Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Клубот е беда од Мојс па навака. Ама ако ти е полесно да се испразниш на рандом навивач што ја кажува вистината, дека јебени Зиркзе нема да присмрди до клуб со шампионски аспирации, нека ти биде. Булинг бе, поштеди ме од воук срањево жити бога.
Збориш за воук срања, а викаш дека се истурам (нема грешка :D) за мислење што не е насочено директно према тебе, туку цела фан база. Нема боље :ROFLMAO: Многу осетлив некако :D

И да, беден е потегон на навивачине.Нит е он крив што Аморим решил да иде со геријатриуа Касемиро и Ериксен против Гимараеш, Тонали и Јоелитон, и решил со тројца спори штопери да игра против брзи напаѓачи. Една измена ма средина ја смени цела утакмица, не мрднаа Њукасл од коа влезе Маину. Има луѓе што се пред Зиркзе за пцуење, за почеток Далот, Лисандро, Касемиро а и доста други.
Автоматски споено мислење:

Фергусон порано со копачки по гла ги тепаше, овие многу сака да ги мазиш и да се приспособуваш на нив бе, ахахаахха. Се змаислувам себе си да му кажувам на тренерот шо ми одговара најмногу и то да играм, а земаат милионски суми ги мислиш интелигентни луѓе... ова поглупи и од куров се. :D

Па и пичкици, ајде мрш таму.
Никад нема да го сфатам муабетот зима милионски суми, па сеа треба супермен да е/ чуда да праи. Јебала те логика и закони на биологија и физика.

Ваљда не дознаваш сеа кој интелектуален калибар се професионални спортисти. За карактерен да не збориме.

А за Ферги, Нани го праќаше на месец дена у дубаи поради мистериозни повреди, секогаш кога ќе заглавеше :D Има и други примери секако. Толку од муабетот.
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.622
Поени од реакции
7.581
Збориш за воук срања, а викаш дека се истурам (нема грешка :D) за мислење што не е насочено директно према тебе, туку цела фан база. Нема боље :ROFLMAO: Многу осетлив некако :D
Истурај се де, ништо не ми значи. Не сум ја тој што ги брани неспособните играчи од БУЛИНГ. Извини, Зиркзе не е фудбалер за јак тим. Ти се свиѓало или не. Промашај е дечкото.
Еве напрај некое NGO за згрижување на напатени фудбалери на Јунајтед од страна на навивачите, може и со Макпетрол да се врзеш за кампања.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Истурај се де, ништо не ми значи. Не сум ја тој што ги брани неспособните играчи од БУЛИНГ. Извини, Зиркзе не е фудбалер за јак тим. Ти се свиѓало или не. Промашај е дечкото.
Еве напрај некое NGO за згрижување на напатени фудбалери на Јунајтед од страна на навивачите, може и со Макпетрол да се врзеш за кампања.
Реков негде дека е добар Зиркзе и дека е успешен? Критика има секоја утакмица. Едно е кртика и фан клуб пцуење, друго е мизеријана од вчера. Сте го утнале концептот на фанови и supporters. Зурли и тапани само у добри времиња, е одлика на glory hunters.

НГОто тебе ти го препуштам, како лесно тригерирана снегулка. Сум се истурал бе :ROFLMAO:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.622
Поени од реакции
7.581
Реков негде дека е добар Зиркзе и дека е успешен? Критика има секоја утакмица. Едно е кртика и фан клуб пцуење, друго е мизеријана од вчера. Сте го утнале концептот на фанови и supporters. Зурли и тапани само у добри времиња, е одлика на glory hunters.

НГОто тебе ти го препуштам, како лесно тригерирана снегулка. Сум се истурал бе :ROFLMAO:
Ајт со Зиркзе под рака и правац втора лига.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Ајт со Зиркзе под рака и правац втора лига.
Ти да си го фатиш Зиркзе под рака и право да си отидете у NGO-то на расплакани снегулки. Ќе си имате заеднички теми :D Доста е истурање, да не те носам на душа после.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.622
Поени од реакции
7.581
Ти да си го фатиш Зиркзе под рака и право да си отидете у NGO-то на расплакани снегулки. Ќе си имате заеднички теми :D Доста е истурање, да не те носам на душа после.
Те читаат луѓе срамота е. Фан базата не чинела правела булинг. Ти се најде увреден дека му свиркале на Зиркзе божем внук ти е.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Не знам што не ти е јасно, не зборам за теорија на релативност. Чинот е беден. Играч на Јунајтед е, а таканаречените фанови или поддржувачи на Јунајтед не ги поддржуваат претставниците на клубот. Едно е критика друго е она вчера. Се лупаат у гради со години/децении дека се најдобри фанови што прошле добро и лошо, константно ги ругале другите што го правеле истото. Го снемува Рашфорд, се бара нова мета и така цело време у круг.

Ако не ти е јасно, коментирам изолиран настан т.е реакција на фанови што биле на трибина. И тука ти се наоѓаш прозван и сум ти се истурал, пошто сум искоментирал објективна обзервација :ROFLMAO: Снегулка.Па уште збори снегулката за воук ствари :ROFLMAO: :pos: Избриши солзите прво.

Да ти дообјаснам, реакцијата на Зиркзе не ја коментирав, не мислам дека е соодветна секако. Можам да разберам (но не го оправдувам), се труди, не му оди, па уште го ругаат јавно. Да не се трудел, со Рашфорд семки пред ОТ ќе продавал.

У случај да си заборвил што ти пишав пред две мислења, Зиркзе не е успешен трансфер и нема изиграно нешто посебно.

Уште да ти нацртам остана.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.838
Поени од реакции
22.877
Casemiro - 350k a week Rashford - 300k a week Mount - 250k a week Antony - 200k a week Eriksen - 150k a week Shaw - 150k a week Onana - 120k a week Jim Ratcliffe may have cut the funding to Man United Foundation but this is the real CHARITY
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.806
Поени од реакции
21.536
Секој сам си ја пишува својата судбина, вклучително и Зиркзе. Вака кога ќе погледнеш како се однесува на терен ќе речеш дека човеков е аматер а не професионалец, па имаш притисок од медиуми кои почнуваат да пишуваат дека ќе леташ уште во јануари а ти излагаш нареден натпревар и си дух на терен. Но, ако сме реални тоа вчера сите 11 на терен го правеа а не само Зиркзе, и сите заслужија да бидат свирени а не само поединец. Зиркзе треба да разбере дека сепак сноси дел од одговорноста за катастрофата на терен и дека игра за клуб со историја и нормално е да фановите очекуваат барем некаков позитивен придонес на теренот.
Картата е 60 фунти, капацитетот на стадионот е 74.000 седишта а тоа е некаде околу 4.400.000 фунти од натпревар. Онаква беда од фудбал не заслужува ни едно пени ...

 
Последно уредено:

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.827
Поени од реакции
11.459
Realno postoi golema shansa za 3 do 4 kola da padnat vo zona za ispagjanje.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.806
Поени од реакции
21.536
Realno postoi golema shansa za 3 do 4 kola da padnat vo zona za ispagjanje.
Ако тоа подразбира идење во чемпионшип и откачување од стаорците сопственици + инеос ... прифаќам !!! Откако се евреите на чело освен беда и мизерија немаме видено ништо друго од Манчестер Јунајтед. Мое мислење е дека со нивното заминување ќе видиме подобри денови.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Секој сам си ја пишува својата судбина, вклучително и Зиркзе. Вака кога ќе погледнеш како се однесува на терен ќе речеш дека човеков е аматер а не професионалец, па имаш притисок од медиуми кои почнуваат да пишуваат дека ќе леташ уште во јануари а ти излагаш нареден натпревар и си дух на терен. Но, ако сме реални тоа вчера сите 11 на терен го правеа а не само Зиркзе, и сите заслужија да бидат свирени а не само поединец. Зиркзе треба да разбере дека сепак сноси дел од одговорноста за катастрофата на терен и дека игра за клуб со историја и нормално е да фановите очекуваат барем некаков позитивен придонес на теренот.
Картата е 60 фунти, капацитетот на стадионот е 74.000 седишта а тоа е некаде околу 4.400.000 фунти од натпревар. Онаква беда од фудбал не заслужува ни едно пени ...

Апсолутно, никој не го иззема од одговорност Зиркзе за неговиот “перформанс” и еден куп утнати пасови. Ја заслужува секоја критика вчера, како и Касемиро, Ериксен, Далот, Лисандро, Аморим и другите.

Ама не и исвиркување “индивидуално” од фановите кога колективно сите беа срање, самиот чин мене лично ми е многу беден.

Аморим за мене има добри 80% од кривицата што почна со Ериксен и Касемиро и што форсираа долги топки, а немаа контрола. За среќа увиде дека не иде и повлече потег, одма се смени ситуацијата на теренот.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.026
Среќна Нова 2025 ѓаволи! Конечно се врати форумот и можеме да прокоментираме за дербито со Ливерпул :D. Ги читам жалопојките после Њукасл, па еве и малку пофалби после Ливерпул. Иако го гледав само второто, тоа што го видов позитивно ме изненади. Ама not sure if ManUtd were so good, or Liverpool had a bad day е работава. Еве шанса веќе в недела да покажат дека тие 2-2 некни не биле случајни. Ме интересира и дали научиле нешто од поразот 2-0 со корнерите или ќе гледаме пак реприза. Она што е побитно е да се земе некое засилување, но изгледа прво ќе треба да се продава, а од пред ден-два се шушка можна продажба на Мајно во Челзи. Лош потег би било тоа ако се жртвува така млад и надежен играч, а да остане ракот од типот на Рашфорд, Каземиро, Антони, итн..Мора да се земе и шпиц, Хојлунд не може да ја истера до крај сезоната и да очекуваме дека ќе има јаки партии.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.753
Поени од реакции
43.935
Добра утакмица против Ливерпул и иако нерешено изгледаше како најфер резултат, ние сме тимот што треба да жали за трите бода, бидејќи имавме зицер за победа со последниот шут на мечот.

Меѓутоа не е прв пат да изиграат мотивирано против ривал. Мора да врзат неколку добри резултати сега. Прво одиме на Емирати, а и Арсенал не е во топ форма, па после да видиме како ќе се носат со на хартија послабите екипи во ПЛ и ЛЕ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.534
Поени од реакции
11.499
За Раш шпекулации колку сакаш а миланезиве изгледа го сакаат на позајмица што е крајно глупа одлука ако го пуштат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom