Marshals. Приказна 0, собрале од секој аспект не дај боже да нема нешто кај нив, ајде џендер им фали, ама има време, ајде следната сезона. Главниот лик што е Кејси кутриот се мачи да глуми, ама толку си може, капацитет е тоа, не е за секој. Добро си пичеше епизодист, што им текна главна улога да му даваат, кој знае. Тажно е за гледање, ама воедно и интересно, ако го гледа човек од друг аспект. Си викаш не може полошо од оваа епизода, нема шанси, и после иде следната, и те изненадуваат дека може и полошо.