Кога бидна тоа што бидна, повеќето станари и немавме искуство тогаш со купување недвижнина, сфативме дека во суштина законите ги штитат инвеститорите/градежниците, а не купците.
Како е пример можно, ако има доста нерешени згради и згради со многу фалинки, да се дозволува сеуште продажба на станови во буквално дупка. И второ, зашто со само 5000 евра влог се дозволува фирмите да баратаат со милионски суми во станови.
Доколку продажба (сосе капар, сеедно) се врши по добивање имотен лист на зградата, ќе има многу помалку вакви манипулации како и доцнења и помалку фалинки во становите (а некои згради бааги ги има).
Доколку се зголеми влогот на барем 1/3 или 1/2 од имотот, ќе се намалат малверзациите со стечај и ликвидација.
Да, ќе се гради помалку, нема секое ојле дојле да врши превари и купувачите ќе бидат од тој аспект заштитени.
Згора на тоа, арно би било ако и РКД и општинските инспектори си ја вршат работата.
Ама тоа во друг живот, сега засега тоа е, штркот тука ме донел.