Of course I can.DUH
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Actually, I'm. What's more, I'm made of awesomeness plus extraordinary Freud-like understanding of the human psyche.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
:icon_razz
Sussaro ако за нешто не можеш да им опростиш на твоите, онда тоа е за фактот дека си роден во Македонија, и без никој да те праша си приморан да се соочуваш, со некогаш гнилиот социјализам, а сега со уште поголемиот гнилеж на "преминов". Веќе во најраното детство се прашуваше навечер пред да заспиеш, тивко плачејќи:"-Зошто, ех, зошто не сум во New York на Wall Street." Но, не доби одговор од оној што те убедуваа дека е горе на небото и е отворен за молби 24/7, па така, во една од тие вечери расчисти и со тој белокос старец. И заклучи дека единствено нешто што може да направи да се сослушаат твоите молби е личниот капитал. Тоа твое убедување силно се зацврсти веќе првиот средношколски ден благодарение на сооучениците во една од нашите нај ин скопски гимназии (инаку малку е контрадикторно името кое го носи, и системот кој го пропагира но, да не навлегуваме...).
Што се однесува до твојата отворена-рана-оддалеченоста од САД , со текот на времето и со посредството на капитал, почна да се лечи. Имено интернет, кабловска, сателитска, и ти си веќе таму. Веќе не чекаш на мтв документарци. Твоите браќа по душевна припадност, направија канал посветен само на нив, па сега си верен гледач и искрен почитувач на документарната програма на Discovery.
Почитуваш и trance, и други електронски жанрови, најмногу затоа што кога присуствуваш на тие забави се осеќаш како да си дел од лондонската rave сцена, т.е даваш физичка димензија на твојата духовна поврзаност, твоето братство, со западот.
Сепак од време, на време се појавува и балканскиот маж во тебе(карактеристики-сака да осеќа болки у желудник од премногу месо со холестерол, помешано со кисели салати и алкохол, а врв на есетика му се цицките на пејачката и звукот на нејзиниот глас додека интерпретира песни од балканските ѕвезди) па одиш на места кои ги исполнуваат условите за балканска мажевственост.
Не те мачи потребата да се наметнеш и да бидеш забележан. Доволна е твојата висина, и претходно споменатите нешта сами од себе се исполнуваат. Ако некое женско не се фасцинира од појавата, тука е твојата флуентност да ја заслепи. И нема каде да бега.
И кога сме кај нив, Sussaro ако неможеш богата американска буржујка, те молам земи за жена богата македонска скоројевичка. Жена без приличен капитал не е опција за тебе. Евентуално да земеш некоја англиска аристократка која нема пари но ја има титулата. Девојки од плебсот-a big no no!
- THE END-
There, I've just proved that I am a doll (made of awesomeness (tm) )
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)