Хип хоп културата во Македонија

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.926
Поени од реакции
8.290
Го изгледав документарецов на Види вака и супер е ама фалат уште артисти. Зарем кога ќе се спомене македонски хип хоп на никој не му текнува на Владимир Аговски - Аго, на Страјк, Тонио Сан, на Дејан Џолев Спирт, Жиле и Вали, Авторизација, Ортографија, Дарко Алфа, на Диџеј Зоки Оки Доки, Диџеј Струја, Сиги, Слаткар и Скит Единствена Опција, Пука Козметика браќта...

Можеби повеќето не се активни денес но биле дел од развитокот на хип хоп културата во Македонија. Затоа се надевам ќе им текне да направат и втор дел. Секако убаво би било да направат и документарци за повеќе стилови на музика и не само за музика туку и за стрипаџии, за скејтери, графитџии, за филмаџии кој биле и се ден денес некаков дел од културата и дел од животот на луѓето во Македонија.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.244
Поени од реакции
28.044

Фалат уште многу. Каде се Нулта Позитив, Ена Веко ? Башка тие 90ти години верувам дека имало многу повеќе рап, хип - хоп изведувачи него сега во 2020тиве години.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.926
Поени од реакции
8.290
Фалат уште многу. Каде се Нулта Позитив, Ена Веко ? Башка тие 90ти години верувам дека имало многу повеќе рап, хип - хоп изведувачи него сега во 2020тиве години.
Ена Веко не била никогаш раперка не знам ни зошто ја кажуваат како раперка.

Не била она во стил каков што имаат Аго, Легијата, Зад Аголот, САФ и други. Ена Веко не пеела за социјални теми, критика за општеството, критика за политиката, за уличниот суров живот и други некој такви теми. Ена Веко е повеќе други стилови на музика.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.244
Поени од реакции
28.044
Ена Веко не била никогаш раперка не знам ни зошто ја кажуваат како раперка.

Не била она во стил каков што имаат Аго, Легијата, Зад Аголот, САФ и други. Ена Веко не пеела за социјални теми, критика за општеството, критика за политиката, за уличниот суров живот и други некој такви теми. Ена Веко е повеќе други стилови на музика.
Нејќам глуп да ти кажам ама ..... :icon_mrgr:
Зашто мислиш дека ако не пеела за социјални теми и за природа и општество дека не е раперка ?
Фифти Цент пееше за пукање нигери и ебење нигерки. Според тебе не е рапер ?
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.811
Поени од реакции
9.751
Дај не заебавајте, нормално дека ќе снимаат со некој што оставил впечаток, јес дека фалат некои фаци, али добар дел не ни заслужуваат да бидат опфатени, смешни рапери.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.926
Поени од реакции
8.290
Нејќам глуп да ти кажам ама ..... :icon_mrgr:
Зашто мислиш дека ако не пеела за социјални теми и за природа и општество дека не е раперка ?
Фифти Цент пееше за пукање нигери и ебење нигерки. Според тебе не е рапер ?
Добро ајде раперка е ама скроз различен стил имала Ена Веко во времето.

Друго Ена Веко одамна не е ни во државава колку што јас знам. Одамна ја нема ни на социјални мрежи. Кој знае и каде е жената за да ја добијат за интервју.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.167
Поени од реакции
13.432
Непопуларно мислење али веќе слушнато ми е ова, овој е општоприфатлив рап, од Сим Сима навака веќе се исто ми звучи, исти тематика на текстови, рап направен да биде сварлив и од луѓе што слушаат техно, трап итн, рап направен Апасиев да може статуси на Фб да влече од него. Лд еднаш на интервју рече на темава дека планира уште максимум еден рап да извади и се повлекува бидејќи кажал се што има да каже и не сака веќе да се повторува, се опфатил во песните досега. А и реално, Тие што знаат знаат, Анѓели и демони, Балкан, Street Poetics, Поблиску до бог, Засекогаш, Писмо, Кога врне истура, веќе има доволно материјал за едно мирно повлекување како најдобар во Мак рап all time, а и на балканот (евентуално само Марчело лирички предност би дал). Разбирам хајп дека Страјк нова песна вади и што сакаме да има уште активни артисти макар и на Д фест еднаш годишно да не собираат да се вратат носталгии по рап деновите, ама мора да бидеме реални ова е под нивото Страјк што го има поставено (високо ниво дефинитивно).
 
Јас на пример и Смоке не можам многу многу да го сварам повеќе како до пред некоја година. :) Патем, ЛД по се изгледа ќе се одјавува од правење рап со Тоњо, ќе има некое комбо. Барем јас така мислам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.931
Поени од реакции
23.727

Не си далеку од вистината, ама за некој ко мене кој сеуште слуша макрап интензивно и после 20 години не ми смета воопшто и секоја недела да ги вади.
Малце заглавив периодов со некоја листа на Јутјуб која сум ја направил во 2014та и се потсетив на некои траки на групи како Хипхоплетика, Римиски Масив, нешто од Единствена Опција и такви слични од тој период. Сум ги преслушал милион пати, сеуште ги знам на памет ама ич не ми е гајле. Мене ме враќа во едно убаво време од собиранки во градинки, школски, и висење по влезови на бетонски скали. А веројатно и сите прегледи на Јутуб му се од луѓе со слична возраст на мојата. Не верувам нешто да е многу популарен кај младиве.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.481
Поени од реакции
3.669

Јас па мислам баш обратно, ова е понесварливо. Ангели и Демони може да им ја пуштиш, ама за ова ќе ти кажат што е со текстов, бегај таму. Мада кај не рап слушатели највеќе палат некои лабави песни како бонус-трака.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.167
Поени од реакции
13.432
Јас на пример и Смоке не можам многу многу да го сварам повеќе како до пред некоја година. :) Патем, ЛД по се изгледа ќе се одјавува од правење рап со Тоњо, ќе има некое комбо. Барем јас така мислам.
Убаво е ако се оствари тоа, да се затвори кругот како што доликува. И Рнс и Тони Зен се сега ептен во пријателски односи, си даваат коментари за поддршка по Фб, а на времето имаа дисови еден кон друг (Одмазда). Мене Смоке не ми е меѓу омилените, го почитувам ко права рап глава, доста придонесува за рапот на балканот генерално и за обединување на балканските држави преку рап, ама некако ми е многу репрезент рап неговото, повеќе сакам суштински тематски рап пример Марчело или БС (независно колку на дијаметрална спротивна страна се моментално) или САФ на времето.

Не си далеку од вистината, ама за некој ко мене кој сеуште слуша макрап интензивно и после 20 години не ми смета воопшто и секоја недела да ги вади.
Малце заглавив периодов со некоја листа на Јутјуб која сум ја направил во 2014та и се потсетив на некои траки на групи како Хипхоплетика, Римиски Масив, нешто од Единствена Опција и такви слични од тој период. Сум ги преслушал милион пати, сеуште ги знам на памет ама ич не ми е гајле. Мене ме враќа во едно убаво време од собиранки во градинки, школски, и висење по влезови на бетонски скали. А веројатно и сите прегледи на Јутуб му се од луѓе со слична возраст на мојата. Не верувам нешто да е многу популарен кај младиве.
И на добра година си заглавил, мислам прајмот на мак рап е од 2004 до 2014, пред тоа има одлични траки и артисти ама целото движење не е во толку замав за изгидање на квалитетот како после 2004. Тој рап што го наброја ни овој период не бил масовно слушан, ама некако котирал високо меѓу алтернативните немејнстрим жанрови тука. И јас се радувам што се труди и на 43 години уште нови песни вади и многу го почитувам тоа, ама како фан се чувствувам одговорно да дадам мислење ако приметам дека на сила се бутка работата. Не дека се лоши песните, далеку од тоа, само не се на нивото на кое не навикнал (не разгалил) на времето. Цело време ми оди Брутал или Кланица на траки да си ги пуштам од чиста мира, а не Луѓе злобни (оваа сама ми се пушта од Јутуб алгоритмот) :D

Јас па мислам баш обратно, ова е понесварливо. Ангели и Демони може да им ја пуштиш, ама за ова ќе ти кажат што е со текстов, бегај таму. Мада кај не рап слушатели највеќе палат некои лабави песни како бонус-трака.
Муабетот ми беше пример ние сме слушатели од тоа време, ама еве нови луѓе сега доаѓаат и ти нема да ги привлечеш веројатно со Дали ти значи тип на песни, туку со Сим сима, поупадлив е целиот битот, текстот, целиот концепт. И не само Страјк еве и Алфа што го спомнавме, со песни ко Градов многу лесно пенетрира кај нерап глави, додека негови песни од порано ко Мојот блок (оваа ја нема ни на Јутуб веќе) или Моите луѓе, ги слушале активно генерално само рап луѓе што слушаат. Такви песни да извади сега веројатно многу помал интерес ќе предизвика, јас радо би слушал такви, ама скроз ми е разбирливо зошто не се вади сега таква музика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom