Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Дај бе плати нешто во живот мајка му стара. Оди во кино како господин изгледај го и плати си за
Треба да се патува до Скопје. Не дека е далеку ама не возам јас и немам за вакви работи со кого за жал да одам. Сам во Скопје да одам ми е безвезе.
 
Филмовите на Милчо Манчевски често се прикажуваат на Superstar 3 тв каналот
 
Пак, пак и пак. Во два дена 6 сати само сон. Таман се спремам да легнувам утре прва смена, ми паѓат очите ајде реков да измотам некоја програма од навика, и годи шо: Тетовирање на самиот почеток, и како да го исклучам телевизорот. 20 пати ми е изгледан филмот и никако да ми здосади, антологија.
 
На ТракерМК моментално се ставија еден куп македонски филмови во одличен квалитет.

Го имате дури и првиот македонски филм Фросина во БлуРеј квалитет. Резолуција1420x1080

Никако не можам акаунт да направам... ми вика дека треба админ да ме прифати, ни меил ми стигна, ни ништо...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
На Наша ТВ, секоја сабота околу 21 или 22 часот даваат македонски филмови. Претходната сабота го даваа телевизискиот филм "Неверство во зимската ноќ" на Коле Ангеловски.

Првпат го видов како филм, знам дека го даваа порано ко серија од три епизоди. Успеав да ја снимам репризата вчера, ко ќе го спојам ќе го пуштам на Јутјуб.

Туку да прашам, да не го има некој телевизискиот "Седумка, љубов или смрт" од Коле Ангеловски?

Го има уште на YouTube "Неверство во зимската ноќ" на Коле Ангеловски или на некое друго место може да се погледа?
 
Има некаде да се гледа/рента/купи филмот 'Убиј ги прво децата' ?
 
Гледам ќе се снима филм , серија и документарец за Тоше Проески. Але луја им текна ! Истиот ќе го снима МТВ . Се надевам на добар кастинг само незнам каде ќе најдат актер што личи на него? Се надевам нема да запрат со тоа тука и ќе повлече филм или серија за Васка Илиева, Александар Сариевски,Јонче Христовски,Гоце Арнаудов,Драган Вучиќ, и Џаро.
 
Ќе има и маски сигурно, тешко дека ќе најдат некој глумец што личи на него,а може и ќе се бара од цел Балкан не само од Македонија да почекаме.А рандом луѓе има што личат ама не се глумци.
 
Го има уште на YouTube "Неверство во зимската ноќ" на Коле Ангеловски или на некое друго место може да се погледа?
Ако го чувам уште ќе ти го пратам.

А ова за Тоше, нека снимат па ќе збориме. Многу проекти останаа на ‘ќе’. Мислам дур не се сними, нема што да се нагаѓа.
 
Ќе има и маски сигурно, тешко дека ќе најдат некој глумец што личи на него,а може и ќе се бара од цел Балкан не само од Македонија да почекаме.А рандом луѓе има што личат ама не се глумци.
Имаше вест дека ќе било со уште некоја балканска продукција. И од регионов биле заинтересирани за снимање филм и серија за Тоше.

МРТ ќе биде носител на целиот тој проет само требало да распишат конкурс.

Министерството за култура и туризам имаат потпишано договор со Euroimagеs во вреднос од 9 милиони денари депозит за финансирање да се снимаат македонски серии.
 
Последно уредено:
Ако го чувам уште ќе ти го пратам.

А ова за Тоше, нека снимат па ќе збориме. Многу проекти останаа на ‘ќе’. Мислам дур не се сними, нема што да се нагаѓа.
Баш така. И јас уште не верувам дека ова ќе го види светлото на денот. Сличен хајп имаше за Шеќерното дете на Изи, филмот за Цар Самоил на Митриќески, а дури и за Александар Македонски имаше проект, чинам, сега не можам да барам на кого беше. Тие за еден Кочо Рацин снимија серија па стоеше во фиока со години од страв да не згазне на мало прсте на некои надвор, а не па нешто друго. Македонија е земјата на „ЌЕ“ = идно време од глаголот „ЛАЖЕ“.
 
И Дарко Митревски со новиот филм за Мис Стон и серијана Македонија и првенецот на Русјаков ко режисер и уште еден куп што не видоа светлина...

Уште поневеројатно е дека ќе се случи филмот што МРТ е носител на проектот. Телевизија што нема снимено своја серија/телевизиски филм последниве 15 години и врв во овие 15 години им е пренос од ракомет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom