Тоа е проблемот ама кое е решението? Да речеме дека земаш добра плата, имаш доволно пари да земеш стан било каде во скопје. Како ке процениш дали зградата е градена како што треба? Ке читаш рекла-казала муабети на интернет? Што можам да направам за да не бидам „овца“ кога ке купам стан?
До менталитет е, Македончето штеди, научено е конзерви и паштети да јаде да ушпара и потоа ќе купи стан во Центарот на Шкуп, за да го издава за 200 евра и тоа се рачуна за "јак бизнис", бидејќи тоа е "сигурно", најсигурна инвестиција е тоа да купиш стан во центарот и да го издаваш, ем не работиш ем кирииче ти иде, пиј си каве, пиј си тутун, азното само ќе си дојде.
Шо понатаму да расправаме, кога од век е таков менталитет и затоа ќе расте цената на квадратот и понатака, и празни да им стојат и да не ги издаваат на никој, а наскоро и такво време ќе дојде, пак ќе расте цената, зашто македончето сака стан во центарот, па макар и да не живее во него( што докажано е така,зашто пола од тие шо купуваат се дијаспора)па макар и да не му носи никаков приход од кирија, битно ете успеал во животот и купил стан во Скопје. Тоа е тој менталитет и неможе да се смени никогаш. Тие станови ќе стојат празни не издадени зашто нема да има на кого да ги издадат, многу брзо, ама како шо реков пак нема да го сменат менталитетот, и да стојат празни, пак ќе купуваат станови, пак ќе јадат леб и кромид и ќе штедат и купуваат гарсоњери во Скопје, пошто за друг "бизнис" не знаат.