Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа Ѓорче што им влегле со бетон, зградата ја залепиле без ниеден цм до постоечката зграда. Колку е тоа нормално, во случај на потреси. Па дури и да нема потреси, земјата работи, зградите не се врзани, контракции експанзии, влага (која пак влијае врз движење на објектите).... Ќе биде "интересно" со вакви дозволи.
 
Тоа е проблемот ама кое е решението? Да речеме дека земаш добра плата, имаш доволно пари да земеш стан било каде во скопје. Како ке процениш дали зградата е градена како што треба? Ке читаш рекла-казала муабети на интернет? Што можам да направам за да не бидам „овца“ кога ке купам стан?
Ако немаш некој шо разбират онда имаш вештаци ќе си платиш 150е па ќе дојдет со тебе ќе видит ќе проценет, ќе ти кажет изи бизи.
 
у америка има инспектори што ги плаќаат. Еден на инстаграм редовно ми искача. Куќи нови од 400к долари се тешки фушарии. Ретко нешто саглам.
 
у америка има инспектори што ги плаќаат. Еден на инстаграм редовно ми искача. Куќи нови од 400к долари се тешки фушарии. Ретко нешто саглам.
Во Америка 99% од куќите се "монтажни". Сосема различен пристап на градење. Има многу предности а една огромна мана, ако ти влезе влага/муфла, го еба ежот
 
Ако немаш некој шо разбират онда имаш вештаци ќе си платиш 150е па ќе дојдет со тебе ќе видит ќе проценет, ќе ти кажет изи бизи.
Каде можам да најдам таков вештак во македонија? Може некој линк или име на фирма?
 
Каде можам да најдам таков вештак во македонија? Може некој линк или име на фирма?

Де бе брат, имаш овластени од државава до приватнаци и консалтинг комп. За СК неам некое искуство со нив а и општо пошто си иам контакти и не ми требет , за во Охрид викнав пред некој месец да напрајт проценка пошо реновирав и мислев дека мајсторите ме злоупотребуваат во матријали и квалитет на работа.

Еве ти од златна книга, се надевам ќе ти е од помош

 
Тоа е проблемот ама кое е решението? Да речеме дека земаш добра плата, имаш доволно пари да земеш стан било каде во скопје. Како ке процениш дали зградата е градена како што треба? Ке читаш рекла-казала муабети на интернет? Што можам да направам за да не бидам „овца“ кога ке купам стан?

ke si kupis od tie starite gradeni za oficeri na jna i ke go renoviras. ostaj tuka sto se zalat deka trebalo da se poeftini radi amortizacija, ne se zosto tie sto ziveat u niv si ja vrednosta i cenata.
 
Тоа е проблемот ама кое е решението? Да речеме дека земаш добра плата, имаш доволно пари да земеш стан било каде во скопје. Како ке процениш дали зградата е градена како што треба? Ке читаш рекла-казала муабети на интернет? Што можам да направам за да не бидам „овца“ кога ке купам стан?
За да не дојдеме во позиција сите ние да станеме потенцијална овца за било што во државава не само кога се работи за купување на станови потребно е да се организираме и да протестираме, да го дигнеме нашиот глас и да и кажеме на власта (било која) дека ние,народот не се согласуваме со нивните грешки, намерни пропусти, мита и корупции.....А што правиме грото ние? Седиме дома пасивни, пратиме вести ама ништо не преземаме (тука таму по некое коментарче на социјалните мрежи), ќе кажеме нешто некаде и тука застануваме....Така не се менува ништо кон подобро во било која држава
 
Толку кукања на форумот, а не ми е јасно, зошто не си изградите куќи на периферија?
(Ете за на градежната мафија не ги пуните куферите)
 
Ќе купуваат, ќе купуваат, ко офци, па потоа ко ќе видат нема ќар од станчињата, ајдее ќе почнат да продаваат пак сите ко офци, еден ќе почне и сите по него нагрни на продажба, па ќе се срушат цените, ама тоа по 5-10 години, тука сме, памтете ми го зборот, ќе се преслушаме ;)
 
Становите нема да идат надоле затоа што се користат како средство за перење пари.

Нема мафијаш што нема неколку стана/згради на негово име, како ги стекнал никој не му е гајле битно ги има, па и празни да му стојат не му смета.

Да не почињам муабет за политичари што уште што немаат на име на близок роднина, жена, деца итн.. Така да и празни да стојат тоа е, не им смета, кога ќе притреба паричка еден ќе се продаде и така.

Ова може да се смени само ако се истражи потекло на овие станови, со кои пари се купени, па кога ќе се види дека се мафијашки купени/изградени државата да ги одземе и да ги даде на лицитација.

Нешто што нема теорија да се деси.
 
Нема сценарио во кое паѓаат станови во Скопје. Скоро секој друг град можеби и да има, јесда не ми се верува, ама се гравитира околу Скопје, најдобар случај да има стагнација одреден период ако ептен нема побарувачка, ама паѓање - јок.
 
Ќе купуваат, ќе купуваат, ко офци, па потоа ко ќе видат нема ќар од станчињата, ајдее ќе почнат да продаваат пак сите ко офци, еден ќе почне и сите по него нагрни на продажба, па ќе се срушат цените, ама тоа по 5-10 години, тука сме, памтете ми го зборот, ќе се преслушаме ;)
Od 1992 godina e istiot muabet
 
Толку кукања на форумот, а не ми е јасно, зошто не си изградите куќи на периферија?
(Ете за на градежната мафија не ги пуните куферите)

zosto sakame u kafic so kola da vlezime.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom