- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Ееее друже... па ти си бре компликејтед персона...Може Викторе, може.
Ај вака... Sussaro е член на здружението на умни глави на форумот. Здружението сеуште не е оформено, но е во фаза на! Таинствено момче, кој уште од малечок сакаше да биде како големите и да разглаба за политика. Не пиеше ракија тогаш па не го примаа во друштвото на мама и тато, ама затоа сега надокнадува. Party Animal, со што го имппресионира членот Викторгг на форум.кајгана, бидејќи му се допаѓаат луѓе кои се урамнотежени со себе. Луѓе кои знаат што носи животот и како изгледа реалноста... па и покрај тоа што може да дебатира на тема Филозофија на филозофијата на постоењето, знае да го најде балансот помеѓу екстремниот бубализам и обичниот сељачизам, тулумарејќи по Скопските биртии до мугри. Тоа е добра работа, ретко кој може... а со тоа ја докажува својата приземност и блискост со обичните смртници. Е тука баш има една беља, која вика дека малку не верува во своите постапки. Има жичка на нарцисоидност во размислувањата што е сосема нормално, знаејќи дека околината често не е адекватна за неговите “тешки муабети“, па често знае да помисли, “боже каков дебил“.
Убеден е дека зборувањето за спротивниот пол (или барем за интимни контакти, не ми е позната сексуалната негова ориентација ), нема да му донесе ништо важно и ништо пријатно. Се води по старата добра “оној кој се фали, не прави ништо...“ па најпаметно му е да молчи, за некој да не го сфати погрешно. Што навистина прави, никој не знае. Освен јас, бидејќи сум Дедо Мраз. Навечер пред да легне, додека му зуи од силниот бас во ушите му пролетува мисла за “неа“. Драгиот форумџија Сус, се обидува да ја растрга мислата со уште една векија но... но!
Во глобала е добро момче, но има изглед кој вели “Пази гризам“. Што е тотално не точно, многу фино момче е... секој би уживал со него, додека не го прашате за тоа каде работи, или додека не закачите тема за комунизам. :helou:
Може? смеам? дозволено ми е? нема проблем? :je:SlaGjana Gv напиша:A ti moze slobodno da odis od kaj sto si izlegol!
Моите обврски кон овие членови се завршени. Благодарам :helou:Serpico напиша:Виктор, ај остај ме мене - дај и на Прл анализа - бар каматата да ја куртулам.