Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
22 февруари 2024
Мислења
299
Поени од реакции
489
Страната за апликација на кредит, последното прашање. Кај банките на сите кредити пишува дека мора да имаш за учество, само тука сум видел дека преку кредит може да оде целиот износ.

Незнам како функционира процесот, затоа и прашав за било какво искуство со нив.
Не би чепкал ништо што не оди преку банка. Кога одиш преку банка проверуваат све кој е градител колкав е ризикот каква е ситуацијата цел тим работи во позадина плус осигурување има во пакетот.
све што е надвор од ова избегавај
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.704
Поени од реакции
16.919
Не би чепкал ништо што не оди преку банка. Кога одиш преку банка проверуваат све кој е градител колкав е ризикот каква е ситуацијата цел тим работи во позадина плус осигурување има во пакетот.
све што е надвор од ова избегавај
Банката става Хипотека на станот во Градба....НЕ МОЖЕ да го земе некој ДОВЕРИТДЛ ...единствен Ризик е дека нема да го заврши Комплет, на пример му држиш 2000 евра а тој не поврзал, парно, не ги пуштил гаражите....Ама тоа е МИЗЕРИЈАТА НАША, Законот за ГРАДБА, некаде во 2008 мислам, измислија Запишување во катастар на Незавршен стан и хипотека на него... Пред тоа исто имаше продавање на стан во градба, ама со учество, се доплаќаше по ситуација, ама и таму проблеми
Додека УРБАНАТА МАФИЈА, спрема Зајко МОТОР на економијата си има Држава, нема да имаме правна држава. Дури и да НЕ се купуваат станови, Мафијата НЕ ги завршува, а почнува нови...Ова го можат со ПОДМИТУВАЊЕ на луѓе во власта, кој им даваат локации за градба, а за возврат добиваат ќелепур станчиња, а ЦЕНАТА се пумпа,,,Краток период на стагнација на цената имаше и околу 2012 мислам, кога АДОРА даваше Крстосувања на Медитеранот, плус можност 3 месеци да седиш под ќирија пред да го купиш станот, т.е. да го испиташ како лубеници кога купуваш на пазар...Ама ова кратко траеше...Нема политичар кој ќе ги заузда, а мислам дека и рушењето на Космос беше од страна на УР.Мафија пошто зевзекот излезе со многу пониски цени и им брцна во око, Груки беше само маша...
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
90
Поени од реакции
174
Се е тоа супер и потполно се слагам.
Ама зашто станбен кредит да е во Евро клаузула? Ако недај боже почне еврото да флуктуира да не е толку стабилнолесно може да се деси тие 200 евра од 12000 да станат 20000 а платата не ќе да ти расте пропорционално јер ти ја даваат во мкд
Денарот е врзан со еврото така да...
Македонија е ова јбг, врзани сме со се живо од надвор па затоа и кредитите со хипотека претежно се во евра. Веројатно се смета дека еврото е и ќе биде постабилно од денарот сега и во иднина и затоа се даваат во таква валута.
Нудат банките кај нас кредити во денари, ама луѓето не ги сакаат бидејќи имаат малку повисока камата. Кај овие со евро клаузула, поради пониската камата, добиваат поголем износ на кредит и сите се летаат за таа опција. А кога ќе видиш дека разликата во камата е минорна, наспрем ризикот од кој ќе се заштитиш, ама нејсе, тоа е....

Во овие макро услови, на овие цени и на оваа економска поставеност кај нас, најпаменто е да не си ставаш јамка околу врат на 30 год., ама ако веќе мораш/сакаш/треба, тогаш да се самоцитирам од една друга тема што е попаметно:

Краток совет во две реченици.
Види која банка нуди денарски кредити, пуни брод, грабај и бегај.
Ако ти нудат кредит со валутна клаузула, испрскај ги со темјан.
:)


Имаш пример. некаде во светот каде цена на недвижности паднала за 50% преку ноќ и стагнирала со децении?

The most recent data for 2022 from the Central Statistics Office (CSO) indicated that Irish average house prices are now 0.8% above the record set in April 2007.

1739432035942.png

Data recently published by the National Institute of Statistics (INE) on Spanish housing prices in the third quarter of last year shows prices recovering to where they were back in 2008, at least in nominal terms.

1739432110395.png


Овие две погоре се во номинални бројки и не се прилагодени за инфлација, што ќе рече далеку се од макар и приближно ниво на некаква надеж за позитивен поврат. Кога ќе се земе инфлацијата во предвид (пошто нели, еврото вреди помалку), како може инвестиција со цена од 100к во 2008 и што има исто така цена од 100к во 2022, да има иста вредност, а притоа валутата изгубила 40%?

Овој пазар подолу прикажан, моментално е "on fire", иако само во блиско минато заборави дека потребни беа цели 24 години да се врати на истото ниво.

1739434815519.png


Нејсе, бидејќи сум со два заба и стар како орлите, се сеќавам и на оваа криза, и ова се % прилагодени за инфлација. Не можам да го најдам сега, ама некаде прочитав дека во Сан Франциско во тој период падот бил скоро 90%.


1739433466008.png


Иначе, за лалињата знам дека сте чуле, ама дали знаете за тие инвеститорите во 1800тите што ќе градеа железнички пруги и станици во секое гратче, селце и таверна од Плимут до Единбург?
Не бев роден тогаш, ама ми кажуваше чукун-дедо ми :)

2008 Хипотекарна криза во Уса...луѓе земале кредит, ја реновирале куќата ипо тоа не можеле да ја продадат ни колку нереновирана, па немале пари да ги враќаат кредитите и банките ги активирале хипотеките...п⁹ропаднаа тогаш и некој банки...
Па и кај нас, спомнав дека 1976 имало и 2000дм/м2, 80 ти 1800дм/м2, а после 2005 имаше и 400 евра/м2... Јас во Охрид купив 2004 500 евра/м2, приземје, кај кружниот тек кај болница, а 2005 Гуштеров продаваше по 400 евра/м2 блиску до езеро, кај КМБ... Се е променливо, со тоа што сега во регионот има Галопна инфлација...но и раст не значи ЌАР ако има голема инфлација...
Баш така, можеш да имаш стан во строг Центар, што ќе вреди 500к евра, просечна плата ќе биде 3к, а лебот ќе чини 1000 денари векна. Ни лук јал, ни лук мирисал, на крајот ќе имаш само стан во смрдлив град.

You cannot print wealth!
The only way to create wealth is by: producing, mining or growing.
Што ќе рече: производство, метали и земјоделие.... се' останато е smoke and mirrors by printing credit.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.403
Банката става Хипотека на станот во Градба....НЕ МОЖЕ да го земе некој ДОВЕРИТДЛ ...единствен Ризик е дека нема да го заврши Комплет, на пример му држиш 2000 евра а тој не поврзал, парно, не ги пуштил гаражите....Ама тоа е МИЗЕРИЈАТА НАША, Законот за ГРАДБА, некаде во 2008 мислам, измислија Запишување во катастар на Незавршен стан и хипотека на него... Пред тоа исто имаше продавање на стан во градба, ама со учество, се доплаќаше по ситуација, ама и таму проблеми
Додека УРБАНАТА МАФИЈА, спрема Зајко МОТОР на економијата си има Држава, нема да имаме правна држава. Дури и да НЕ се купуваат станови, Мафијата НЕ ги завршува, а почнува нови...Ова го можат со ПОДМИТУВАЊЕ на луѓе во власта, кој им даваат локации за градба, а за возврат добиваат ќелепур станчиња, а ЦЕНАТА се пумпа,,,Краток период на стагнација на цената имаше и околу 2012 мислам, кога АДОРА даваше Крстосувања на Медитеранот, плус можност 3 месеци да седиш под ќирија пред да го купиш станот, т.е. да го испиташ како лубеници кога купуваш на пазар...Ама ова кратко траеше...Нема политичар кој ќе ги заузда, а мислам дека и рушењето на Космос беше од страна на УР.Мафија пошто зевзекот излезе со многу пониски цени и им брцна во око, Груки беше само маша...
завршил, не завршил, банката кога ќе го склучиш договорот почнува со наплата на кредитот. Со ѓавол и со банка..
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
299
Поени од реакции
489
You cannot print wealth!
The only way to create wealth is by: producing, mining or growing.
Што ќе рече: производство, метали и земјоделие.... се' останато е smoke and mirrors by printing credit.
Точно е тоа дека богатството се ствара од производство, иновација, продуктивност на работниците итн итн.
АЛИ и големо АЛИ
Најдобра заштита против принтањето на пари се инвестициите.
Имоти, акции, злато.

Сакале или не денешните 100 евра за 10 години ке вредат уште помалку.
Минималната плата за 10 години нема да биде 24,000 денари.
Храната/пијалоци све ке биде со друга цена.

Најлошо е човек да работи и да ги штеди парите под перница.
Подобро е човек да работи, штеди и да инвестира.

Принтањето на пари неможеме да го сопреме ние како индивидуи, али се заштитуваме преку инвестиции.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.204
Поени од реакции
5.425
Додека УРБАНАТА МАФИЈА, спрема Зајко МОТОР на економијата си има Држава, нема да имаме правна држава. Дури и да НЕ се купуваат станови, Мафијата НЕ ги завршува, а почнува нови...Ова го можат со ПОДМИТУВАЊЕ на луѓе во власта, кој им даваат локации за градба, а за возврат добиваат ќелепур станчиња, а ЦЕНАТА се пумпа,,,
Доволно е да се потсетиме како „заврши„ саемскиот комплекс, кој го изради „гејтот„ и станбените објекти зад него...и како сето тоа помина „подмачкано„ и никој од „бањатите„ не излезе да го гушка саемот...

Брзото заборавање е одлика од Маќедоне...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom