1923

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Еееееее ама напнуваат бетер Гејм оф Тронс кога патуваа по две сезони..
Интересно е ама почнува да здосадува ова со пречките на секој метар, особено со Алекс.

Да чекам ли да ја изгледам за да ја почнам Yellowstone или?
 
Почни ја Жолтиот Камен, комплетно да се внесеш во каубој мод.
 
Штета за Џек замина неславно.
Следната Недела конечно последната епизода од серијава,нека стигне Спенсер веќе еднаш да ги рашлака сите и Доналд и Банер и Клајд не ги можам веќе.
Многу ме интересира каков ќе биде расплетот и кој ќе испадне таткото на Џон од Јелостоун.
 
Дедото. Татко му знаеме кој е, го имаше во флешбек сцена, само не знаеме кој нему му бил татко.
Татко му ќе биде или детето на Александра или детето на Елизабет.

Само што ја завршив четвртата сезона од Yellowstone и пред да го пратат Џими во 6666 Џон му кажува дека дедо му изгубил нога.
Џек само што го убија во 1932 и не изгуби нога па не би требало тој да му биде дедото на Џон ако се водиме по наративот од Yellowstone.
Останува дека Спенсер е дедото на Џон а детето на Александра татко на Џон.
Но ќе видиме како навистина ќе испадне за една недела.
 
Во кастот за 7мата епизода стои еден глумец, кој треба да го глуми Спенсер од 1969та година, значи ќе има некој флеш-форвард :D. Што би значело дека ќе преживее, и он ќе бидете дедото на Џон Датон од оригиналната Јелоустоун.
Screenshot_23.png

Ако се водиме по ова што го пиша @Magic Mike, моја претпоставка е дека Спенсер ќе биде ранет во 7мата епизода на крај, на железничката, ќе идат на 3та сезона, каде што он едвај ќе преживее, ќе ја изгуби ногата итн итн ама на крај ќе ги утепа и Витфилд и Банер, а неговиот син т.е Џон Датон 2, ќе биде наследник на Датон фамилијата.

Елизабет која и така не сакаше да остане на ранчот, и се гледа дека не е спремна да го живее овој живот, кога ќе дознае дека Џејк е убиен ќе фати чур и за тој наследник нема да се знае ништо, или ќе го изгуби детето од стресот не знам.
 
Елизабет и Спенсер ќе се спарат, или он ќе му го исчува детето на Џек. Овака зборам, без да знам што се дешава во оригиналната серија.
 
Нешто друго ме мачи сега,во првата епозода од 5-тата сезона на Јелоустон Џејми го претставува Џон како 5-та генерација ранчер во Монтана.
Ако Спенсер му е дедо на Џон тогаш Џон би бил 4-та генерација а не 5-та,треба Џек да му биде дедо за Џон да биде 5-та генерација.
Џејмс Датон е првата генерација,Спенсер и Џон Први се втората,Џек е трета генерација па Џон Втори ако му е син на Џек би бил четврта генерација за да Џон Трети(Кевин Костнер)биде петта генерација :toe:
 
Приказната за фамилијата Датон остана отворена поставувајќи сцена за идни приквели на Јелоустон.
 
Ја изгледав и јас.
Уф. Многу добро што ги обединија во едва двочасова епизода. Од почеток до крај, се беше перфектно! Веќе последните минути и средбата на Алекс и Спенсер беа врв. Многу романтично беше направено, ретко таква сцена да ме допре. Се виде зошто се чекаше Спенсер цело време, ги среди сите. Многу интересни и напнати сцени. Е сега, единствено што ми пречеше изборот на Алекс да се предаде. Можеше да преживее. Ќе беше жива и она и детето. Многу добра двојка беа, една од најдобрите што ги имам видено во филм/серија, главно заради Алекс. Сега во 1944 би требало да го гледаме Метју како Џон т.е синот на Спенсер што се роди сега?
 
Во 1944 Спенсер би имал 55 години а син му Џон 20,ако Мекконахи воопшто игра во серијата би го глумел Спенсер по некоја логика а не син му.
Во приказната сигурно ќе го има и детето на Џек и Елизабет и уште еден син на Спенсер што ќе го има со некоја вдовица.
 
Fuck, fuck, fuck, fuck! Шеридан, еби се, копиле смрдено! :mad:

:place::place::place::place::place::place::place:

Ова беше најубавата љубовна приказна што сум ја гледал во животот. Значи без двоумење најубавата!
 
Со татко ми заедно гледавме и пуштив солзи ко пичка па се преправав дека ми наишла плунка и сум се задавил за да прикријам солзи иначе цел живот душа ќе ми изеде. Ти ебам мајката на серијата.
Одамна ме нема вака погодено, ко мене да ми се деси лично, цел ден ми се сјеба психата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom