За доручек четврт леб и јетрена паштета делат тројца.легендиве од Манчестер јако играат на супа и сендвичи ... мотивација левел 999![]()
Мал си чим прашуваш зашто.Zasho?
Па виде ли што се деси со нивниот сопственик? Да не гуглам сеа ме мрзи по име и презиме да го барам, сопственик им е поранешен НФЛ играч кој скоро се пензионираше. И на еден твит голманот на Барнли му пиша што треба да напраиме да те вратиме од пензија? А овој му кажа клин шит до крај на сезона. Од тогаш до сеа 12 или 13 клин шита врзаа.Ги гледам Барнли и малку неверојатен ми е фактот дека примиле само 9 гола на 34 натпревари.
И по Дајч, Дајч...
Осимен ми е пик број од овие, само има бубачки у глава како мене така да си носи ризик плус.Јаките па напаѓачи што ги има моментално на пазарот. Сите тројца се со огромен ризик.
Исак е најинтересно име моментално, Арсенал ако сакаат резултати треба по него да тргнат.
Друго име ми е Џонатан Давид од Лил, доста години има добра статистика. Не знам зошто уште никој не се пушти по него.
150 утакмици 0:0 завршиле, сто посто рекорд некој.Па виде ли што се деси со нивниот сопственик? Да не гуглам сеа ме мрзи по име и презиме да го барам, сопственик им е поранешен НФЛ играч кој скоро се пензионираше. И на еден твит голманот на Барнли му пиша што треба да напраиме да те вратиме од пензија? А овој му кажа клин шит до крај на сезона. Од тогаш до сеа 12 или 13 клин шита врзаа.![]()
![]()
![]()
Осимен на тоа дождот у Англија џам ќе свитка! Ѓокереш пола Европа ја прошета додека се најде во Спортинг. Може да изгорат некого, ама голем ризик е, како и Шешко. Како што викаш Арсенал со пари не го јаде Њукасл, единствено ако Исак не се заљуби во програмата на Артета, дека следната е нивна!Осимен ми е пик број од овие, само има бубачки у глава како мене така да си носи ризик плус.
Другиве не се ни пола докажани како Осимен ама ќе видиме што ќе излезе, сега гледам дека тој Ѓосереш и не бил толку млад како Сешко ама сепак најзрели години за шпиц.
Исак е најбољи ама намерно не го спомнав со другиве пошто не верувам дека ќе биде достапен, зошто би го продавале Њукасл? Дури и за 150м ако некако од некаде извади Арсенал за него а знаеме дека нема да се деси, пари ли им фалат на Њукасл?
Сити го најде тој втор напаѓач во Мармуш. Арсенал е само 2 квалитетни засилувања напред до тоа пак да бидат во трка за титула. Ако Њукасл не заврши во позиција која е во ЛШ, мислам дека со 120-130 милиони дека Арсенал ке тргне по Исак. Пул се енигма, и веројатно пак ке бидат каде што се ако си иде Салах, а го сменат со некој како Мбуемо од Брентфорд. Ван Дајк делува дека ке остане. Ке им требаат најверојатно 2 нови бека, ако си иде Трент. Ке го шитнат Њуњез во Саудиска, и ке имаат пари да реинвестираат.Осимен на тоа дождот у Англија џам ќе свитка! Ѓокереш пола Европа ја прошета додека се најде во Спортинг. Може да изгорат некого, ама голем ризик е, како и Шешко. Како што викаш Арсенал со пари не го јаде Њукасл, единствено ако Исак не се заљуби во програмата на Артета, дека следната е нивна!
Највеќе им гори на Челзи и Арсенал. Јунајтед, Ливерпул и Сити можат да се снајдат и со тоа што имаат. Нормално ако Салах остане, а Сити најде втор напаѓач, не толку експониран како говедото!
Фала ти друже на исцрпната анализа.Ливерпул никако не е ок и ќе треба да донесат неколку играчи летово. Ако си одат Салах и Ван Дајк ништо од бизнисот. Се е џабе.
Ќе им треба десен бек, лев бек, се спомнуваат Хато или Керкез, ќе треба стопер пошто Гомез е стаклен, може да сака да си оди, Кванса е зелен во главата, а Конате е исто стаклен.
Ќе треба и 6ка во средина, физички спремен играч. Добро е што сезонава никој не се повреди од триото, инаку ќе имаа проблеми.
Напред Дарвин ќе лета во Саудиска Арабија, Жота е повеќе повреден неголи здрав.
Диаз е неконстантен и летово е последна шанса да го кешираат. Киеза не знам ни зошто е купен, воопшто не добива шанса. Така да ќе треба напаѓач, крило итн.
Арсенал ќе одат по напаѓач ама не мислам дека тоа ќе е Исак. Не гледам причина да го пуштат Њукасл, нити пак верувам дека овие ќе фрлат толку пари. Премногу имаат потрошено досега. Ќе бараат и крило, средина......
Нека си го вратат овој напаѓачот од Монако што го продадоа за 4 милиони
Сити треба многу да менува. Замена за Де Брујн, бек место Вокер, уште нешто во средината пошто и Силва и Ковачич се стари веќе. Гундоган е мртов.
Овие крилата Доку и Савио се ок за ротација, за први крила тешко. Грилиш е поранешен играч.
Челзи има само средина добра. Друго се треба засилување. Многу просеци се собрани, а фрлија тон пари и големи договори. Ако продолжат вака ќе заглават дебело.
Јунајтед треба цел тим да го сменат. Од голман па се до шпиц.
Така да весело ќе е летово.
Ливерпул,Арсенал, Челзи, Јунајтед, Јувентус, Барселона можеби и ПСЖ ќе бараат шпиц. А квалитетни опции нема.
Осимен е ок ама се повредува, голема плата, проблематично однесување, ќе оди на Афкон......
Ништо чудно да заврши во Саудиска летово.
Шешко е мачка во вреќа и некој ќе се испржи летово.
Опенда е просек.
Екитике ми делува на млад Исак ама сеуште е недокажан и мислам дека е рано за голем трансфер. Од друга страна ако остани и распука, ќе бараат 100 милиони следно лето.
Жоао Педро е страшно технички поткован, ама ретко дава голови, башка Брајтон ќе дерат.
Куња не е класичен напаѓач, може да игра во комбинација со таков. Ама има незгоден карактер. Башка ова му е прва асална сезона, бразилец што има колку, 26 години? Рецепт за да заглави некој со него
Џонатан Дејвид е просек. Подалеку од него.
Ѓокереш е интересна опција. Ама сигурно ќе кошта доста, а ќе полни 27 години за брзо.
Овој или Јунајтед или Барселона според мене.
Влахович е пропаднат играч. Не вреди да се зема.
Саму од Порто ќе биде интересно да се види што ќе прави летово.
Делап од Ипсвич е баш како скроен за во Астон Вила ако го дадат Воткинс
Енигма ми е Ретеги.