Овие играчи немаат основни познавања од фубалот. Не знаат обичен пас да сврзат еден со друг, не можат да се погодат на 2 метри, а не пак нешто посериозно. Не можат да блокираат пасови, шутеви, не знаат да се бранат од прекини, не знаат како да исфрлат топка, НЕ ЗНААТ ДА ШУТНАТ ВО ГОЛ, не можат голот да го погодат. Вчера имаа точно две шанси, и двете ги утнаа, ама не голманот да им ја одбрани, ај така да било ќе си речеш одбранил голманот, овие ниту во голот не шутираа. Од 5 метри не знаат 11 метри долг гол да погодат. Не знаат да се позиционираат, спијат, вчера Исак неколку пати му избега на Мартинез, што памтам во 20 и некоја минута искочи сам со Онана, среќа не го лобуваше како што треба, иначе ќе беше 3-0 во 23-24 минута така нешто. Елементари познавања немаат од фудбалот, јас не знам како е можно да се дадени грдни пари за овие играчи, и уште се даваат во вид на плати. Јас би раскинал договор со сите до еден око нема да ми трепне, би ги набркал како кучиња на улица. Еве нека си отидат сите одеднаш да видите во какви тимови ќе заглават. Еден од нив ако потпише за некој топ 15 клуб од Европа дојди и плукни ме. Никаков квалитет немаат, со ништо не придонесуваат во тимот.