aj edna analiza za prorokot, moze?
Limitot od 500 postovi ne vazi za mene.
I posle 5000 posta ne mozesh mene da me defenirash.
Ama zatoa mozesh da se obidesh.
Дефиницијата за тебе како единка која се активирала во одредена дејност,сфера во која се бара да се искаже личното мислење,секогаш може да се добие на база на тоа што си го напишал,па затоа секој его-момент е непотребен,бидејќи лесно е навистина да те дефинира човек,и тоа со многу помалку постови од овие кои ги имаш сега.
Овојпат ќе си земам за право да направам малку реструктуирање во веродостојноста на анализата,бидејќи Избраниот е лик кој има многу моменти на брилијантно постирање,кои мора да се овековечат.
Моментот во кој го запознаваме Избраниот како форумски заебант,лик кој не се плаши од себекомпромитирање само за да извлече насмевка од масата.Тој нас не става во ситуација да го проследиме овој краток,но феноменално обмислен пост,за потоа навистина да размислиме колку концептуално е оправдана нашата интелегенција,и како таа апаратура фактички функционира.
Па фала богу дека сме од мајмуни настанати еве јас конкретно сум најглупиот мајмун знам банани да јадам, живеам во глутница кога имам време се глупирам по форуми тоа се доволно докази дека сме од мајмуни настанати
Шала на страна вие навистина верувате дека со текот на времето една мува еве и риба нека биде може да еволуира за 2,3 милјјарди години во човек
попрво ќе се обесам јавно на плоштад пред сите медиуми отколку да верувам во такви глупости
Бесење на плоштад Рулз
Овде Избраниот навистина докажува дека и во претходниот цитат во кој рекламираше неперцепирање на поимот "мозок",имало некоја длабочина.Тој умешно знае како треба да се постапи за да се добие поента.Почетниот хумор му е беспрекорен,потоа поентата му е spot on,за на крај да заврши со giggle-implied реченица во која го потврдува првичниот смисол за хумор,за да читателот полесно ја проголта поентата која извршила страшен импакт во неговото сфаќање.Знае Избраниот како да пласира ставови.
Ne treba, toa e evel, sramotno e :pos2:
Овде Избраниот ја заебува работата и ја уништува сликата на беспрекотрен хуморонабиен пророк.Со оваа ужасно смешна граматичка грешка,тој покажува пониско ниво на перцепција и докажува дека најчесто не е свесен каков импакт има тоа што го напишал во очите на другите.Значи го напишал на неразбрано,а не од желба за да се постигне некој неординарен ефект.
Evel бе еј...
Настрана заебанции,Избраниот навистина остава постови во кои ништо не докажува,не дебатира,поставува прашања,а одговорите,ако не му се по мерак,ги карактеризира како глупи.Исто така,Избраниот има проблем со варењто на ствари кои не ги сака и не ги разбира.Многу често плука наоколу и многу често без ни грам компетенција пишува по теми.Не го интересира филозофија и емпириски докази,па и тоа му е глупо.И сите луѓе кои се навлезени во тие сфери му се глупи.Глупи му се теми во кои се обработува човековата душа,оти таа тој смета дека е позајмена од Господ и нема ние што да ја дисекцираме или да ја бараме нејзината суштина.
За него се е Јасно.Јехова не е глуп,се друго е глупо.И крај.
Kolede lede e glup paganski obicaj.
Фрлањето на крстот е далеку поглуп.
Но овде навистина незнам какви се ставовите на Избраниот за овие работи.Бидејќи мислам дека Избраниот е Јеховин Сведок,а со тоа има некои поинакви сфаќања за тоа како треба да се практикува Верата.
Ова е најсуштинската работа кај секој еден човек.Структурата на верувања го определува донекаде неговиот карактер и неговото однесување.Гледано по тоа како Избраниот докажува дека неговата секта е правилното нешто,како умно постапува и благонаклонето,тивко реагира на провокации,јас би рекол:"Бегајте од Сведоците"...доказите ве упатуваат кон тоа.
Учете од другиот.
Учете од Избраниот.
Члену Библијата е книга преку која Бог му се открива на човештвото, мислиш дека Бог ќе дозволи Библијата да биде модифицирана?
Ако на Бог му пукне филмот може да направи покољ па да не остане ниту еден жив човек а ти тука ми збориш дека некои глупи мравки таканаречени луѓе ќе му контрираат.
Избраниот гледа Матрикс.
И многу е исплашен.
Свесен е дека само едно од тие два тромадола го дава резултатот кој ја носи вистината со себе.
Но тоа му носи болка.Наоколу,сите го земаат оној лажниот тромадол,оној кој не прави бед филм,оној Новозаветскиот.Тој ужива во старозаветскиот бед тромадол.Тоа е за него најдобриот трип.И се надева,во тие хај моменти,дека Вистината ќе ги казни оние кој скршнуваат од предодредениот трип.Трипот на Човек-Овца,Човек-Маченик,Жртва..
За него,новозаветските луѓе се глупи,Библијата е Стариот завет полн масакри и грозотии,и крај.
Abe luge vie stvarno mislite deka covekot ke sozdade AI?
Covekot nema umstven kapacitet da sozdade muva ne kamoli AI mozok.
Prikaski za mali deca...
Не игра компјутерски игри.Не знае како е да играш Call of Duty и некој Авганистанец да ти ја распрсне главата.Не игра шах против компјутер.
Глупо му е.
Но,и покрај глупите работи,тој се труди да биде запознаен со што повеќе сфери,и така неговото присуство никогаш да не би било вишок...
Shala na strana ,licno jas slusham sekakva muzika osven turbofolk metal ne slusham posto nemam vishak na negativna energija koja bi ispucaval na nevini ljudski bitija.
Shtom jas ne slusham hevimetal togash anketata sto ja pravele ispaga deka e fake.
Lazam.
Se izlazav.
Slusham new metal POD i KORN ustvari KORN ne go podrzuvaat NEW Metalot posto mnogu imam citano znam za metalot znam deka metalcite se podeleni na dva klana istsajd i westsajd vo vestsajd bea 2Pac i Biggi ali gi ubia posto bile spiuni na Istasajd-ot.
Ustavri poima nemam od metal i ostali trakatanci i derivati i repromaterijali samo znam 2 metal grupi POD i KORN za koga ke me prasat nekoi metalci:
Sto muzika slushash?
Jas ke im recam KORN Rulz kolku za da ispadnam cool.
Освен неговото општо познавање од музиката,тој исто така сака да се релаксира.Гледа и сериички и филмчиња...
Доктор Фрејзер
Семејни Врски
Жикина Династија
CSI
Се на се,личност која навистина е уникатна.Мора да ви се допадне.Има харизма,мудрост и е многу прониклив.И се надевам знае за сарказмот и иронијата како поими.
Освен тоа,тој е пророк.Тој го знае патот и е далеку повеќе свесен за иднината на човештвото од сите нас овде.Ако го слушаме Избраниот,успехот е загарантиран.
Hilary Clinton ke pobedi 100%.
Koj saka da se kladi so mene?