Консеисао мораше да започне барем со еден од Пулишиќ и Леао. Вака со Муса, Хименез и Абрахам, премногу тркачи, премалку техника и креативност во последна третина.
Малиот Хименез е многу силен во пресинг и покрај тоа што технички не импресионира, добар е за баланс покрај други тројца офанзивци, плус Рејндерс. Треба да го видиме и оној Сотил, но меѓу Хименез и Муса, доколку се бира крило кое би донело баланс, а и Фонсека (пример во Мадрид) и Консеисао знаат да бараат такви решение, тогаш сум за Шпанецот. Плус може многу повеќе да направи во напад, да издрибла, проигра, шутне. Муса дојдели до 16 метри, готово, неупотреблив е.
Томори со жолт, мораше да излезе на полувреме, тој и во нормални услови е склон на глупости, а не на оној лизгав терен.
А и во прво, единствена шанса што ја имаше Емполи, беше после грешка на Томори, а Павловиќ веќе се залета во свој стил.
Колку и да има моменти кога делуваат добро во дуел игра, како против Интер и Рома, двајцата имаат мани, кои знаат да бидат многу проблематични, особено кога ќе се спојат.
Среќа што сега Вокер го имаме во одбрана. И покрај тоа што не е во најдобра форма и годините не му дозволуваат да биде експлозивен и брз, како што беше, се гледа дека човекот е друго ниво, а и дека Пеп го има тренериано со години.