Crazy in love
29 Април, 1989... Бик. Змија во кинески. Се шалам
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Крејзи ин лав е едно од првите луѓе на форумов што ми падна во очи. Исклучително шармантна, позитивна и харизматична девојка. Се труди кон сите животни ситуации да пристапи позитивно, ведро, без скептицизам и со верба дека може да успее. И успешна е. Знае дека светот не е розев ама не е песимист. Сака да го направи што порозев со многу љубов и енергија. Моментално е весела, среќно вљубена, најмногу ја радуваат средбите со дечкото и со другарките...
Верувам дека факултетот и оди одлично. Не буба, лесно го учи она што ја интересира, ама и кон она што не ја интересира пристапува сконцентрирано и со елан зошто знае дека треба и мора да научи.
Од нејзините постови гледам дека е прилично објективна. Можеби за работите има некој свој субјективен став ама кога треба нешто реално да се процени Крејзи ги мери аргументите и противаргументите, и после кога треба да каже што мисли таа ќе го спомне својот личен став ама ќе го нагласи реалното, објективното. Ова ме носи кон прашањето разум или чувства... Крејзи ин лав е многу чувствителна девојка, кршлива (како што кажува тајтлот), многу пати ја повредиле и `и било многу тешко. Ама кога ќе и се случи такво нешто таа прво плаче, се нервира, (можеби очајува или се кае...?) ама после во еден момент разумот настапува кај неа. Сфаќа дека тоа што се случило било и поминало, дека треба да и послужи за да ја направи посилна и дека не може да ја уништи. Од тој момент кон тој став се држи силно и така успева да ја залечи раната. Сите порази во животот ги пребродила. Нема некоја болна точка од минатото што кога и да се спомне и носи тага. Не. Таа расчистува со себе, со луѓе што и нанеле зло и со немили настани. И потоа кога се сеќава на нив не е тажна туку рамнодушна...
Крејзи ин лав ми остава впечаток на многу искрена личност. Посебно кога за нешто треба да се даде свое мислење, да се даде совет, да се биде другар. Веројатно другарките многу ја ценат поради тоа. Знае секого да сослуша, со одбрани зборови зборови да му даде до знаење ако греши, објективно да ја процени ситуацијата, да даде совет и секако и освен со зборови знае да помогне и на дело. Без двоумење жртвувала одредени работи во име на другарството. Имало некои другар(к)и што ја злоупотребиле нејзината доверба ама како што кажав таа го пребродила тоа и ја направило посилна. Можеби по тие порази веќе и не е така толерантна со друштвото како порано, или барем не сака да не биде толку толерантна само не знам колку и успева со оглед на тоа што за луѓето што ги сака прави многу и не може да биде строга со нив.
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Добра девојка, секој би посакал да има другарка како неа. Дружељубива, комуникативна, ведра, има способност да те развесели, да ти помогне, да те утеши, со неа не е досадно...
Инаку по природа е естет. Се воодушевува на убави работи. На убава музика, книга, слика, фотографија, филм, убава облека, и се труди секогаш убаво да изгледа. Сака да пишува а имам некое чувство дека е талентирана и за некоја друга ументост... или убаво пее, или убаво црта, или не знам... ама многу ја бива за нешто
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И тоа... во една реченица Крејзи ин лав е паметна и добра девојка што размислува како возрасен човек а се радува како дете...
П.С. Дееем ама се распишував
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)