Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
THE CHOSEN ONE
aj edna analiza za prorokot, moze?
Limitot od 500 postovi ne vazi za mene.
I posle 5000 posta ne mozesh mene da me defenirash.
Ama zatoa mozesh da se obidesh.
Дефиницијата за тебе како единка која се активирала во одредена дејност,сфера во која се бара да се искаже личното мислење,секогаш може да се добие на база на тоа што си го напишал,па затоа секој его-момент е непотребен,бидејќи лесно е навистина да те дефинира човек,и тоа со многу помалку постови од овие кои ги имаш сега.

Овојпат ќе си земам за право да направам малку реструктуирање во веродостојноста на анализата,бидејќи Избраниот е лик кој има многу моменти на брилијантно постирање,кои мора да се овековечат.

Што е тоа мозок?
Моментот во кој го запознаваме Избраниот како форумски заебант,лик кој не се плаши од себекомпромитирање само за да извлече насмевка од масата.Тој нас не става во ситуација да го проследиме овој краток,но феноменално обмислен пост,за потоа навистина да размислиме колку концептуално е оправдана нашата интелегенција,и како таа апаратура фактички функционира.


Овде Избраниот навистина докажува дека и во претходниот цитат во кој рекламираше неперцепирање на поимот "мозок",имало некоја длабочина.Тој умешно знае како треба да се постапи за да се добие поента.Почетниот хумор му е беспрекорен,потоа поентата му е spot on,за на крај да заврши со giggle-implied реченица во која го потврдува првичниот смисол за хумор,за да читателот полесно ја проголта поентата која извршила страшен импакт во неговото сфаќање.Знае Избраниот како да пласира ставови.

Ne treba, toa e evel, sramotno e :pos2:
Овде Избраниот ја заебува работата и ја уништува сликата на беспрекотрен хуморонабиен пророк.Со оваа ужасно смешна граматичка грешка,тој покажува пониско ниво на перцепција и докажува дека најчесто не е свесен каков импакт има тоа што го напишал во очите на другите.Значи го напишал на неразбрано,а не од желба за да се постигне некој неординарен ефект.
Evel бе еј...

Настрана заебанции,Избраниот навистина остава постови во кои ништо не докажува,не дебатира,поставува прашања,а одговорите,ако не му се по мерак,ги карактеризира како глупи.Исто така,Избраниот има проблем со варењто на ствари кои не ги сака и не ги разбира.Многу често плука наоколу и многу често без ни грам компетенција пишува по теми.Не го интересира филозофија и емпириски докази,па и тоа му е глупо.И сите луѓе кои се навлезени во тие сфери му се глупи.Глупи му се теми во кои се обработува човековата душа,оти таа тој смета дека е позајмена од Господ и нема ние што да ја дисекцираме или да ја бараме нејзината суштина.
За него се е Јасно.Јехова не е глуп,се друго е глупо.И крај.

Kolede lede e glup paganski obicaj.
Фрлањето на крстот е далеку поглуп.
Но овде навистина незнам какви се ставовите на Избраниот за овие работи.Бидејќи мислам дека Избраниот е Јеховин Сведок,а со тоа има некои поинакви сфаќања за тоа како треба да се практикува Верата.
Ова е најсуштинската работа кај секој еден човек.Структурата на верувања го определува донекаде неговиот карактер и неговото однесување.Гледано по тоа како Избраниот докажува дека неговата секта е правилното нешто,како умно постапува и благонаклонето,тивко реагира на провокации,јас би рекол:"Бегајте од Сведоците"...доказите ве упатуваат кон тоа.
Учете од другиот.
Учете од Избраниот.

Члену Библијата е книга преку која Бог му се открива на човештвото, мислиш дека Бог ќе дозволи Библијата да биде модифицирана?
Ако на Бог му пукне филмот може да направи покољ па да не остане ниту еден жив човек а ти тука ми збориш дека некои глупи мравки таканаречени луѓе ќе му контрираат.
Избраниот гледа Матрикс.
И многу е исплашен.
Свесен е дека само едно од тие два тромадола го дава резултатот кој ја носи вистината со себе.
Но тоа му носи болка.Наоколу,сите го земаат оној лажниот тромадол,оној кој не прави бед филм,оној Новозаветскиот.Тој ужива во старозаветскиот бед тромадол.Тоа е за него најдобриот трип.И се надева,во тие хај моменти,дека Вистината ќе ги казни оние кој скршнуваат од предодредениот трип.Трипот на Човек-Овца,Човек-Маченик,Жртва..
За него,новозаветските луѓе се глупи,Библијата е Стариот завет полн масакри и грозотии,и крај.

Abe luge vie stvarno mislite deka covekot ke sozdade AI?
Covekot nema umstven kapacitet da sozdade muva ne kamoli AI mozok.
Prikaski za mali deca...​
Не игра компјутерски игри.Не знае како е да играш Call of Duty и некој Авганистанец да ти ја распрсне главата.Не игра шах против компјутер.
Глупо му е.

Но,и покрај глупите работи,тој се труди да биде запознаен со што повеќе сфери,и така неговото присуство никогаш да не би било вишок...

Shala na strana ,licno jas slusham sekakva muzika osven turbofolk metal ne slusham posto nemam vishak na negativna energija koja bi ispucaval na nevini ljudski bitija.
Shtom jas ne slusham hevimetal togash anketata sto ja pravele ispaga deka e fake.

Lazam.
Se izlazav.

Slusham new metal POD i KORN ustvari KORN ne go podrzuvaat NEW Metalot posto mnogu imam citano znam za metalot znam deka metalcite se podeleni na dva klana istsajd i westsajd vo vestsajd bea 2Pac i Biggi ali gi ubia posto bile spiuni na Istasajd-ot.
Ustavri poima nemam od metal i ostali trakatanci i derivati i repromaterijali samo znam 2 metal grupi POD i KORN za koga ke me prasat nekoi metalci:
Sto muzika slushash?
Jas ke im recam KORN Rulz kolku za da ispadnam cool.
Освен неговото општо познавање од музиката,тој исто така сака да се релаксира.Гледа и сериички и филмчиња...

Доктор Фрејзер
Семејни Врски
Жикина Династија
CSI
Се на се,личност која навистина е уникатна.Мора да ви се допадне.Има харизма,мудрост и е многу прониклив.И се надевам знае за сарказмот и иронијата како поими.

Освен тоа,тој е пророк.Тој го знае патот и е далеку повеќе свесен за иднината на човештвото од сите нас овде.Ако го слушаме Избраниот,успехот е загарантиран.

Hilary Clinton ke pobedi 100%.
Koj saka da se kladi so mene?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Raziel mala zabeleska.
Mojata greshna prognoza deka Hilary ke pobedi beshe pred najmalce 6 meseci.
No e opravdana bidejki vo toa vreme ne znaev za Severna Americka Unija.
Ne sum Jehovin Svedok.
Sum bil edno 20 pati na nivnite sostanoci.

Raziel dzabe si tipkal na tastaturata 20 i kusur minuti.
Toa sto si se potrudil da mu napravish analiza na Izbraniot ukazuva deka imash respekt kon nego i negovoto delo.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Рациел, ќе мојш да одвојш време за мене?:)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
и за мене и за мене
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Raziel dzabe si tipkal na tastaturata 20 i kusur minuti.
Toa sto si se potrudil da mu napravish analiza na Izbraniot ukazuva deka imash respekt kon nego i negovoto delo.
Неам појма шефе зошто сум пишувал.Глуп сум,јебига.

Рациел, ќе мојш да одвојш време за мене?:)
Имам одвоено,барај си ја назад низ страни.
И веќе не анализирам.Тенк ју.
 
С

Сатори

Гостин
Драга моја Марија, каснам со анализата, но врувај ми, подобро сега отколку тогаш.:smir:
Се извинувам на претераната искреност, знам, знам дека не треба.

Млада девојка која што секој ден го мине играјќи си со ножните палци, заробена во луна паркот на своите мили пријатели, роднини и родители.Да беше изводливо бегството, ќе можеше да се каже и за тебе сонце дека си стабилна, смирена и спокојна, но како што е светот суров со сите нас, тебе ти ја дал улогата на младоста која што во исто време ти дава можност да го правиш она што го сакаш и ти го зема штом го допреш.

Така се игра кај „големите“ момчиња, така не лажат.
Иако постојано велиш дека големината и оргиналноста треба сами да се приметат, толку упорно се трудиш да ги истакнеш, што секој твој гест ја одава твојата лична индивидуалност, како обид да се остави трага дури и во воздухот.
Јас бев тука, го издишав.

Преголемо влијание од страна на постариот брат, кое подоцна успеа да мутира во преголемо влијание од страна на даркерите во Младински.Посебна приказна и период во животот кој што колку што зема, толку дава, уништувајќи ги здравите клетки што овозможуваат вистинска социјализација која што не се појавува зад параваните на маските, а на некои места сме без маски, нели сонце?

Бегството што го пронаоѓаш во философијата на нашата мајка природа, претварајќи ја во поле на интерес, наместо во животен стил од кој што се црпи енергија, за мене е многу интересна појава.Негирајќи ги големите сили на кои што сепак им се поклонуваш и додека ја бакнуваш розата сепак им се предаваш.Од тука и сите тие метафори на идејата, да се искористи самата природа за да може да се создаде, се поклонувам пред идејата, колку и да е морбидна, ама ти тоа го сакаш.

Дамата на хаосот, господарката, божицата, тоа се случува кога си ги поставуваме прашањата на кои што никој сеуште не успеал да смисли добар одговор.На млади години сакаше да го знаеш она што мудрци пред смртта не го научија, така се создаваат божиците, од пепелот и остатоците на скршените вазни што оној што ги скршил не се завртил да ги собере, а не да ги состави.Преопседната со сама себе и со своите лични проблеми, дилеми, идеи, ставови, приказни, преоптоварена со изгледот во огледалото.Егоцентрик до граница на нарцис со претензија за ново ниво на мразење на сопствените ножни палци и црни нокти.

Две риби пливаат една спроти друга, екстрем до крај, почеток во границата на новата земја.Коцкарскиот поглед и играч на блек џек, се во едно, секако, ризикот е голем, поразот е сигурен.
Зошто никогаш не слушаш?
Ц ц ц ...

Мазохист, садист, неколку постапки за да патиш ти сама, за да пати тој што е до тебе и на крај, спасоносната идеја за да го избавиш светот и неговите маченици од агонијата во која што со текот на времето западнале.Ама, бејбе, ништо од тоа не е битно кога сами се јадеме во супата што друг ни ја зготвил.

Што би рекла ти:
„Никогаш немој да бидеш предолго среќна.“
Се гледаме /мај лавли бејби, ајм прауд оф ју, скоро секогаш. :costumed4
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Raizel
Типчето што преку ред му правам анализа


Понижуваш,ги гледаш луѓето од високо,им маваш лапушки заради нивната глупавост,нивните верувања...ги исмеваш заради нивната затвореност во светот што го градат цел живот...и уживаш во тоа..ти дава моќ и сатисфакција...
Различен си од другите...ја сакаш готиката а тоа те прави чуден за околината па цел живот те гледале како чудак,а тоа ужасно ти смата,но тоа те направило паметен,интелигентен и посилен,ама сепак се силиш на другите...
Се пронаоѓаш во винцент(клипчето на профил)повеќе од колку што сакаш...се противиш на своите желби и ставови само за да не бидеш отфрлен...
Интересен муабет бај д веј
He's an ugly little kid from local surroundings.
Everyone makes fun of him,has no friends...you get the picture.
Уживаш да бидеш саркастичен,и тоа на англиски,тоа те прави попаметен од другите,тој што нема да те разбере ќе биде глуп и ти нема да се замараш...
Сакаш да дебатираш,да докажуваш,да им објаснуваш на луѓето каде грешат...

Разиел е анѓелот на мистериите,чувар на тајни...
Имаш тајни и си многу мистериозен...барем сакаш да бидеш...
бараш човек што ќе ти ги чува тајните,онака како што ги чуваш ти....
некој кој ќе стои позади тебе кога имаш,за останатите смртници,чудни идеи...

Се посветуваш на работи тотално...
Не си ограничен но сепак не сакаш кога ти контрираат.....
Затворен си...
Сепак
Длабоко во тебе има потенцјал дури да станеш мил...ти се дешава да имаш моменти на нежност,ретки ама потруди се и ќе бидат повеќе...
Доста ти е ме мрзи да читам 470 постови
:smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Честитки! Штотуку заврши фејс лифтингот на темава.
Сега е ослободена од брчките во форма на 2 страни, или 30 офтопик поста, и така освежена и подмладена, може да продолжи со наште луцидни, духовити, сериозни,дудлачки, Фројд ванаби и сл. психо-анализи.

Се надевам дека нема повторно да го нагрдите нејзиното разубавено лице со беспотребни препукувања и мудрувања. Таквите...на мсн, по пп, на профили и тако даље.

Нека и е на здравје промената и да бидеме умни.

Ki$$4inja
P0zzz
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
woша Ада ќе може една анализа од тебе?

:se_moli: :kolenici:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
woша Ада ќе може една анализа од тебе?

:se_moli: :kolenici:
дечко чекај си ред..
јас сум пред тебе
длабоко извинување за офтопикот
нема да се повтори*трепка*
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе магде мене не ми рекоа ни ДА ниту пак НЕ, не сум ти конкурентен :pipi:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
^^^магде^^^, опростено ти е чедо.
Apokalipto, исправи се синко, ќе добиеш анализа...НО

Аде-то има правило. Прво една за неа, па после една и од неа. На ти, дај ми дил. Ја мислам фер зделка е тоа, а?
:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom