@jamajka, каде си ме видел до сега да имам проблем со членови затоа што имаат поинакви мислења? Он ова го направи лично, затоа што секој пат посегнува по омаловажување и дискредитирање, и тоа го прави намерно. Не само со мене, туку со сите кои не се од негова. Поради него не може нормално да се дискутира на темава. Ние сите сме тука затоа што сакаме да дискутираме, кој колку знае и разбира е небитно, дискутирај си со аргументи и остави ги другите да си го кажат мислењето. Само еден лик глуми експерт, и постојано има потреба да истакне колку тој разбира и колку другите не разбираат.
И тоа оди така долго време, и не гледам причина зошто би го толерирал тоа и понатаму.
Еве, вчера се истрча во муабет кој го почнавме со Владе, а муабетот беше околу комитите и дали тие правеле злочини од типот на она што го направи Хамас. И тој утрча одма, ничим изазван, и пиша нешто како Ио гледал фудбал и филмови, не читал историја, а сакал да зборува за истата, и посочи кретенски пример како Гемиџиите убивале цивили. И си даде гол со пета, затоа што тоа што го направија Гемиџиите нема блага врска нити со тоа што го направи Хамас нити со муабетот што го почнаввме со Владе околу комитите.
И на крајот, кога немаше каде да бега од глупоста што ја направи, прибегна кон „инфериорни умови“. Тоа е веќе патерн, кога е притиснат, да навреди или да дискредитира.
После тоа зборува со тебе и со Бафра и се прави поштен.
Жал ми е сега што вие другите ќе мора да го трпите ова некое време, ама се додека не ја искорени потребата да уфрла провокации, јас ќе бидам директен со него и ќе му враќам со иста мера. Тоа ми е сега приоритет пред самата тема, а со останатите можам да дискутирам на тема.
Инаку, сите знаеме да претераме и кога ќе претерам обично имам грижа на совест, затоа што колку и да сметам дека сум во право, знам дека не треба така. Но во случајов имав outburst каков што сум немал во последниве 120 години како што ме потсетија комрадите на фудбал, ама не чувствувам никаква грижа на совест. Дури мислам и дека бев прекраток.
Како ќе се одвиваат работите ќе видиме.
Вака до сега на темава, ти не бегаше од конкретни прашања и искрено даде одговор, иако таквиот одговор не идеше во полза на претходните тврдења
Не се сеќавам веќе кои прашања и зошто одговорот не бил во полза на предходните тврдења, потсети ме па ќе продолжиме, ако била битна дискусијата.