Патем, од македонските подкасти сакам да го издовјувам и
Хип Хоп глави. Прво затоа што детето е 2002 година, а се труди да опфати ликови и настани што постоеле буквално пред да се роди. Второ поради неговата одлична посветеност за нешто за кое знае од старт дека темата е со крајно лимитирана гледаност (реално подкаст во кој се варат јајца би бил погледан од било каков хип хоп подкаст во 2025, зборувам за правиве артисти). Едноставно си го прави ова за душа, да придонесе на овој начин за културата. Трето гостите му се од сите свери на хип-хопот, го испочитува и Зоне со гостување, кој е колекционер на рап цдиња. Има и од други градови гости, буквално се труди да испочитува ликови на маргините. Да им одаде почит на гостите и можност да кажат нешто повеќе, а не преку нив да се пробие. Така да ако некогаш прочита, браво за трудот!
Околу другиве што веќе ги спомнавте. Искрено поради една работа го почитувам Лазаров, а тоа е поради желбата и решителноста да успее. Таква особеност е реткост во денешно време. Прво започна со влогови, карпул караоке и разни тинејџерски видеа од типот на незгодни прашања, предизвици и реално го биваше за тоа, им беше интересен на тие што требаше да им биде. Им ја превзеде публиката од тогаш актуелните Gp, Stefanator (или ја пополнил празнината после нив, не е толку битно). Но, одеднаш сфаќа дека со такви видеа доста е лимитиран, пробува да се прошири со истиот вид на видеа во соседна Србија (стопираше луѓе и на кнез Михаилова) , ама таму е презаситен пазарот со ретардирани видеа на српски, а не пак да има простор за видеа на македонски, така да сфати дека не му се исплати тоа, многу пари, а малку придобивка. Одеднаш не се ориентира веќе на географскo ширење, туку на проширување на старосната група и почнува ова со подкастите и гости од политичкиот живот, иако тотално му е странска таа тема. Но, човекот се прилагодува, учи, се адаптира, се со цел да се пробие, нема лимит. Памтам едно од старите видеа, не ја знаеше некоја од Бисер Балкански или Заветна, Мандар се фаќаше за глава кога му кажа дека заедно беа, после едно време заедно со гостите во емисија ја пееше, им ја бараше. Едноставно човекот е лик кој сака да си има флаша и конопој на настапи на Карлеуша, Бресквица, 2 Бона, да си се напие, да си збори за шоубизнис муабети, кој со кој оди и што правел, не за политика, така да нема логика да барате некаков “претрес“ од него, едноставно не е од таа позадина, туку приморано се нафаќа на тоа за да не си го ограничува ширењето на каналот.