Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Може Викторе, може.
Ееее друже... па ти си бре компликејтед персона...

Ај вака... Sussaro е член на здружението на умни глави на форумот. Здружението сеуште не е оформено, но е во фаза на! Таинствено момче, кој уште од малечок сакаше да биде како големите и да разглаба за политика. Не пиеше ракија тогаш па не го примаа во друштвото на мама и тато, ама затоа сега надокнадува. Party Animal, со што го имппресионира членот Викторгг на форум.кајгана, бидејќи му се допаѓаат луѓе кои се урамнотежени со себе. Луѓе кои знаат што носи животот и како изгледа реалноста... па и покрај тоа што може да дебатира на тема Филозофија на филозофијата на постоењето, знае да го најде балансот помеѓу екстремниот бубализам и обичниот сељачизам, тулумарејќи по Скопските биртии до мугри. Тоа е добра работа, ретко кој може... а со тоа ја докажува својата приземност и блискост со обичните смртници. Е тука баш има една беља, која вика дека малку не верува во своите постапки. Има жичка на нарцисоидност во размислувањата што е сосема нормално, знаејќи дека околината често не е адекватна за неговите “тешки муабети“, па често знае да помисли, “боже каков дебил“.
Убеден е дека зборувањето за спротивниот пол (или барем за интимни контакти, не ми е позната сексуалната негова ориентација :pos: ), нема да му донесе ништо важно и ништо пријатно. Се води по старата добра “оној кој се фали, не прави ништо...“ па најпаметно му е да молчи, за некој да не го сфати погрешно. Што навистина прави, никој не знае. Освен јас, бидејќи сум Дедо Мраз. Навечер пред да легне, додека му зуи од силниот бас во ушите му пролетува мисла за “неа“. Драгиот форумџија Сус, се обидува да ја растрга мислата со уште една векија но... но!
Во глобала е добро момче, но има изглед кој вели “Пази гризам“. Што е тотално не точно, многу фино момче е... секој би уживал со него, додека не го прашате за тоа каде работи, или додека не закачите тема за комунизам. :) :helou:

SlaGjana Gv напиша:
A ti moze slobodno da odis od kaj sto si izlegol!
Може? смеам? дозволено ми е? нема проблем? :je:

Serpico напиша:
Виктор, ај остај ме мене - дај и на Прл анализа - бар каматата да ја куртулам.
Моите обврски кон овие членови се завршени. Благодарам :helou:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Знам дека ако уште еднаш побарам анализа ке ме банираат:nesum: Ама имам 2 безуспешни обиди во кои замолив некој да ме анализира,ќе биде ли некој љубезен.кој мисли дека може?!:pipi: Враќам......



:kajg::kajg::kajg:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Пукај Императоре, да те чуеме:)
Тетка Lady:smir:...што да се каже за тебе.
До сега имам приметено дека другиве те доживуваат како некоја мистериозна личност....а, јас пак очекувам да сретнам многу нормална девојка.Навистина...многу обична.
милслам дека ќе ти стои тебе реченицата " просто а убаво..:)"
..како да си мотивирана од некоја таква изрека...ми изгледа дека не сакаш многу да ги комплицираш работите...и мислам дека знаеш успешно да испливаш низ проблемите....Колку што можам да приметам низ муабетиве што ги имаш правено .....тебе многу те занимаат темите што се однесуваат на општествената поставеност,и самото снаоѓање во општеството....за тоа , како да му направиш фин муабет на некој и да се поставиш на фино место :) ....тоа е генерално сега за сега, сигурно нема да го коментирам твојот однос кон модата и слично, башка тоа е женска работа.......иначе ми имаш оставено доста позитивен впечаток и то...и уште нешто ,дај бе што е со сликиве од Тоше....старите плачат за Тито, ние за Тоше , а...:wink:..
очекувам една анализа и од тебе....може оваа не е многу добра , ваљда исцрпен сум денес
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Знам дека ако уште еднаш побарам анализа ке ме банираат:nesum: Ама имам 2 безуспешни обиди во кои замолив некој да ме анализира,ќе биде ли некој љубезен.кој мисли дека може?!:pipi: Враќам......
Со каков мерак ќе ти плеснам анализава да знаеш сеа... немој да кукаш после дека не ти се свиѓала. Хир ви кам а хир ви гоу... :)

Имам чувство дека оваа млада девојка од... Аеродром, има проблем со идентитетот на својата линост. Што е сосема нормално на 16 години, така и треба да биде. Додека се пронаоѓа себе си помеѓу искинатите фармерки и високите штиклички... помеѓу моќниот гитарски риф што ја ежи и кафанската опуштена атмосфера... помеѓу фината насмевка за врсниците, и здрвениот стас за оние повозрасните... работи на своето секојдневие со стандардни алатки. Цртање срциња по аватари, тагување за убавото момче кое не ја разбира исто колку што тој не ја разбира неа, и по малку обврски.
И сега, додека таа реши кој пат ќе го одбере, јас ќе ја посоветувам, вака како постар и со повеќе салце од чварки на мене... Драга, не забегувај со црното, и не се поклонувај на розевото. Најди го она измеѓу. Во превод, остани токму онаква како што јас те доживувам сега. Не можеш да ми ги прочиташ мислите, ама и подобро, бидејќи и онака јас нема да те моделирам... сама ќе го сториш тоа. Најубавите и најдобрите луѓе се оние кои реалноста ќе ја прифатат со позитивна насмевка. Според мене, и она што го гледам на форум, имаш добра база, добра основа... развиј ја во вистинска насока. Батали Тв, батали тин списанија. Комбинација од муабет со пријатели и добра книга е тоа што ти треба. Знам дека знаеш... само сакам да ти кажам дека и јас знам дека знаеш. :wink:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Серпико,на пат кон факс,може да те згази тенк :toe:.
Дур пишеш на тастатура може да те фати струја :toe:.
Дур играш фудбал може да ти се скрши кичма.
На врата да ти тропа терорист.

Итн,итн.


Пиши ми една еб*на анализа,веќе 8 месеци те молам.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Серпико,на пат кон факс,може да те згази тенк :toe:.
Дур пишеш на тастатура може да те фати струја :toe:.
Дур играш фудбал може да ти се скрши кичма.
На врата да ти тропа терорист.

Итн,итн.


Пиши ми една еб*на анализа,веќе 8 месеци те молам.
П4Q матер, анализирај ме ти мене, ак сум јас шупак, ебаго :pos:

Башка, вечерва сум под гас... не ми е до типкање. Ал ипак те волим :smir:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
И јас те волим мара...ама памтиш од коа ми имаш ветено?

Каде е беса бес??? :back:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ај бе...(несакам да филозофирам)

Серпико.
Коа почнав прв пат да те читам на форум си реков,еве уште едно дете со 10 мислења и ке го снема.И не згрешив,те снема за неколку дена ама пак се врате :).
vol.1
Првите постови ти беа нешто за архитектурата во Скопје,прости постови и си викав,еве уште еден wanna be.
Дека згрешив доволно кажува напишаното под никот.
vol.2
Ти и точкест сте многу слични во карактер,ке ме ''ебиш'' и другар ке ми се прајш,ке ми згрешиш и ке ме прајш јас да се чуствувам крив.(ova samo so tie so koi se karas)
Тебе поважно ти е девојката/жеската/жената/пичицата да биде задоволена,а себеси се ставаш во 3 план.

сатот е 3:44 јас утре имам колок. Алгоритми.
Не сакам да спијам,и нема да спијам.


Стално насмеан си,ме љубиш иако утре можам да те убијам (знаеш дека нема де) , денсаш ко луд,маиците со вода ги прајш и кур не те боле...имаш вуна у гради (зошто го спомнав ова?),епа дечките со вуна во гради и општо,се мирни дечки,барем така имам слушнато.

Аватарот ко аватар...не ти е ставен од причина дека ''криеш нешто во себе''(барем половина од анализаторите тоа ке пишеа),туку си го ставил дека во тоа гледаш нешто уметничко што ни самиот пикасо не може.

Потписот ти е џабе.

Самиот не си џабе.


јас те ''анализирав'' сеа ти мене една добра,не ко ова :)


(sramoj)
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Види , има некое правило колку што знам ја ...као да анализираш некој друг прво , па после другите тебе....

Ама , ај, ...ми тргна мене...:)

Aко некој се обиде да ти направи анализа на твојата личност, и ти врти филмови ти си ваков онаков, најверојатно препишува од некој хороскоп...
Ти многу малку збориш за чуства и емоции.
Све што си пишувал е за коли, мотори, политика , во главно, и тоа каков компјутер имаш , и дали си ебнал нешто или не:)

Иначе рокер у душа, А?..:)...добро е тоа , се поштува максимално.
Избегаваш дрвење филозофии, како да ти е замарање на мозок.
Некако не оставаш некоја трага од твојата психа на форумов, повеќе пишуваш за твоите интереси, а јас нема да ти го судам твоето познавање на политиката и автомобилството:toe:.
А тоа што можам вака да го кажам е дека имаш доста пораки за кратко време напишано...брат окапа на кајгана, искочи малку , иди некаде пешки не со кола, малку фискултура здраво е :smir:
толку за сеа...можда понатака, повеќе:helou:

Пеер...закон муабетов. Фала ти многу! Шо да праам, надвор студи, ја бронхитис и работам (учам) пред PC успат (дооооооолги) паузи и каде? на форум се разбира.

Инаку, искрено не ве знам сите, па неможам да пишувам големи анализи. Али ќе се потрудам.
:salut:
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
император ај и мене една анализа,не мора да е долга:)
Неможев да не одолеам на ова!

Па, татина или мамина галеница :) тоа Maca издава дека сакаш да се галиш. Претпоставувам си блондинка или си склона кон тоа (зборувам за боја на коса). Што да кажам друго? Па мислам дека си cool, онака комуникативна, забавна, често би се смеел во твое друштво. Што се однесуе за други ствари, навистина не те познавам и тоа. Како што кажа ImperatoR за мене и ти многу не кажуеш за чувствата.

Е така! Поззз
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А што треба да направам за да ме анализираат?
 
Член од
24 април 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
вии сеа сите станале психијатри.......колку е лошо кога ке падне самодовербата и кога некој ке ти рече дај напрај ми анализа(читај,, што мислиш за мене,,)тогаш и ја сакам ............ИМПЕРАТОР!!!!????:salut:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
вии сеа сите станале психијатри.......колку е лошо кога ке падне самодовербата и кога некој ке ти рече дај напрај ми анализа(читај,, што мислиш за мене,,)тогаш и ја сакам ............ИМПЕРАТОР!!!!????:salut:

ImperatoR ви стои на услуга:salut:...не за друго,имаш 21 мислење до сега па се излажав да те прочитам,

МиаЗмија..., Змија, ова ќе да е напишано ради некои твои особини....ама вака, финатата со тебе е што мислам дека ти фали искуство во животот....во случај да си ги имаш годините, тогаш си девојка со малку послаба моќ на перцепција а тоа најверојатно дека ја насочуваш само кон определени работи!!! Се охрабруваш да филозофираш по малку , ама сакајќи да кажеш нешто големо, знаеш да истресеш некоја зелена...а башка тоа се ставаш во улога на судија за да кажеш дали е нешто точно или не, без и ти да бидеш нешто многу сигурна во тоа...., и мислам дека си емотивно девојче што несака да збори за чуствата.....
е, ова ти е од памет вадење....де да видам колку сум погодил, ...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom