Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Рејзрблејд Кис-от


Рејзр, ти ме асоцираш на 3 бои, и тоа сите 3 заедно во комбинација.

- Црно,бело и црвено.

Првата слика за тебе што ми излегува пред очи е една голема,црвена и цинично искривена уста.


- А понекогаш и црна со многу бели заби.

Фактот што ти всушност ме асоцираш на нешто, значи дека имаш навистина изграден стил, кој остава впечаток,а можи и да се речи дека така ја заработи мојата почит.
Стилот ти е уникатен, мистериозен, несекојдневен, и мислам дека токму заради тоа и ме асоцираш на тие 3 бои, кои ја поседуваат твојата природа и спрема мене најдобро те отсликуваат.
Во исто време пак, истите тие асоцираат на иронијата и сарказмот, поради кои си препознатлива во многу случаи.

Од една страна си хромат (црно,бело,сиво), мистерија, загадочност, црна пеперутка, темнина, а од друга си страст (црвено), црвен кармин, жилет,крв,хорор и сите заедно: чудна врста на хроматски андерграунд.

Истата страст се сретнува во текстовите на Зададена.
Речениците кои ги составуваш, буквално ’’жежат’’.
Ставаш еден ироничен збор или една тотално саркастична реченица и сосема е доволно човек да го добие целовкупниот впечаток за нештото.

Ти си ти, немаш лигава страна, туку имаш коректна и прифатлива, и немаш даркерска, туку имаш иронична елеганција која зрачи острина,дефинираност.
Ми се допаѓа што практично докажуваш дека за да си “дарк„ не мора да ставаш аватари со сечени вени, бидејќи самиот ник е доволно количество хорор сам по себе.

Твојата емотивна страна,меџутим, иако не ја познавам, изгледа прилично....неемотивна.
Не си лигава (шо ми е многу драго!),ама не си ни стегната.
Ја искажуваш истата на неемотивен начин.
Нема иронија - нема ни солзи.

РејзрблејдКис, д’секондхенд фантазма...

- Ти си црно-бело хипнотизирачко тркало.


-Влез во црно-белата фантазија на сивиот свет и црвена уста со цинична насмевка на
Jack-in-the-box.​



Рејзр, ти си спешл. :back:​



И на крај, поклон, бонус-пек:​

 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Ај може некој мене да ме анализира :pipi:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Ај може некој мене да ме анализира :pipi:
Пак ја :)
маца_кака е доста принципиелна личност ако точно мислам :)
Голем фан е на Милан и уште поголем на Рикардо Кака’, убедливо најдобриот и незаменливиот според неа. Во душа добра личност, ако не ја налутиш...е сега ако ја налутиш мисли му! Јбг, така е, за ова сум сигурен, а имам и искуство.

Сака да биде сакана и прифатена од другите. Полна е со емоции, знае вистински да сака. Оној ден видов што има напишано на мсн, за Тоше :(
Доста е дружељубива, сака да стекне нови пријателства и сака да ги негува старите..лол :)

Многу е нестрплива колку што можам да забележам, се сака набрзина да направи. Некогаш и не мисли на последиците :) Исто така доста е тврдоглава, некои работи, колку и да се трудиш, нема шанса да и ги објасниш.

Секаде, пошто нели сака да биде прифатена, како што пишува горенаведеното, долу напишаното :pos: брзо се вклопува.

Многу ја сака и почитува сестра и росонерка, но мислам дека понекогаш знае да се скара со неа (претпоставка моја!)

Него почнав да забегувам, за да не забегам уште...
Се одјавувам од темава!
ПоздраФ!:helou:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Крејзи Појол

Еден од моите омилени ликови на форумот, кој најчесто знае да ме насмее и кога е мртов озбилен.
Не треба многу текст за да се анализира еден ваков дечко, но сепак, му должам, па тоа што имам редно е да го напишам ...:pipi:

Доколку малку подлабоко се зачитаат неговите мислења на форумов, секој може да сфати дека Крејзи е пример и доказ за тоа дека постојат исклучоци од паметни, предвремено созреани и скоро комплетно оформени деца. Крајно толеранто и воздржано момче, кое благодарејќи на својот разум, ако сака, знае во секоја ситуација како да се снајде. Тоа не е често така, не сака секогаш да е воздржан, но бидејќи секогаш секоја негова постапка ја преиспитувам, можам да кажам дека и кога го фаќаат неговите моменти, го фаќаат со право. Не дека тој не е свесен за тоа - напротив. Со чиста совест, наместо бурно да реагира во покомплицираните за него моменти, врти на сеир и реметење, затоа што мисли дека е над другите, кои на некој начин го испровоцирале. Го избира тој начин за да возврати, што за мене е еден од подобрите, за разлика од многуте други. Не се преценува и тука ... се додека држи некое свое ниво, без оглед како изгледа на другите, тој е човекот.
Значи, не сум прочитала некогаш од него (не го знам лично за жал, затоа само за неговиот пишан збор кажувам) нешто случајно и несредено напишано. Колку и да изгледа така, на некој начин сум го провалила дека не е точно тоа. Секој негов збор има свое значење и причина зошто е напишан. Тоа е мојата причина што имам високо мислење за него. Во мои очи е едно дете со блескава иднина, бидејќи ако така функционира на форум, верувам дека позрело го прави истото во реалниот живот.
Неговата заинтересираност за политиката и се` околу неа, мислам дека може еден ден да го внесе токму во неа. Златен, ти би бил добар политичар ... ако биде така и ако твој приоритет биде да ја делиш Македонија, верувам дека ептен политички и културно ќе го изведеш тоа ... :pos2: :pos2: :pos2:
Мала шала на која жими се` неможев да и одолеам!:kiss:
Ако сум озбилна во врска со тоа, ќе кажам дека ако си еден ден политичар и ако твоите колеги го сакаат тоа што го кажав претходно, ти не би дозволил истото да се случи. Ти си еден образован Албанец кој живее и сака да остане да живее во својата земја. Реален си, знаеш да застанеш зад својот народ, но не знаеш од срце да застанеш против друг. Не си од тие провокаторите со некакви негативни замисли и планови и самиот истите не ги поштоваш, а тоа навистина е за поздрав. Токму затоа во општа расправија би застанала побрзо на твоја страна ... немаш покварено и злобно срце и не заслужуваш многу од тоа што го добиваш.
Сепак, ти си јак, тоа не те погодува. Ако веќе успеваш од сега зрело да реагираш на општиов наш хаос, понатаму уште полесно ќе го правиш тоа.
Можеби повеќе се задржав на нешто што не очекуваше, но во тие теми најмногу те има, таму најмногу те гледам, па тоа и најмногу можам да го изреализирам на некој начин.

Уште нешто ... интересно за аватарите и потписите е тоа што знаеш да си го направиш денот со нив. Изиграваш будала (не за џабе си го избрал и јузерот токму таков) со тоа што ќе стегнеш некој орел или некоја провокаторска реченица, ќе збеснеш милион членови, а од страна со смешкање го пратиш тоа, дека мислиш како само ти знаеш дека се зае*аваш. Знам и јас златен, затоа никогаш не се пуштам да ти избришам нешто такво, секако и брзо после реакциите сам менуваш. Си ги постигнуваш целите секогаш, закон си ми.:kiss:
Бркај работа сега, незнам што да ти кажам друго ...
Всушност знам ... разработи го мозочето малку и врати ако имаш нешто ... ако не здравје, ќе ти се светам еден ден, цела напатена.:vozbud: :pos2: :smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дивајн расположена за да ме анализираш?:)
Прибидејќи немам појма од анализи, вака исфрлам мислења кога сум станата на лева нога, неспиена со денови или па општо ми доаѓа само по себе. Но, ветувам дека ќе те имам на памет ... тоа ваљда значи дека ќе биде годинава ...:podsmev: :smir:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Прибидејќи немам појма од анализи, вака исфрлам мислења кога сум станата на лева нога, неспиена со денови или па општо ми доаѓа само по себе. Но, ветувам дека ќе те имам на памет ... тоа ваљда значи дека ќе биде годинава ...:podsmev: :smir:
Ја чекам,кога тогаш:)...

Вечерва до 1 ипол сум слободен така да кој сака да го анализам нека повели..:pipi:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Дивајн, може јас една анализа од тебе да добијам? :icon_bigg Кога - тогаш, ќе си чекам колку треба. Ако може, нели. :)
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
billa bong може и една за мене од тебе
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Пуцај една за мене. :)
Ливерпул Фан..


Еве бате ја отвараш ти ја отвараш вечерта...

Турчинче..заебано,љубопитно,дружељубиво,среќно,секогаш весело:)..овие особини се како краток опис за почеток..

Бертане ти си едно многу добро човече...многу добродушно пред се...секогаш гледаш да помогнеш,колку и да е тешко тоа..

Нормално морам да кажам дека си невиден фан на Ливерпул...еден од најголемите фанови на црвените:)...

Секогаш го следиш твојот тим и во победи и порази:)..и нормално изразуваш најразлични чувства на нервоза-доколку е пораз и среќа-доколку е победа:)...

Сакаш да се забавуваш и да слушаш музика,токму и затоа ме адна на мсн за да ти ја пратам...ако добро се сеќавам од Blue-You make me wanna..сакаш журки и добар провод..

Сакаш убави и паметни девојки...и мислам дека имаш успех и оставаш добар впечаток кај девојките...

Во моментов мислам дека беше во потрага по некоја ако не се лажам,што значи дека на си женкар:)

Имаш 5 работи без кој неможеш тоа ти се:Фудбалот,другарството,семејството,компјутерот и девојките барем јас така мислам:)..

Што се однесува на тоа каков си како член..тука не се менува ништо...и овде се обидуваш да помогнеш,да се докажеш,да оставиш добар впечаток кај членовите и тоа ти успева..

Постовите ти се најчесто кратко но јасно напишани...не се многу педантни ама ај:)..

Пишуваш секаде,највеќе во Фудбал и Играчница...и често аватарите ти се со фудбалери,кои настапуваат за Ливерпул секако:)..во моментов аватарот покажува дека си на некој начин осамен(не во права смислам,ама така некако).

Потписите исто со фудбал најчесто поврзани...

Во главном мислам дека имаш оставено позитивен впечаток кај сите членови на форумов..

Незнам што уште да кажам за тебе...мислам дека е доволно и дека ќе ти се допадне анализата...

Се гледаме на собиранка,нормано ако доаѓаш...
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
5.124
Поени од реакции
35
Ливерпул Фан..


Еве бате ја отвараш ти ја отвараш вечерта...

Турчинче..заебано,љубопитно,дружељубиво,среќно,секогаш весело:)..овие особини се како краток опис за почеток..

Бертане ти си едно многу добро човече...многу добродушно пред се...секогаш гледаш да помогнеш,колку и да е тешко тоа..

Нормално морам да кажам дека си невиден фан на Ливерпул...еден од најголемите фанови на црвените:)...

Секогаш го следиш твојот тим и во победи и порази:)..и нормално изразуваш најразлични чувства на нервоза-доколку е пораз и среќа-доколку е победа:)...

Сакаш да се забавуваш и да слушаш музика,токму и затоа ме адна на мсн за да ти ја пратам...ако добро се сеќавам од Blue-You make me wanna..сакаш журки и добар провод..

Сакаш убави и паметни девојки...и мислам дека имаш успех и оставаш добар впечаток кај девојките...

Во моментов мислам дека беше во потрага по некоја ако не се лажам,што значи дека на си женкар:)

Имаш 5 работи без кој неможеш тоа ти се:Фудбалот,другарството,семејството,компјутерот и девојките барем јас така мислам:)..

Што се однесува на тоа каков си како член..тука не се менува ништо...и овде се обидуваш да помогнеш,да се докажеш,да оставиш добар впечаток кај членовите и тоа ти успева..

Постовите ти се најчесто кратко но јасно напишани...не се многу педантни ама ај:)..

Пишуваш секаде,највеќе во Фудбал и Играчница...и често аватарите ти се со фудбалери,кои настапуваат за Ливерпул секако:)..во моментов аватарот покажува дека си на некој начин осамен(не во права смислам,ама така некако).

Потписите исто со фудбал најчесто поврзани...

Во главном мислам дека имаш оставено позитивен впечаток кај сите членови на форумов..

Незнам што уште да кажам за тебе...мислам дека е доволно и дека ќе ти се допадне анализата...

Се гледаме на собиранка,нормано ако доаѓаш...
Не ме погоди за љубовта, осамен сум да, и за другите работи ме погоди ... Се глеаме на собиранка. :helou:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
billa bong може и една за мене од тебе
Маца_Кака...

Еве ја и твојата анализа Маци:)...

Ти си исклучително добра и насмеана личност...

Личност која нема негативна особина,туку е само позитивна личност...

Добродушна си имаш многу меко срце,но не дозволуваш никој да си игра со тебе...

Сакаш забава и добри журки,сакаш добра музика...секогаш весела:),позитивна личност:)

Го сакаш и највеќе на светот ти значи семејството,не би можела без него и секако без твојата поголема сестра...која е секогаш тука да ти помогне во тешките моменти..
Интересна си ми ретко да најдеш девојка која е запалена за фудбал..

Тешко да се најде девојка која толку го сака Милан и никогаш не пропушта натпревар во кој игра Милан...
Росонерка во душа,Кака во срце:)...

Зошто Кака во срце?Тој ти е омилен фудбалер претпоставувам и воедно твој идол...
Ќе те цитирам што ми рече пред малце кога ме праша за кој навивам од Италија...

"bolje sto ne navivas za Milan samo ke se nerviras"...ме изнасмеа просто неможев да верувам дека девојка ми збори за нервози во Фудбалот:)
Ама ете и тоа те прави посебна личност,значи го сакаш спортот и уживаш да гледаш...било каков спорт,но пред се Фудбал..

Во врска со љубовта незнам,не сме збореле многу на таа тема...
Само знам дека те нервираат самобендисани типци,кои мислат дека ти ќе трчаш по нив....
Иначе...мислам дека и ти си една од тие девојки..кои го чекаат својот принц на бел коњ..
кој искрено се надевам ќе дојде за брзо време:)..

Што се однесува на тоа каква членка си...

Значи и на форум ја искажуваш љубовта кон Милан и Кака...преку ставање на аватари и потписи со ликот на Кака и амблемот на црвено црните:)..
Колку што можам да забележам уживаш да пишуваш во Играчница...зошто само таму ти е забавно..,
.нормално и од време на време во другите форуми пишуваш,ама највеќе во Играчница...

И ти исто ми имаш остаено добар впечаток,се надевам и на другите членови им имаш оставено ист впечаток како на мене...

Мислам дека е доста,исцрпив толку колку што можев,толку колку што те знам....се надевам дека си задоволна,па се гледаме на собиранка,нормално ако доаѓаш:)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дивајн, може јас една анализа од тебе да добијам? :icon_bigg Кога - тогаш, ќе си чекам колку треба. Ако може, нели. :)
Јас се гледам себе си во тебе. Ќе испадне како да си раскажувам самата каква сум. Но, неможам да те одбијам, а ветувам ќе се потрудам да не сум пристрасна ... ќе биде деновиве, ќе дадам се од себе да ми дојде инспирација за двајцата.:back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom