Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.570
По изненадувачки успешните теми на возобновената традиција од 2023 од страна на @Dumbledore , и по барање на читателите тука, еве го кајганџискиот книжевен предизвик за 2025.

Еве колку книги прочитавме во 2024:

@jokoc - 47
@Saladin - 28
@<<Goku>> - 24
@FilipMKD007 - 21
@SK-92 - 11
@Zlatikevichius - 10 (Goodreads вика 11, ама една сум испуштил тука изгледа)
@Naked Gun - 10
@Saber Rider - 9
@Ne_sum_ja - 5
@wot - 5
@пм=MGLpM - 5
@бристол - 4
@831 - 3
@Matt Bevilaqua - 2
@Darling - 2
@Aceso - 1
@Шоути - 1
@Staufer - 1

Или вкупно 189 книги што е за 28 повеќе од 2023! :bravobe: 18 души читале, што е за 7 повеќе од единаесетмината лани.

@d3vill0ck , @Imperatorot , @Invisible Force , @Milly , @Генерал , @tempacc1 , @Avramovski777 , @banzaii , @Leo Bonnie , @Ернесто ЧЕ Гевара , @The Dark Knight , @Patience. , @my_name_is_in_use , @JagodicaBobica и @Жаргон се пријавија во предизвикот, но не ги видовме да објават дека прочитале ни една книга. Плус тука се: @Sussaro кој не дружеше, ама не броеше, и тие кои броеле или учествувале во 2023, но не и во 2024: @X3m , @Coca Cola , @snatch , @Стев , @JBTgirl , @Sledge Hammer , @godlikebt112 , @Darklady , @JaqenH'ghar , @Harald , @Mihaela005 , @Miss.Independent , @Dumbledore , @volare_g и ако некој испуштив, нека прости.

За 2025 ќе ја оставам истата анкета од лани зашто изгледаше многу пореално од напумпаните бројки од претходните години кои можат да ги достигнат само тетките од фејсбук книгохоличарските групи. Се надевам дека темава ќе заскокотка многумина да се разбудат од зимски сон и барем по 1 книга да прочитаат во 2025. Останатите - пријатно читање! Споделувајте ги вашите рецензии, коментари, препораки за книгите кои ги читате во темава, и се надевам на крајот на годината ќе бидеме побројни од лани.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.570
01. Вегетаријанка - Хан Канг (Артконект, 2021)

1736414048558.png

Очекував многу повеќе од овој роман. Не само затоа што авторката Хан Канг беше добитничка на Нобелова награда за книжевност во 2024, а самиот роман е добитник на интернационалната Букерова награда во 2016, туку повеќе зашто слушнав многу позитивни коментари и прочитав навистина одлични рецензии за него. Но, останав разочаран зашто во дел од приказната според мене има погрешен избор на средство за да се достигне одредена цел - доловување на некаква поента. Макар што се е алегорија. Но моето лично доживување не го менува фактот дека ова е извонредно напишан роман и по форма и по содржина. Не би сакал да навлегувам во детали, зашто тоа што мене ми го расипа впечатокот е дел од приказната, па не сакам да го расипам читањето некому. Затоа тука би запрел.

Се двоумев за оценката: 3 или 4/5, па одлучив да остане послабата, иако мислам дека ова е нешто измеѓу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.570
02. Заборав - Томислав Османли (ВиГ Зеница, 2023)

1736414341904.png

Од минатогодишните (2023) финалисти за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ ми остана непрочитан само романот „Заборав“ од Томислав Османли. Причината за тоа е што го немаше ни под дрво, ни под камен. Го најдов случајно, пред некој ден, месеци откако се откажав од потрагата и заборавив на него. А испадна дека е роман кој не смее да се заборави!

Прекрасен постмодернистички роман полн со интер и интратекстуалност, автореференцијалост, мултимедијалност (во него постојат дури и QR кодови кои водат до youtube видеа со реклами или музички нумери на кои дел од ликовите се сеќаваат во една од епизодите) и нешто што мене особено ми се допадна - елементи на магичен реализам. Романот е истовремено и фикција, но и есеј, трактат за феноменот на заборавот како епидемија на нашето време. Османли се осврнува на сите лица на заборавот: и колективниот, често изнуден од разни општествени групи преку процеси како маргинализација, дефокусирање па се до „мемориски дамнации“ - казнувања со бришење на различни ликови, факти, вредности или случувања од колективната свест; но и сите видови на индивидуални амнезии, тука претставени преку плејада на ликови од кои еден се обидува да не го заборави она Скопје од младоста и минатото кое се обидуваат да му го избришат преку маскирање со неброени згради, споменици, галии во Вардар и мостови; друга, седната во инвалидската количка во старечки дом се сеќава само на покојниот сопруг, но не и на синот кој секој втор ден и носи јадење или на внуците кои ги израснала; трет - актер кој ги помнел наизуст сите реплики од сите драмски текстови кои некогаш ги играл, но го заборава текстот на најважниот, оној со кој се простува од сцената; четврт - политичар кој заборава се што треба да напише во мемоарите кои ги подготвува па затоа ги претвора во љубовен роман; петти - човек кој на смртната постела го заборава грчкиот јазик кој го зборувал цел живот и се сеќава само на егејскиот дијалект кој го заборавил откако на само 5 години бил однесен од родното огниште... Но Османли нуди и лек за индивидуалните заборави, а тоа е љубовта, па така ова може да се толкува и како роман за различните видови љубов кои се противтежа, антидот на заборавот. Или како што вели на крајот - има еден начин со кој можеме да престанеме да забораваме: да се сеќаваме на се, да памтиме бе!

Интересно е што иако романот е сместен во денешницата (поконкретно, дејството се одвива во периодот 2018-2023), тој се осврнува на многу моменти од минатото, со што како да сака да ги лиши од заборав: Втората светска војна, холокаустот, американските воени интервенции во блискиот исток па и на Балканот, премрежјата по кои поминаа Македонците по распадот на СФРЈ, невработеноста и тој транзиционен период кој траеше не години, ами децении, ужасите на грчката граѓанска војна, проектот Скопје 2014, па се до криминалот и корупцијата кои владеат денес во Македонија. А секој од овие периоди од минатото и денешницата, иронично, турка во заборав некои други времиња, места, луѓе, сеќавања...

Навистина прекрасен роман кој го прочитав во еден здив и верувам дека нема да го заборавам. Штета што не е доволно промовиран и достапен за пошироката читателска публика кај нас, зашто „Заборав“ е роман кој помага да не заборавиме како треба да изгледа едно вистинско книжевно ремек дело. Секоја пофалба!

5/5
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.813
Поени од реакции
9.757
Годината ја започнав вака:

1) XIII - The Mongoose.



2) XIII - Irina.



3) XIII - Little Jones.



4) XIII - Colonel Amos.



5) XIII - Steve Rowland.



6) XIII - Billy Stockton.



7) XIII - Betty Barnowsky.



Половина од серијалот е ова, не очекував дека волку добар е, секоја чест на тој/тие што сценирале.

Оценка: 5/5.

Препорачувам.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
1. Ние - Евгениј Замјатин


Годинава почна со дистопија, јасно.
Неколку "жртви " имам на дневен ред.
☆☆☆
Додека сите се воодушевени од Орвеловата 1984, малкумина знаат кој ѝ е најважниот предок, инспирација и за многу други романи.

Не бадијала сѐ уште толкав голем број на луѓе верува дека Адам и Ева ни се заеднички прародители, кога сите ние се соочуваме со нивниот принуден избор: среќа без слобода, или слобода без среќа?

Тогаш, украденото јаболко за сите нас го избра второто, што ќе доведе до двовековна војна по која преживува само околу еден милион од светот, жителите не се личности, туку обични бројки, без име и без слобода. Сите дневни активности и чекори се строго организирани и ограничени. Навидум совршен свет, во којшто сѐ е подредено според потребите на жителите, но овде забранетото овошје се соништата, а будењето на мечтите и душата се набљудуваат со речиси исто ужаснување како да се вратила чумата.

Дали поставувањето граници нѐ спасува од потенцијалното постоење на бесконечноста, којашто појави како љубовта и револуцијата ни докажале дека постои, барем во светот на идеите?

Дали Зелениот Ѕид го брише постоењето на оние отаде границата?

Книга којашто ме остави замислена денови откако ја прочитав. Не ме чуди што скоро 70 години не смеела да се публикува во СССР. Храбро момче овој другар Замјатин.

100/10
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
201
Поени од реакции
244
Еве ги моите мисли додека ја читав воведната порака
Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година
Претходните години имаше предизик за читатели, а ова : „книжевен“, значи не е ниту за книги општо туку стриктно книжевност, како да се работи за предизвик во пишување. Ајде да ја отвориме темата и видиме за што станува збор...
Креатор на темата Zlatikevichius
Реномиран, рафиниран и просветен член на форумот.
Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?
,Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

Ај и третпат, може ќе сфатам:

,Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

Пардон. Се извинувам, -- Сум залутал. Јас сум од цивилизација и планета каде владее чума: чума на квантификување на сѐ, по цена на деградирање и неретко уништување на животите, на смислата на чивотот. И каде обичниот човек во секојдневнието се обидува да побегне од тоа. Океј, има голем број на „обични“ луѓе кои се толку дезориентирани да тоа го прифаќаат и пливаат како мртви риби, каде струјата ги носи. Но едуцираните, рафинираните луѓе се одликуваат со свест за проблемот, и затоа ставаат акцент на КВАЛИТЕТ. На СМИСЛАТА на нештата... Како што Чарли Чаплин се бори против силниот ветар, и во мојот свет интелектуалците се стремат да одат против страста на квантитативни мерила.

А тоа да од читање книги се прават квази-олимпијади (макар и да натпреварот е со самиот себеси), од тоа веќе останувам без збор.


До сите читатели на книги:
ПРЕПОРАКИ ЗА ЧИТАЊЕ​

што за читање книги напишале

* Сенека

* Марко Аврелиј (негов кус совет до самиот себеси)

* Артур Шопенхауер

...

Заминувам да си ја барам мојата планета, т.е. мојот свет, дом...

Поздрав!
 
  • Вау
Reactions: wot
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.570
Претходните години имаше предизик за читатели
Каде? На Фемина?

Тука:
Книжевен предизвик во 2013
Кајгана книжевен предизвик 2014
Кајганџиски книжевен предизвик за 2022 година
Кајганџиски книжевен предизвик за 2023 година
Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Толку успеав да најдам со ограничените можности за пребарување. Ама претходните години дефинитивно или нешто си сонувал, или некаде на твојата планета има некој друг форум каде инаку биле насловени темите. ;)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
1. Ветрилиште - Игор Анѓелков (Или-или)
Прво па мушко. Најновиот роман на Игор го „чував“ за годинава јер минатата беше ептен тешка конкуренција. И напраив грешка. Добро де, чекав само 2 месеци да ја почнам, и во еден брз здив да ја изџвакам со огромна сласт. Ми се свиѓа стилот на Игор, сосема ненаметлив, непретенциозен со тивки референци од културното поле што има излезено. Без многу попмпа а впечатливо. Приказната е нешто налик на Birdman ама тука ликот Борис као добива некоја награда веќе во позни години. И по патот од дома до салата за филхармонија (каде ќе му се додели наградата), а со тоа низ рефлексија на неговото минато ја согледуваме суштината што му се случува на некој добро етаблиран писател откако ќе постигне „абсолут“ во неговата кариера.
Туто бене според мене. Топла препорака 5/5
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
20
Одамна и се токмам на Ветрилиште, ако не за друго, за да ја споредам синусоидната линија која што ја има и во мојот "Кобајаши Мару" за доделувањето на награди и општо за книжевноста во Македонија. Ја земам наредна седмица па ќе дадам мислење откако ќе ја прочитам. Ми стои како мк верзија на "American Fiction" на прв поглед, знам барем дека Игор го сака тој филм. Инаку Birdman, за волја на вистината, е доста преценет филм, што фактички се покажа со текот на времето откако го доби Оскарот па наваму.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.613
Минатата година ставив предизвик од 10 прочитани книги, ама не успеав. Прочитав 9, почнав уште 2, ама ми се роди бебенце и тука почна стагнацијата на поле читање книги. Годинава не верувам дека ќе прочитам повеќе од 3-5 книги.

Да почнеме со првата прочитана книга за оваа година, почната со читање во 2024 :D

1. Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотеката - Мичико Аојама (4/5)

Ми излезе дека е една од поновите преводи од Три, видов дека има убава оценка на googlereads и и дадов шанса, со оглед на тоа што јапонските писатели ми се слабост :D
Прекрасна, лесно читлива и едноставна книгичка. Пет (прилично репетитивни) приказни за различни луѓе (од различни возрасти) кои се наоѓаат во некој ќор сокак во животот, во главно заглавени на некоја работна позиција или соочени со статусот во општеството, бараат да направат промени во животот. Судбината ги насочува во библиотеката во еден ист граѓански центар, каде што искусната библиотекарка има моќ да ги процени и да им препорача книги кои воопшто не ги барале, но потсвесно ќе им го променат животот. Има неколку интересни поуки од книгата, а најубавата е дека впечатокот кој ќе ти го остави една книга зависи и од начинот на кој ќе ја читаш истата и ситуацијата во која се наоѓаш додека ја читаш. Уште една интересна идеја е дека кога отвораш нетипичен бизнис, покрај финансискиот дел, убавото е што ќе запознаеш луѓе со исти интереси.

Интересни ми се ликовите во јапонските дела, скоро секогаш се луѓе самотници, отфрлени од општеството во кое секој е опседнат со работата, бескрајни денови кои се состојат од стискање по станиците за да дојдат на работа, останување до доцна на работа, комуникација со блиските која е многу поразлична и поладна од балканската. Не дека општо во повеќето светските дела ова не е описот за главните протагонисти, ама кај азијативе од тој дел на Азија, осаменоста на луѓето и површната комуникација со останатите е некако поизразена.

Друго што би го издвоил е убавината на библиотеката во граѓанскиот центар. Многу ми фали библиотеката што некогаш опстојуваше кај мене во населба. Опстојуваше во години кога воопшто не читав книги и одевме да се смееме со библиотекарката и да земаме телефонски бројчиња од женските од населба додека пребарувавме по членските карти. Беше мала библиотека, баш како во описот во книгава. Да се изгубиш меѓу ситно начичканите рафтови, да те облее мирисот на прашина од стари книги.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
ми се роди бебенце
Се извинувам што се уфрлувам ама покоен татко имаше изрека за деца баш што соодветствува на темата инаку голем дечар: животот пред деца е празна боенка, а после деца е сликовница. Да сте си живи, здрави и весели фамилијарно.

Инаку гледам сѐ попопуларни се јапонските изданија а во таа фамозната книжарница од којашто се жалев во ДК јапонските изданија се на 50% попуст, па ќе прошетам изгледа.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
Инаку гледам сѐ попопуларни се јапонските изданија а во таа фамозната книжарница од којашто се жалев во ДК јапонските изданија се на 50% попуст, па ќе прошетам изгледа.
Дефинитивно 2024 не читав колку што треба или сакав и многу од слободното време трошев на brainrot активности како coping поради работа и стручни глупости, и пак годинава одбрав само 12 за предизвик. Но, на тема јапонски дела, хајлајт на 2024 ми беше што имав шанса да го посетам Златниот Павиљон од истоимената книга на преубав сончев ден каде секој збор од Мишима одекнуваше со преголем интензитет во мене и многу повеќе го разбрав профилот со манична опсесивност до точка да сака да го запали и уништи храмот поради совршенство:

IMG_1288.jpeg

IMG_1291.jpeg

Малце е потежок за читање Мишима, но покрај делово можам да ти препорачам и The Sailor Who Fell from Grace with the Sea, Frolics of the Beast, но дури и самиот живот на авторот е многу интересен да се прочита за. Тука е и популарниот Мураками со Норвешка Шума, Кафка на Брегот, Клара и Сонцето итн. од тоа што лично имам читано како (по)лесен вовед во јапанската литература, но Мишима дава поголем увид во јапанската култура според мене. Немам друго читано, нека те насочат дечкиве тука или таму во продавница, но мислам дека можеш да почнеш со овие докажани автори. За сѐ друго секогаш постои аниме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom