И јас полагав надеж во Маслинко, дечкото има предиспозиции за да игра модерна 4ка, ама додека нашите спортски работници сеуште се гордеат со тоа дека сме биле југословенска школа, ќе служи дечкото само за правење блокови на рогови и Т, ебате акциите мизерни што во Америка ги играат на 5 години.
Тие што работат со кошарка, немаат никаква визија за кога ќе видат едно дете да препознаат што би играл во иднина, да следат во светот како се игра, и на каде се движи кошарката. Ти си низок играш бек, ти си висок играш центар, ајде сеа 5 на 5 без да тапне. Само уште ние останавме што играме со бекови пониски од 1.90, на првата утакмица кога го гледаш Николов како пренесува топка покрај бековите на Литванија, изгледа како мало дете. Еден Алекса Аврамовиќ во Србија што е најнизок во репрезентација и се смета за низок бек е 1.93, да не зборам за Николов, Стајиќ, Робев и сличните полуиграчи.
Не ми е поентата само да ги навредувам за нешто што они самите не се криви, толку пораснале тоа им е, толкави им се квалитетите, јас ги обвинувам сите стручњаци што работат со децата уште од мали, немаат никаков пристап према нив, им се дерат на тренинзи и утакмици, за нешто што ни самите не знаат да им го објаснат како се прави. А со тоа прават и да се откажат од играње кошарка. Дечко ако не си Жељко Обрадовиќ немој да ми се дереш у фаца и да му глумиш нешто.