Ако продолжи вака да игра и јас се надевам дека конечно ќе кешираат на него летово.
Добро некои људи не гледаат далеку него само пред нив, за нив у моментот е боље Терачано да игра него Тео, боље Окафор него Леао ама у секоја ситуација кј што биле заменети никој не успеал да напрае некоја разлика и да се докаже...
Не мислев само на Леао, туку и на Рејндерс, Пулишиќ и Тео (особено ако не продолжи договор).
Краток е перидот, но Рејндерс и Пулишиќ, како да не се пронаѓаат најдобро под Консеисао. Можеби треба време, против Интер и во финишот против Парма, Рејндерс почна пак да покажува нешто. Не е проблем во него, туку како го гледа тренерот и што сака да добие. Моја желба е да ме ни размислуваат да го продадат.
А дојде и Феликс, доколку остане Консеисао, сигурно ќе среди Мендеш, да не го вратат во Челзи. Се зборува дека ќе дојде Ричи во среден ред.
До јуни можно е да пробува со Пулишиќ, Леао, Феликс, Рејндерс и Хименез, но не ми делува ова како нешто што би сакал Консеисао.
Во рок од седум дена двапати објаснуваше како сака да игра негова екипа, дека нема играчи кои му одговараат и принуден е да се прилагодува.
Но, ако добие договор, за следна сезона, нема да биде така, нема да сака толку да се прилагодува и ќе мора да одлучат заедно со клубот, околу кого ќе се гради.
Можеби има шанса овие да прифатат дека нема првотимци или некој ќе биде втор избор. Но кој ќе се помири со тоа и колку? Една сезона, ако и толку.
И трето, што би било најдобро, сите да бидат вклопени и Милан да изгледа добро. И овие муабети ќе бидат неважни, сите сме среќни и задоволни.
Поентата ми е дека мора да се реши, како сака да игра Милан, кои се фудбалери погодни за такво нешто, а притоа да е прилагодливо и на други тренери (не можеш да жртвуваш се за еден тренер) и на крај, околу кои фудбалери ќе се гради тоа.
Може да се правиме наивни дека 4 сезони (но и шампионската не треба да залажува), ние имаме проблеми да бидеме тим.
Проблем постои, го гледаме. Па нормално е да се зборува и за Леао во тој контекст.
Заради тие глупи форумски куромерења не може нормален муабет да се направи. Буквално мислам на сите од оние што ги набројав, нека одат другите, па нека се гради околу Леао, ако е тоа попаметно и донесе поголем успех. И додека беше тука Фонсека, кога се виде дека ќе го седне на клупа, пишував дека Леао или ти игра или го продаваш, не е фудбалер за на клупа, по статус, талент, по се. Така функционираат работите, околу него или без него, тоа се опциите.
Ако не планираш се да прилагодиш на него, а тој има голем проблем, не е само до желбата, како што се пишува, да се прилагоди на тимот, на одредени тактички шеми, принципи, тогаш нема што да го држиш во тим.
Или ќе збориме дали е поквалитетен Тео или Терачано? И најголемиот хејтер на Тео ќе ти го даде истиот одговор.
Дури и да направат сега некој "успех" до јуни, да почнат да победуваат и да стигнат далеку во ЛШ, се плашам дека проблемите пак нема да бидат решени, ако се остане на исто и од следната сезона пак истите проблеми се јават. Како што беше и после освоено скудето, па после полуфинале во ЛШ...
Сум пишувал и претходно, тој пристап дека се важни само фудбалерите, нивниот квалитет, а другото ќе се среди, може да функционира во Реал, затоа што единствено тие може да донесат екстра квалитетни фудбалери на секоја позиција, па и таму знаат да се јават некои проблеми. Останатите ќе мора да бараат поинакво решение.
Се чудам како има уште што издржуваат да читаат до крај.