Абе што паѓате во трансови жити се, сме завршиле на 15-то место. Гледам направиле маици ХЕРОИТЕ ОД ВАРАЖДИН. ОУ МАЈ ФАКИНГ ГАД, нема подрама нација од нас.
Со сите сме се држеле, за разлика од порано. Ама кои беа противниците порано, а ко и сега и пред колкава наша публика игравме порано, а пред колку сега? Со Франција не се држевме, лабаво ни се одлепуваа секогаш кога сакаа во утакмица која апсолутно ништо не им значеше.
Сите други екипи беа чист просек, со напомена дека со Унгарија и Холандија игравме практично како во Скопје да се игра, што е сосема друга приказна. На гости загубивме ко магариња од Фарски острови пред некое време и да не ја споменувам бламажата со Литванија, затоа што без поддршка од наша публика сме 5 пати послаби.
Унгарија има смена на генерации, не успеа да ја добие Хрватска без Дувњак и Циндриќ, иако водеа 4 на 5 минути до крај. Не се некое екипиште, иако тоа е можеби единствена утакмица за која симнувам капа и одигравме над очекувањата. Со Холандија константно губевме, репрезентација која веќе го доживеа пикот и се потпира на Стеинс и Смитс кој беше тотално аут од форма. Едвај се пласираа во бараж со Грција. Не е дека не не ебаваа судиите, ама практично ништо не одигравме во одбрана. Научивме и ние брзо да напаѓаме и тоа е голем напредок (иако пак многу се потпира играта на тоа ако им тргне на Фитиљ или Митев), ама во одбрана сме петтокласна екипа.
Не ја победивме Австрија без тројцата најдобри играчи. Со каква леснотија Франција ја прегази Австрија, а како се мачеа Унгарија и Холандија со нив. Тоа доволно говори дека ни овие не се нешто посебно. Се испосравме дека Катар сме го тепале, со ветераните нивни.
Значи има напредок, игравме малку над рамки на можностите, ама толку пофалби се дадоа од сите медиуми, мислиш имаме успех ко Португалија.
Ќе видев дали ќе бевме конкурентни ако падневме во некоја група со Данска, Шведска, Шпанија, Германија, Норвешка итн.
Непотребно се зголемуваат амбициите, а немаме тим за нешто такво, барем не со оваа генерација на играчи. Цел тој притисок може да се удри од глава некој ден.
Освоено 15 место е успех за нас, ама нема потреба да се прават спектакли од тоа, затоа што ништо спектакуларно не направивме. Киро врши топ работа за репрезентацијата, колку и да не го сакам за низа работи. Вади максимум од овие играчи и треба да си продолжи понатаму.
Дај боже да излезе некој подобар играч од младите во иднина, ама не гледам играчи кои би биле цврсри во дефанзива што е главната разлика која не дели од подобрите репрезентации од нас.