ликови на маргините. Да им одаде почит на гостите и можност да кажат нешто повеќе, а не преку нив да се пробие. Така да ако некогаш прочита, браво за трудот!

Околу другиве што веќе ги спомнавте. Искрено поради една работа го почитувам Лазаров, а тоа е поради желбата и решителноста да успее. Таква особеност е реткост во денешно време. Прво започна со влогови, карпул караоке и разни тинејџерски видеа од типот на незгодни прашања, предизвици и реално го биваше за тоа, им беше интересен на тие што требаше да им биде. Им ја превзеде публиката од тогаш актуелните Gp, Stefanator (или ја пополнил празнината после нив, не е толку битно). Но, одеднаш сфаќа дека со такви видеа доста е лимитиран, пробува да се прошири со истиот вид на видеа во соседна Србија (стопираше луѓе и на кнез Михаилова) , ама таму е презаситен пазарот со ретардирани видеа на српски, а не пак да има простор за видеа на македонски, така да сфати дека не му се исплати тоа, многу пари, а малку придобивка. Одеднаш не се ориентира веќе на географскo ширење, туку на проширување на старосната група и почнува ова со подкастите и гости од политичкиот живот, иако тотално му е странска таа тема. Но, човекот се прилагодува, учи, се адаптира, се со цел да се пробие, нема лимит. Памтам едно од старите видеа, не ја знаеше некоја од Бисер Балкански или Заветна, Мандар се фаќаше за глава кога му кажа дека заедно беа, после едно време заедно со гостите во емисија ја пееше, им ја бараше. Едноставно човекот е лик кој сака да си има флаша и конопој на настапи на Карлеуша, Бресквица, 2 Бона, да си се напие, да си збори за шоубизнис муабети, кој со кој оди и што правел, не за политика, така да нема логика да барате некаков “претрес“ од него, едноставно не е од таа позадина, туку приморано се нафаќа на тоа за да не си го ограничува ширењето на каналот.
 
Последно уредено:

Кога сме кај подкастите, сакам да ја споделам емисијата на годината, или подкастот на годината сеедно, направен од страна на големиот Васко Ефтов со синот на Фрчковски, Јон Фрчковски. Како не би ја гледале целата емисија безпотребно, ви го издвоив најдобриот момент да го погледнете и да уживате. :icon_lol:
 
Се гледа дека си тазе во Стратосферата на СтолеД. Пази на Озонот, таму ако тргнеш ќе те изгубиме :D

Мандар е инаку јако патриотски настроено момче. Внуче на Командант Мандар и првиот македонски подкастер кој наводно рокал 9мм во живо на некој од неговите подкасти па испи една рација од НТШ и заплена на оружје.

Најлуд подкастер, несомнено е. Квалитетот на неговите настапи е дискутабилен.
Можда е патриот, можда дедо му бил прв подкастер, ама не значи дека и он е добар. Кринџ дечко што кога ќе ми излезе некое негово видео, повраќам. Едноставно не го бива за инфлуенсер, како што кажаа погоре - познат е само затоа што е другар на Лазаров.
Се обидува да пробие со работи што биле актуелни пред 5-6 години.

Стана тренд на Балканов, особено Србија и Бугарија, секој што е инфлуенсер да има и подкаст. Навлегува и кај нас тоа. Е не може бе пријателе подкаст да водиш а да не можеш да сврзеш две сложни реченици. Треба речник и општа култура.

Инаку веќе се што вклучува гостин и човек што прави интервју се нарекува подкаст. Грешно е според мене. Подкаст е да седнат повеќе од двајца луѓе и да се води нормален разговор, на маса. Не да го убие од прашања. Пример тоа на Ефтов не е подкаст, туку класична емисија каде што новинар испрашува гостин, исто и кај Ландов.

Пример за подкаст што стварно е подкаст е подкастот на Џо Роган, седнуваат двајца-тројца и се води дискусија, се раскажуваат обострани истории (секако со акцент на гостинот).
 
Лазаров е доказ дека ете може.
 
Лазаров е доказ дека ете може.
А Лазаров покрај кој се проби, знаеш? Марко ЏиПи. После тоа во кругот му останаа само познати фаци како Боки13, Зоки Фаци со кои си набилда рејтин, со гивавеите собра и друга публика и така. За бизнис си го бива.
 
Не го пратам зашто ми е иритантен и педери му се главни. Не стана познат заради оној Сергеј што јадеше гомна за девојчиња?
 
Кога сме кај подкастите, сакам да ја споделам емисијата на годината, или подкастот на годината сеедно, направен од страна на големиот Васко Ефтов со синот на Фрчковски, Јон Фрчковски. Како не би ја гледале целата емисија безпотребно, ви го издвоив најдобриот момент да го погледнете и да уживате. :icon_lol:

Просто да не веруваш дека пешково е син на таква интелектуална величина како Владимир Фрчковски :icon_lol:
 
Ландов е ок ама мене лично ми пречи што има селективност во пристапот кон гостите. На пример, му гостува Русковска и ја прави пепел, што уствари и е целта на емисијата, НА ПРЕТРЕС со Ландов, а од друга страна го вика Апасиев и него не му влага со клизачи зашо знае дека може да го добие по муцка. Тоа мене не ми е ок, ама генерално гледано ок е за гледање, ми се допаѓа што е доста поткован за секој гостин и детално се спрема за емисиите.
Да се слагам со ова. Пример кога гостуваше Крмов беше бајги крвопролевање емисијата (Ландов се претвори во Васко Ефтов), дури и ме зачуди како може толку дијаметрално спротивен пристап со Крмов да има, споредбено со Апасиев каде што беше доста ванила пристап, а од иста партија се луѓето и на ист став и дејствувања се во се.
 
Последно уредено:
Бајкерот и Кросфитерот исто сум ги гледал повеќе пати, им гостуваат познати спортисти што имаат многу постигнато и имаат што да кажат, само водителите се тешка катастрофа, посебно тој едниот што седи од лева страна, ретко антипатичен лик.
Цело време нешто се чуди кога ќе каже гостинот, се прв пат слуша, не може да ти гостуваат спортисти од тој калибар ако немаш основно познавање од нивниот спорт.
Знае да остави таков впечаток на почеток Томе, претпостаувам имаш гледано само неколку епизоди.
Томе е страшен лик, премногу интелегентен и баш напротив, запознаен е за бааааги многу работи актуелни и неактуелни во светов, небитно дали е поврзано со спорт или не. Он го вози поткастов реално, прашањата и темите што ги отвара му се секогаш на место. И Жаре е супер лик у секој случај, топ се ко као екипа.

Според мене далеку најбоље поткаст кај нас.
 
Кога сме кај подкастите, сакам да ја споделам емисијата на годината, или подкастот на годината сеедно, направен од страна на големиот Васко Ефтов со синот на Фрчковски, Јон Фрчковски. Како не би ја гледале целата емисија безпотребно, ви го издвоив најдобриот момент да го погледнете и да уживате. :icon_lol:
Ботовите на Сдс пуштени на најјако, го испофалија во коментари. :aplauz:
 
Кога сме кај подкастите, сакам да ја споделам емисијата на годината, или подкастот на годината сеедно, направен од страна на големиот Васко Ефтов со синот на Фрчковски, Јон Фрчковски. Како не би ја гледале целата емисија безпотребно, ви го издвоив најдобриот момент да го погледнете и да уживате. :icon_lol:
Влечеш како Кирби му вика :pos: :pos: :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom