Каква врска има што ти си бил 2009-та, терсене што биле хрватите, не давале да се групира. Овде буквално имаше ситуации каде играчите и во прво а посебно во второ полувреме, бараат поддршка, павтаат со раце кон публика, а од манекените нема никаква реакција. Буквално позади гол на унгарците у второ, цела трибина беше со наши, трибината кај камерите беше цела со наши, контра камерите имаше доста наши. Не е дека не биле групирани. И за свирење кога противникот е у напад не ти треба некој да води навивање. Во второ, имаше ситуации каде и Кузмановски и Јагуриновски павтаат со раце кон публика, а у кадар ги имаш и трибините, и буквално никаква реакција нема од публиката, бар аплаус да им дадат, ете и да се извикаа, ко здрвени кукли стоеа на излог. Никој не очекува да се понаша публиката ко навивачка група, ама стамно е кога се одлучува победа, од огромен дел да немаш никаква реакција, макар у еуфорија да се извика, ко у кино да отишле.