Исчезнати лица

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.827
Поени од реакции
4.532
Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги зведовте некаде?

Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.

Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?

Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.

Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.

Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.

Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.

Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?

Судија: Одговорено е прашањето

Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?

Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.

Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.

Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.

Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.
Не е овој момент, ова е од Инфомакс, уште изгледа си го бранат пуленот па не го допишале испрашувањето. Не е вкрстеното испрашување меѓу адвокатот и началникот, туку Палчо директно му ги поставува прашањата. Еве, изгубив 5 минути и го најдов:

п – дали добивте одговор кога е копана дупката за вања

д – да

п – кој е одоговор, кога е копана?

д- еднаш беше дека е тогаш, тој ден на 27ми кога биле горе, не знам дали се колебал и претходниот ден не се знаеше дали доаѓале

п – дали ова тогаш значи 27.11?

д – да

п – дали воопшто ви беше познато дека во велес со службена белешка е констатирано три лица учесници во грабнување?

д – не се сеќавам

п – дали мене ме видовте на било која камера?

д – да
Еве ти линк, @Bafra , не се разгневувај: https://puls24.mk/полицискиот-началник-дејан-димовски/


Не дека е битно кој ги поставува прашањата, муабетот ми беше дека разговорот кој го сподели @SilvijanL не е тој кој јас погоре го цитирав и за кој ти ми побара извор. Затоа реков: не е тоа, ова е адвокатот vs. сведокот, моето беше Палчо vs. сведокот. Ваљда појасно?
Ве молам пастирајте тука се од транскрипти што сте нашле, ви благодарам за веќе постираното.
Ова е веќе нешто што е информација, другото е рекла казала
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.152
Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.
Какви опајдури се инспектори, тоа е чудо едно. Си мислиш само прашинарите немаат 2 грама мозок, ама изгледа и инспекторите не се нешто поарни
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
...штипјанецот, не е ,,Љупчо" туку ,,Љубчо" сигурно не е македонско име, тој има најмалку право да зборува, нека се врати во студетските денови и да се опише самиот каков бил, како се облекувал, дали месечно воопшто се бањал, како се однесувал и што кричер бил, малтене клошар, па со Доста Димовска нивни слоган ,,до Групчин, понатака не не' интересира" и негова политичка кариера во растурање на Македонија се додека не станал тоа за што се залагал т.е. ,,Бугарин" и сега тој најде да осудува?

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Тој вели дека не е уапсен на автопат, туку во ресторан.“
Ако е ова вистина и Обиџуко кармата што побрзо да го стигне, бидејќи вакви погрешни информации идат во прилог на Палчо.
Од министер до чистачка све корумпирано и неписмено.

па со Доста Димовска нивни слоган ,,до Групчин,
Најголемото уништување на безбедносните структури од неа почна. Откако ќе ги тргнеш професионалците со достоинство, интегритет, после веќе лесно е.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
...пак ќе ти одговорам, не е мое да пресудам дали некој е ,,крив" или ,,не е крив" со факти кажани од трети лица, во сомнителни ситуации за личности што не ги познавам лично за да можам да пресудам има судии кои имаат високи плати, крими инспектори, разурнувачка безбедносна служба, министерство за внатрешни работи со бенефиции и скратен работен стаж, тие нека пресудат.

...едноставно укажувам на нешто што не ми штима и ми нема логика, не навлегувам ни во минатото ни во личноста на осудените, затоа што нема правило, има безброј случаеви да убијци се токму тие мирните, послушните, а тие шарлатани може се способни за све, но не и да убијат!

...инаку од поткастот на екс обвинителката Вилма Р. толку сум разочарана, имав високо мислење онака кога ја гледав во медиумите, строга -отсечна, а таа да ти била бетер од Катица Јанева, да не кажувам погрдно епитети, ама жалосно да вакви кричери ни го водат судството, па уште главни обвинители, да не чува Господ!
Не те прашав да пресудиш, туку да кажеш твое мислење јасно и гласно, а не да се прпелкаш.
Дали според тебе Палчо е крив или не е?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
а не да се прпелкаш.
...не ми се допаѓа како ми се обраќаш и нема да ти одговорам, мое право да си го задржам моето мислење што никому не му е важно, а најмалку тебе!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
...не ми се допаѓа како ми се обраќаш и нема да ти одговорам, мое право да си го задржам моето мислење што никому не му е важно, а најмалку тебе!
А како да ти се обратам?

На обично прашање дали си мислиш дека Палчо е невин, ми пишуваш еден куп работи што сами по себе немаат никаква врска со чинот. Обсе, партии, патриоти, националисти, смена на името, ковид, голема Македонија.... Што е тоа ако не прпелкање и пробување да релативизираш.

Тука не сме судии, никој не бара да пресудиш. Едноставно е прашањето Дали мислиш дека е невин Палчо или не?

Прашањето ти е поставено тебе од причина што суптилно пробуваш да го одбраниш. Немаш храбост тоа да го направиш јавно, туку тоа го правиш суптилно и скришно. Па повикуваш на презумпција на невиност, па покушаваш да протнеш некои теории дека го местат, затоа што многу знаел (што поглупа теорија не може да постои). Па напаѓаш секого ад хоминем кој мисли поинаку од тебе (како примерот со Љубчо Георгиевски, кој лично не го сакам, ама дефакто збори вистина), дискредитирајќи ги луѓето наместо ставовите што ги ваѓаат. Па еднаш на прашањето дали мислиш дека е невин, ми постави контра прашање дали сум се вакцинирал. Па во одговор кон мене потенцираш дека бил човекот про-русин, знаејќи дека сум и јас проруски настроен, за да добие демек симпатии од мене. Па кажуваш дека бил националист, што е надвор од умот, пошто човекот е учесник во урнисувањето на Македонската држава.

Дали ти се допаѓа како ти се обраќам, не ми е гајле. Мене уште повеќе не ми се допаѓа што браниш убиец на дете, кој го направил тоа од чисто зло, па никому ништо.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
...не ми се допаѓа како ми се обраќаш и нема да ти одговорам, мое право да си го задржам моето мислење што никому не му е важно, а најмалку тебе!
Човекот убаво ти се обрати и те праша кое е твоето мислење, незнам зошто се лутиш. Еве стави се во ситуација да си ти судијата во овој предмет, доказите се еве овие што ги знаеме и нема други, каква пресуда ке донесеш? Имаш две опции, виновни се или не се виновни, во затвор или на слобода, трето нема, што ке пресудиш?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
...јас во ниедна реченица не сум одбранила некого, ниту пак сум осудила некого кога е во процедура на судење, додека не се докаже кривица, мотив итн, според Законот тој што се испитува е невин и тука ни ти ни јас не можеме ништо со наши мислења, па ниту судиите ако почитуваме закони.

...ги пишувам фактите кои се изнесуваат јавно по медиуми, а мене лично ми нема логика, како што сите вие тоа го правите, оти нели ова е форум дискутираме, па секој со свое мислење, тоа што се издвојувам од форумските заедничките мислења е затоа што размислувам подлабоко и пошироко, а не „како сите така и јас“,

...компарацијата колку вмешаност има тука и дека не е обично убиство туку егзекуција од многу повисоки причини и последица од вмешани на многу лица ја прави сложеноста на разумно вперување на прст „ти си кривецот„ или „ти си убиецот“,
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.424
Поени од реакции
11.247
Имал проблеми со кичмата и затоа имал медицински преглед закажано дури во Белград. Не знам зошто, ама како со веројатна дископатија на крајот се решил пеш да иде од Баликесир до Истанбул не ми е јасно. Може ортопедот од Белград така му препорачал. :cautious:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Човекот убаво ти се обрати и те праша кое е твоето мислење, незнам зошто се лутиш. Еве стави се во ситуација да си ти судијата во овој предмет, доказите се еве овие што ги знаеме и нема други, каква пресуда ке донесеш? Имаш две опции, виновни се или не се виновни, во затвор или на слобода, трето нема, што ке пресудиш?
...прочитај ги повратните негови коментари со истомисленици и повратните кон мене „не филозофирај“ „не се препелкај“, ако е тоа убаво обраќање, баш би сакал така кон другата негова убава половина да се обрати, па да видиме како одговор ќе добие, иако јас му одговорив неколку пати, а што не може да чита меѓу редови не сум крива,

...јас се ставив во ситуација на судија, авионски идам до Белград и до Турција и на лице место расчистувам со муабетите како било што било и дали воопшто има алиби или не!

...и се сомневам дека „доказите се тие“ и дека судијата не знае нешто повеќе што не е за јавност, инаку не ќе се влече со рочишта и со месеци нема пресуда, за таква егзекуција на невина млада душа, за 24 часа пресуда и доживотна самица за убиецот!
крајот се решил пеш да иде од Баликесир до Истанбул
...па нормално не ти е јасно кога тоа го кажал екс министерот за внатрешни работи О.Спасовски и мене сеуште не ми е јасно како тоа издале пасоши под рака на мафија, а осудиле обични шалтерски работници во полиција, оти нели тие биле виновници што некој од Јужна Америка што нема благе везе со Македонија си доби македонски пасош, опасна работа е тој на шалтер што издава пасоши!

...зашто не би важело дека „не бил уапсен кога идел пеш“ туку „ бил уапсен кога бил во ресторан“ како тврди тој што бил во ресторан односно можеби идел пеш, нека го дадат турскиот извештај на апсење „каде и како“ ќе преведиме самите!
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
...прочитај ги повратните негови коментари со истомисленици и повратните кон мене „не филозофирај“ „не се препелкај“, ако е тоа убаво обраќање, баш би сакал така кон другата негова убава половина да се обрати, па да видиме како одговор ќе добие, иако јас му одговорив неколку пати, а што не може да чита меѓу редови не сум крива,

...јас се ставив во ситуација на судија, авионски идам до Београд и до Турција и на лице место расчистувам со муабетите како било што било и дали воопшто има алиби или не!

...и се сомневам дека „доказите се тие“ и дека судијата не знае нешто повеќе што не е за јавност, инаку не ќе се влече со рочишта и со месеци нема пресуда, за таква егзекуција на невина млада душа, за 24 часа пресуда и доживотна самица за убиецот!
Колку и да е јасна ситуацијата, процедурално не можеш да донесеш пресуда за 24 часа. Мора да се изведат доказите на обвинителството па потоа доказите на одбраната па на крај да донесеш пресуда. Како судија странки ти се обвинителот и обвинетите, ги изведуваш оние докази кои они ги предлагаат а ти оценуваш дали се релевантни за да се изведуваат. Како судија немаш опција да одиш во Белград или во Турција, а ако некоја од странките смета дека некој доказ од таму е релевантен ке предложи изведување на тој доказ а ти по службена должност ке се обратиш преку министерството за правда и ке го прибавиш тој доказ... незнам само што ке ти смени тоа дали палчо претходно имал или не закажано на доктор во Турција? Еве ке претпоставиме дека имал закажано, дали тоа е доказ дека не е убиецот? Помисли и на тоа дека тој повеке од сигурно дознал дека го бараат за убиството уште пред да го уапсат во Турција, па зошто веднаш не се вратил овде и да каже еве сум, немам врска со тоа убиство? Само не кажувај дека не знаел дека му е уапсена домаќинката и целата тајфа. Не кажа како ке пресудиш да си на местото на судијата, со овие докази, други да нема?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.656
Живо ме занима како го замислува Бијонс процесот на комплетирање на еден случај. Изглеа мисли дека доаѓа обвинителот и кажува еј Палчо е убиецот и судијата чука со чеканчето на биро тоа е тоа, иде Палчо доживотно во апс. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom