Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 446669

Во Зегин ги има, 170 мислам се, поима неам колку има внатре, можеби 15.
И друга зараза имам освен трчањето :ROFLMAO:

@grande-juve ме зарази со овие
Евтини се, тие што ги спомнав јас се мислам 120-150 денари, 5 шумечи. Треба да се види само концентрацијата, сигурно е различна.
 
Види во Беоспорт, јас од таму имам земено Salomon Active Skin 8 пред 2-3 години (не ми текнува на цена). Можда и во Интерспорт нешто да се наоѓа, ако не од Декатлон некако да се снајдеш :)

Немаат беоспорт, спортм, интерспорт што држава ќе бевме да мораш до бг да одиш за ваква работа
 
Браво бате Боле!
Само, не требало да ја замаглуваш сликата, немаше да ми дојде идеја да гуглам Reading half marathon results...
Anon koga e skopskiov ?
Sakam tamy da se probam na celosen pa da znam dali imam vreme za priprema....
 
Да пишам и тука ако некој знае каде да набавам елек за трчање (за носење вода) а да не е изгор скап како во скаут 10к нека пише.
Јас би одбрал некои поефтини на АлиЕкспрес имаш колку сакаш со достава ефтини се.
 
Јас би одбрал некои поефтини на АлиЕкспрес имаш колку сакаш со достава ефтини се.

Ич не ми текна на таа варијанта, ама најдов од бајкстор оние со резервоар на грб и така на жешко пијам ептен многу вода
 
Ич не ми текна на таа варијанта, ама најдов од бајкстор оние со резервоар на грб и така на жешко пијам ептен многу вода
Супер, мое субјективно мислење за трчање освен добри патики и часовник или некој апарат што ќе ти мери км, отчукување на срце итн итн не ти треба друго да е нешто скапо. Немам потреба од скапи облеки да се докажувам пред некого, трчам лично за себе.
 
Здраво дечки. Ми треба совет во однос на трчањето бидејќи сум почетник. Физички сум активен од мал и имам одреден степен на подготвеност. Сакам посериозно да навлезам во ова и за една година да се пријавам на некоја трка на 5км или на 10км.
Како да пристапам во однос на тренинг, дали да се водам според некоја програма, тренер итн. Ми треба совет за суплементи, опрема за трчање, патики...
Секое споделено искуство би ми значело.
Фала ви :) .
 
Здраво дечки. Ми треба совет во однос на трчањето бидејќи сум почетник. Физички сум активен од мал и имам одреден степен на подготвеност. Сакам посериозно да навлезам во ова и за една година да се пријавам на некоја трка на 5км или на 10км.
Како да пристапам во однос на тренинг, дали да се водам според некоја програма, тренер итн. Ми треба совет за суплементи, опрема за трчање, патики...
Секое споделено искуство би ми значело.
Фала ви :) .

Има поискусни ќе ти дадат подобри совети, сепак јас кога почнав @Anon ми даде предлог за run walk method (гуглај) и мислам дека е идеално за почетници да не форсираш. Овие поискусните што се навлезени во трчање гледам варијации прават секоја недела, кратки дистанци долги дистанци и фартлек (темпо) трчања ама тоа е за понапредни тркачи. За суплементи јас веј протеин после тренинг и колаген наутро пијам, од форумот тука почнав во последниов период и електролити шумливи таблети спомнати се на предходниве страни

За патики пиши колку ти е буџетот за почеток, периодов имаш попусти и до 50-60% во спортм/интерспорт
 
Здраво дечки. Ми треба совет во однос на трчањето бидејќи сум почетник. Физички сум активен од мал и имам одреден степен на подготвеност. Сакам посериозно да навлезам во ова и за една година да се пријавам на некоја трка на 5км или на 10км.
Како да пристапам во однос на тренинг, дали да се водам според некоја програма, тренер итн. Ми треба совет за суплементи, опрема за трчање, патики...
Секое споделено искуство би ми значело.
Фала ви :) .
Ова “за една година да се пријавам на 5км или на 10км" ми делува малку нелогичко, дистанците што ги спомна не се маратон, буквално секакви рекреативци со проблеми со тежина, пушачи, никогаш што не биле активни, се пријавуваат и ги заршуваат трките. Така да со тоа што си активен од мал никаков проблем нема да имаш да завршиш една ваква трка. Е сега ако имаш преференци за време тоа е друг муабет. Но, пак би ти кажал, пријави се веднаш и собирај искуство. Јас или било кој џабе е ако ти кажеме чувај сили за втора половина, на старт не се залетувај, ова и тоа направи, нема да ти се многу од корист, генерално такви ствари најдобро се учат од сопствени грешки и од искуство што се собира со трки, така да што почесто пријавувај се на трки и види какви ти се можностите. Мој совет е да отидеш на некоја од 5ките на кеј, бесплатни се, чисто да видиш до каде си, а и самото трчање ти е еден вид тренинг. Можеш и да споделиш тука времиња после истрчана 5ка/10ка па според тоа да направиме некаков поконкретен план и наредни таргети, вака најдобро е сега периодов тркиве да си се пробаш, претходно на кеј направи трчање или одење и трчање. И запомни со секој тренинг подобар си од тие што воопшто не се нафатиле да трчаат.
П.с. Овој совет важи за дистанците што ги спомна (5ки, 10ки), има луѓе што без трчање директно на маратон одат. Тие освен што драстично зголемуваат ризик за повреда и си прават психичка и физичка тортура, друго ништо добро не прават. Најубаво е секогаш кога на тренинг е мачното распределено убаво, а трката е уживање.
 
Последно уредено:
Како тркачи се спремате ли за Скопски ? :D јас се заразив и со трејл трки така да годинава после Водно Матка истрчав уште две други
За километража годинава сум константно 150+ км месечно тренинг, е сега почнав нешто преку гармин коуч за специфична програма и цел па ме интересира има ли логика што гарминов ми дава предлог лонг ран ден после тежок тренинг прогресија на пр ?

Сакам и прв фул маратон 42км да истрчам, ќе видиме дали уште годинава Љубљана или ќе чекаме друга прилика
 
За километража годинава сум константно 150+ км месечно тренинг,
Тоа е солидна километража ама ако трчаш маратон и сакаш да не се случи распат да системот, треба да дојдеш до кај 250-300км месечно :)
има ли логика што гарминов ми дава предлог лонг ран ден после тежок тренинг прогресија на пр ?
Некогаш има, некогаш нема.
Организмот/нозете при трчање треба да го навикнеш и на брз тренинг ден после долг тренинг, треба да го навикнеш и на обратното.
Треба да го навикнеш на многу состојби ама такви „екстреми“ се праат еднаш месечно.
Најважно е да си го слушаш телото (и да се држиш до 1-2 кратки изи дејс помеѓу потешки тренинзи) и најчесто не се потребни вакви егзебиции освен ако ептен не си спремен.

Јас полека но сигурно го враќам фитнесот веќе месец дена, претходно 2 месеци правев пауза. Денес имав 15x40 секунди на 3:50 просечен пејс. Реално треба овие да ги правам моментално на 4:00-4:10 ама... си го барам со боринче. Али океј сум, ваљда, освен мало затегање кај задната ложа такозвана hamstring.

Во вторникот извозев 27км на кеј за 1ч5м. После го качив Водно од полиција до врв за 1ч. И после трчав downhill 5km на 5:10 пејс од Средно до полиција. У 15ч попладне се комирав и не знаев кај сум :ROFLMAO:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom