Војната на патиштата

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.764
Поени од реакции
8.101
Ако на миљон ипол ни се дешаваат вакви работи редовно, можам да замислам што би било да сме бројка на жители ко Англија а не еден обичен кварт во Лондон.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.432
Поени од реакции
7.809
Мене ми е јасно ама тебе очигледно не ти е, не секој е Брус Ли, Џеки Чен и Силвестер Сталоне. Такви ретарди ко овој заштитени со закон имаш на секој чекор и ае сега ради нив некои нека не излагаат од дома. Доста неутрализирате со глупи спинови - џунгли, опасности, гета, мафија и шо не ти знам јас, овој систем морат да се искоренит еднаш за секогаш - типот уште прв ден зад решетки набавил мобилен - и за тоа морат одговорност да се барат а не да се терет наративи од типот џунгла било,па така да се однесуваме, не знаела девојката да се чуват , боже поможи.
Ја кажав дека живееме во џунгла, а ти пак ми викаш дека мене не ми било јасно дека има ретарди на секој чекор. Не знам само како не сфаќаш колку си контрадикторен и погрешно мене ме обвинуваш сум "неутрализирал". Кај сум напишал дека не треба одговорност или било што слично, дури и ретардирано е тоа воопшто да се пишува, по дифолт се подразбира. Значи возиш пијан, дрогиран, леташ со 100+км, свесно поминуваш на црвено, тоа автоматски треба да е обид за убиство, а не несреќа.

Значи непотребно се истрча, па место мене да ми кажуваш пингвин, де кажи стратегија како ќе го средиш системот, а не само најобични основни фрази....
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
709
Поени од реакции
1.866
Денес поминав кај Силбо. 2 девојчиња палеа свеќи и плачеа. Језиво.

На гомново му дотуриле мобилен за помалку од 24 часа. Има луѓе што уште ке бараат докази дека тато и мама не ургираат и поткупуваат.
Пак не можаме да се разбериме околу тоа шо е вистинскиот проблем.Не е поентата дели татко му е крив или не.Туку скапаниов корумпиран систем шо му дал опција на истиот да дава мито.На Груби татко му му помогна да избега?Кичеец место во затвор се возел со џип,значи воопшто не ни бил во затворот,кој му го овозможи тоа ?Неговиот татко,или корумпираниот систем?Тие шо треба да ја спроведат правдата се најкорумпирани.Според ова шо се дешава во државава за да бидиш јак правник не треба само да ги знаеш законите,туку да ги знаеш дупките во нив и да бидиш расипан до срж.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
89
Поени од реакции
169
Ај сеа сите што викавте дека родителите не се криви, размислете уште еднаш! Кој му го платил телефонот?! IMG_20250202_084110.jpg
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.210
Поени од реакции
42.953
Ја кажав дека живееме во џунгла, а ти пак ми викаш дека мене не ми било јасно дека има ретарди на секој чекор. Не знам само како не сфаќаш колку си контрадикторен и погрешно мене ме обвинуваш сум "неутрализирал". Кај сум напишал дека не треба одговорност или било што слично, дури и ретардирано е тоа воопшто да се пишува, по дифолт се подразбира. Значи возиш пијан, дрогиран, леташ со 100+км, свесно поминуваш на црвено, тоа автоматски треба да е обид за убиство, а не несреќа.

Значи непотребно се истрча, па место мене да ми кажуваш пингвин, де кажи стратегија како ќе го средиш системот, а не само најобични основни фрази....
тоа е тоа бафра, нивниот став е ме прегазија али битно у право сум. А не да се свртам да проверам дали има некој да не иде иако ми е зелено. Многу без мозок народов е и затоа никој не ни го сфаќа муабетов.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
709
Поени од реакции
1.866
Ај сеа сите што викавте дека родителите не се криви, размислете уште еднаш! Кој му го платил телефонот?!Прегледај го приврзокот 442218
Татко му е крив,ама поголема кривица има тој шо го примил митото.Ако Васил бил 50 годишен богаташ сам ќе си плател 250 евра.Шо менува тоа?
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.426
Поени од реакции
8.146

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.656
Поени од реакции
88.478

Еве подетално како го набавил телефонот... Не се за жалење неговите родители, се тоа би фрлил во Аушвиц
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.503
Поени од реакции
11.444
Па да, Британија е надалеку позната како место каде крајно се почитуваат народната волја и човечките права. Еден пример е тој на Асанж, друг е моментот лани кога од затворите испуштија куп насилници, криминалци, убијци и силувачи - за да направат место за обични луѓе кои напишале нешто на интернет. Но за Британија тоа се практикувачи на „говор на омраза“, и таквите се казнуваат на цели години затвор. Обични луѓе кои се жалат на малтретирањата на системот и се жалат на спомнатите криминалци имигранти кои секојдневно ги малтретираат. Буквално има пример со црњо кој заклал ученички во училиште, но наместо него во затвор е некој рандом лик кој на нет повикал на протести против убствата (а не дека заради него почнале протестите туку луѓето спонтано излегле на улици).

Ама еј, кажи ни ти повеќе за тоа колку е се одлично во Британија и како нивните закони се најдобри и според волјата на Британците.
Па и кај нас нема правда кога е во прашање изречување на мерките. Баш вчера гледав претрес со Ландов за затворите во Прилеп, и кажуваше човекот дека во затворот имало роми за украден акумулатор пример од околу 150 евра што лежат по десетина, петнаесет години затвор и секако сведоци сме на такви што краделе милиони, со по две години затвор, а многу од нив се и на слобода.
Автоматски споено мислење:


Еве подетално како го набавил телефонот... Не се за жалење неговите родители, се тоа би фрлил во Аушвиц
Не, детево со своето однесување после целата оваа ситуација само покажува длабока ароганција и несовесност, и покажува дека има сериозен морален и етички пропуст. Дефинитивно треба да добие максимална затворска казна.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.281
Поени од реакции
5.937
Не, детево со своето однесување после целата оваа ситуација само покажува длабока ароганција и несовесност, и покажува дека има сериозен морален и етички пропуст. Дефинитивно треба да добие максимална затворска казна.
Покрај тоа и добар цимер да му доделат, онака со џепче и сите салтанати .....

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.697
Абе на вас изгледа не ви е јасно колку пара се врти од дилање бело :D Многу е тешко да им објасниш на луѓе што не се движеле во такви кругови.
250 евра во тој свет се како мастика да си купил, ти им викаш деца на негова возраст купуваат по неколку станови од дилање, они се запнале татко му плаќал за телефонот и го вадел од затвори.
Едно е да дилаш трава на фаци со пет пари во џеб, скриен во некое маалско ќоше, па одма да те пикнат во зствор ко жртвено јагне, друго е кога за големци дилаш бело во дискотеки и кафичи, а клиентела ти се децата на политичарите и други богаташи (газди, доктори, адвокати, професори на факултети итн), инфлеунсерите и сите други лопови. Тогаш грб ти се тие за кои дилаш, а богами и тие на кои им дилаш, затоа што ако излезе јавно дека детето на некој богаташ е на бело, одма е дамка за фамилијата.
Кога ќе добиеш улога каква што полека добивал он, твоите родители веќе немаат дете, со се партали може да ги купи и продаде.
Проблемот со нив е што воопшто дозволиле да влезе во такви кругови.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.364
Поени од реакции
8.928
И по тоа затворите очигледно никој ништо не проверува штом така лесно успеал да им прошверцува телефон во кутија од колачи...
 
Член од
24 август 2009
Мислења
89
Поени од реакции
169
Татко му е крив,ама поголема кривица има тој шо го примил митото.Ако Васил бил 50 годишен богаташ сам ќе си плател 250 евра.Шо менува тоа?
Никој не вика дека вработените во затворот не се виновни. Ама.... тука гледам пробува да се протне муабет да се остават родителите, што се виновни тие?
Главната и основна вина за детево и неговото однесување и невоспитување доаѓа од родителите. Истите тие и понатаму ги користат сите алатки кои оваа корумпирана држава (која сите ја направивме таква) ги дозволува.
Два момента има во случајов: корумпирана држава и родителството и како тоа се практикува во државава. И двата треба еднакво да се согледаат и да им се посвети внимание. Се започнува од дома, државата само потпомогнала ѓубрево да стане убиец.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.625
Поени од реакции
11.689
И по тоа затворите очигледно никој ништо не проверува штом така лесно успеал да им прошверцува телефон во кутија од колачи...
Па треба да почне некој чуварите да ги тресе зашто они продаваат, и тоа си имаат јака шема ке ти продадат па по месец дена ке пушти колега да ти го најде и ајде пак си купуваат и така цело време во круг
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
51
Поени од реакции
53
Ај сеа сите што викавте дека родителите не се криви, размислете уште еднаш! Кој му го платил телефонот?!Прегледај го приврзокот 442218
Чекај чекај, овој од Гевгелија од затвор му го дал?
А како знаел блискиов што ги добил парите од кој да ги бара, па и да каже дека ги зел?
Ако не се родителите, кој е и како стапил тој во контакт со друг што не е адвокатот или родителите?
Може и во биткоин му платил и нема докази сега :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom