Не е до тоа со легнувањето, проблемот е што е многу наивно се. Во последнава епизода студент математичар се трка со платен убиец и го наттрча, иако еден позади друг беа. И убецов чудно ама баш тогаш немаше пиштол во себеси. Претходно, оваа цурава упорно го отвора сајтот или апликацијата што ја користи разузнавачката служба за секаков тип на следења, се логира таму со свој јузернејм и пасворд, ама ете агенцијата не може да ја лоцира по тоа. Или, доаѓаат во Париз, земаат хотелска соба, исто - најјаката разузнавачка служба не може да се јави по хотелите и да праша каде се чекирани. Многу глупости има, мноооогу.