Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За доручек четврт леб и јетрена паштета делат тројца.легендиве од Манчестер јако играат на супа и сендвичи ... мотивација левел 999![]()
Мал си чим прашуваш зашто.Zasho?
Па виде ли што се деси со нивниот сопственик? Да не гуглам сеа ме мрзи по име и презиме да го барам, сопственик им е поранешен НФЛ играч кој скоро се пензионираше. И на еден твит голманот на Барнли му пиша што треба да напраиме да те вратиме од пензија? А овој му кажа клин шит до крај на сезона. Од тогаш до сеа 12 или 13 клин шита врзаа.Ги гледам Барнли и малку неверојатен ми е фактот дека примиле само 9 гола на 34 натпревари.
И по Дајч, Дајч...

Осимен ми е пик број од овие, само има бубачки у глава како мене така да си носи ризик плус.Јаките па напаѓачи што ги има моментално на пазарот. Сите тројца се со огромен ризик.
Исак е најинтересно име моментално, Арсенал ако сакаат резултати треба по него да тргнат.
Друго име ми е Џонатан Давид од Лил, доста години има добра статистика. Не знам зошто уште никој не се пушти по него.
Па виде ли што се деси со нивниот сопственик? Да не гуглам сеа ме мрзи по име и презиме да го барам, сопственик им е поранешен НФЛ играч кој скоро се пензионираше. И на еден твит голманот на Барнли му пиша што треба да напраиме да те вратиме од пензија? А овој му кажа клин шит до крај на сезона. Од тогаш до сеа 12 или 13 клин шита врзаа.![]()
![]()
![]()
Осимен на тоа дождот у Англија џам ќе свитка! Ѓокереш пола Европа ја прошета додека се најде во Спортинг. Може да изгорат некого, ама голем ризик е, како и Шешко. Како што викаш Арсенал со пари не го јаде Њукасл, единствено ако Исак не се заљуби во програмата на Артета, дека следната е нивна!Осимен ми е пик број од овие, само има бубачки у глава како мене така да си носи ризик плус.
Другиве не се ни пола докажани како Осимен ама ќе видиме што ќе излезе, сега гледам дека тој Ѓосереш и не бил толку млад како Сешко ама сепак најзрели години за шпиц.
Исак е најбољи ама намерно не го спомнав со другиве пошто не верувам дека ќе биде достапен, зошто би го продавале Њукасл? Дури и за 150м ако некако од некаде извади Арсенал за него а знаеме дека нема да се деси, пари ли им фалат на Њукасл?
Осимен на тоа дождот у Англија џам ќе свитка! Ѓокереш пола Европа ја прошета додека се најде во Спортинг. Може да изгорат некого, ама голем ризик е, како и Шешко. Како што викаш Арсенал со пари не го јаде Њукасл, единствено ако Исак не се заљуби во програмата на Артета, дека следната е нивна!
Највеќе им гори на Челзи и Арсенал. Јунајтед, Ливерпул и Сити можат да се снајдат и со тоа што имаат. Нормално ако Салах остане, а Сити најде втор напаѓач, не толку експониран како говедото!
нив тешко нешто да ги оправи. Ќе најдат напаѓачи, ќе папса Одегард и пак одново!

Фала ти друже на исцрпната анализа.Ливерпул никако не е ок и ќе треба да донесат неколку играчи летово. Ако си одат Салах и Ван Дајк ништо од бизнисот. Се е џабе.
Ќе им треба десен бек, лев бек, се спомнуваат Хато или Керкез, ќе треба стопер пошто Гомез е стаклен, може да сака да си оди, Кванса е зелен во главата, а Конате е исто стаклен.
Ќе треба и 6ка во средина, физички спремен играч. Добро е што сезонава никој не се повреди од триото, инаку ќе имаа проблеми.
Напред Дарвин ќе лета во Саудиска Арабија, Жота е повеќе повреден неголи здрав.
Диаз е неконстантен и летово е последна шанса да го кешираат. Киеза не знам ни зошто е купен, воопшто не добива шанса. Така да ќе треба напаѓач, крило итн.
Арсенал ќе одат по напаѓач ама не мислам дека тоа ќе е Исак. Не гледам причина да го пуштат Њукасл, нити пак верувам дека овие ќе фрлат толку пари. Премногу имаат потрошено досега. Ќе бараат и крило, средина......
Нека си го вратат овој напаѓачот од Монако што го продадоа за 4 милиони
Сити треба многу да менува. Замена за Де Брујн, бек место Вокер, уште нешто во средината пошто и Силва и Ковачич се стари веќе. Гундоган е мртов.
Овие крилата Доку и Савио се ок за ротација, за први крила тешко. Грилиш е поранешен играч.
Челзи има само средина добра. Друго се треба засилување. Многу просеци се собрани, а фрлија тон пари и големи договори. Ако продолжат вака ќе заглават дебело.
Јунајтед треба цел тим да го сменат. Од голман па се до шпиц.
Така да весело ќе е летово.
Ливерпул,Арсенал, Челзи, Јунајтед, Јувентус, Барселона можеби и ПСЖ ќе бараат шпиц. А квалитетни опции нема.
Осимен е ок ама се повредува, голема плата, проблематично однесување, ќе оди на Афкон......
Ништо чудно да заврши во Саудиска летово.
Шешко е мачка во вреќа и некој ќе се испржи летово.
Опенда е просек.
Екитике ми делува на млад Исак ама сеуште е недокажан и мислам дека е рано за голем трансфер. Од друга страна ако остани и распука, ќе бараат 100 милиони следно лето.
Жоао Педро е страшно технички поткован, ама ретко дава голови, башка Брајтон ќе дерат.
Куња не е класичен напаѓач, може да игра во комбинација со таков. Ама има незгоден карактер. Башка ова му е прва асална сезона, бразилец што има колку, 26 години? Рецепт за да заглави некој со него
Џонатан Дејвид е просек. Подалеку од него.
Ѓокереш е интересна опција. Ама сигурно ќе кошта доста, а ќе полни 27 години за брзо.
Овој или Јунајтед или Барселона според мене.
Влахович е пропаднат играч. Не вреди да се зема.
Саму од Порто ќе биде интересно да се види што ќе прави летово.
Делап од Ипсвич е баш како скроен за во Астон Вила ако го дадат Воткинс
Енигма ми е Ретеги.