Исчезнати лица

Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
Не знам на кој портал го најдов, ама цело вкрстено испрашување го имаше, сите поставени прашања и одговори.
Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги зведовте некаде?

Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.

Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?

Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.

Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.

Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.

Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.

Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?

Судија: Одговорено е прашањето

Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?

Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.

Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.

Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.

Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.174
Поени од реакции
16.304
Џабе се расправате.
Ако не се најдат цврсти докази, ке се одолговлекува ова со години.
Истата заврзлама како во Србија, со убиството или исчезнувањето на малечката Данка...до ден денес не се откри што се случило и кој е виновен.
Па и кај нас има дузини такви работи, ете по 29 години не е решен атентатот, а една од МВР што многу се интересираше ја најдоа во канал на Водњанска, самоутепанство со 2 куршуми... На МВР му се случи во ноември 95 поплава од парното и нормално сите форензички докази од ФБИ и германската служба беа уништени, АМА пази сега немаа примерок ни тие што ни ги дале доказите ;).
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
„Ние истите тие снимки веќе ги имамве. Нему му помагаше негов пријател Гоце, рече дека се старо кумство. Рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на мајката на Гоце. Еден ден го затекнавме кај фризерски салон, ние отидовме по снимки, тој веќе беше таму и заеедно ги гледавме снимките – рече Димовски.“

Ова е од плусинфо, претходниот пост е од инфомакс.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.277
Никој со никој не се познава, а сите се поврзани на некој начин.

Не можам и не сакам да сфатам како одмазда или користољубие може да биде мотив за убиство на четиринаесет годишно дете.

И како проаѓа времето, и како се распетлува случајот, се плашам дека таткото е човекот кој има најголема вина тука.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.126
Поени од реакции
10.143

Од тоа и се плашам, да не остане и овој нерешен случај.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.218
„Ние истите тие снимки веќе ги имамве. Нему му помагаше негов пријател Гоце, рече дека се старо кумство. Рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на мајката на Гоце. Еден ден го затекнавме кај фризерски салон, ние отидовме по снимки, тој веќе беше таму и заеедно ги гледавме снимките – рече Димовски.“

Ова е од плусинфо, претходниот пост е од инфомакс.
Малце не сум во тек, кој е Гоце у целава работа? Тој бил измеѓу Палчо и татково на Вања?
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
Никој со никој не се познава, а сите се поврзани на некој начин.

Не можам и не сакам да сфатам како одмазда или користољубие може да биде мотив за убиство на четиринаесет годишно дете.

И како проаѓа времето, и како се распетлува случајот, се плашам дека таткото е човекот кој има најголема вина тука.
„Го следевме и однесувањето на таткото. На 27-ми ноември, неговото возило го видовме како поминува покрај Александар Палас кон Качанички пат околу 9.15 часот, само еден час откако истото го сторило Рено Кангу, возилото на Палчо. Кога го прашавме зошто не продолжил, тој рече дека го фатила гужба во сообраќај,“ сведочеше Димовски.

Таткото не само што ги предвидувал настаните, како што сам истакнал, туку и веднаш тврдеше дека Вања е киднапирана, а потоа убиена. „Кога го прашавме зошто е толку сигурен, тој рече дека логично му било по филмовите што ги гледал, девојчето да биде однесено на граница,“ додаде Димовски.

тука читајте за подетално
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.722
Поени од реакции
36.588
Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги зведовте некаде?

Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.

Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?

Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.

Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.

Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.

Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.

Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?

Судија: Одговорено е прашањето

Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?

Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.

Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.

Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.

Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.
Не е овој момент, ова е од Инфомакс, уште изгледа си го бранат пуленот па не го допишале испрашувањето. Не е вкрстеното испрашување меѓу адвокатот и началникот, туку Палчо директно му ги поставува прашањата. Еве, изгубив 5 минути и го најдов:

п – дали добивте одговор кога е копана дупката за вања

д – да

п – кој е одоговор, кога е копана?

д- еднаш беше дека е тогаш, тој ден на 27ми кога биле горе, не знам дали се колебал и претходниот ден не се знаеше дали доаѓале

п – дали ова тогаш значи 27.11?

д – да

п – дали воопшто ви беше познато дека во велес со службена белешка е констатирано три лица учесници во грабнување?

д – не се сеќавам

п – дали мене ме видовте на било која камера?

д – да
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.484
Поени од реакции
18.750
Зошто таткото се врзал баш со Палчо? Која е врската?
Кој ги знај, со тек на време и тоа ќе кажат.
Таткото ако е вмешан, ќе пропее за брзо и многу работи ќе ни се разјаснат, ретко кој би издржал таков притисок
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Никој со никој не се познава, а сите се поврзани на некој начин.

Не можам и не сакам да сфатам како одмазда или користољубие може да биде мотив за убиство на четиринаесет годишно дете.

И како проаѓа времето, и како се распетлува случајот, се плашам дека таткото е човекот кој има најголема вина тука.
Доста се мислам за таткото и некако ништо не ми се совпаѓа со него. Ниту најголем лудак и наркоман не би го ризикувал животот на своето дете вака. Башка и он со мајката не биле во нарушени односи, децата биле многу често и со него, сите викаат дека екстремно се грижел за нив.

Е сега од друга страна он кога била убиена Вања се понашал како да знаел дека е убиена и затоа тоа многу раѓа сомнеж. Зошто така се понашал. Родител кога му го нема детето, мисли на најлошо секогаш, ама никад не губи надеж. Еве на пример мајката на Пино. Исто така пораката што ја пуштил по грешка на чатот...

Едно нешто што ми доаѓа на памет е дека може стварно дужел пари и стварно некој му се заканувал за тоа и он знаејќи ги тие ликови си помислил дека они го киднапирале детето и евентуално го убиле. А друга работа што може да биде е дека добивал анонимни дојави од Палчо, намерно да ја води истрагата во погрешен правец, може од почеток му кажал анонимно дека е убиена, може му давал дојави за лицето од Велес, му кажувал за колата. А може и едноставно го видел цитроенот во даденото време од снимките со велешка регистрација.

Некако најчуден ми е делот со таткото на детето.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.339
Поени од реакции
6.383
Малце не сум во тек, кој е Гоце у целава работа? Тој бил измеѓу Палчо и татково на Вања?
Ќе го видиме кој е кога ќе се појави на судење како сведок, ама чаршиски муабети се дека е синот на Кираца од Фершпед.
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
Не е овој момент, ова е од Инфомакс, уште изгледа си го бранат пуленот па не го допишале испрашувањето. Не е вкрстеното испрашување меѓу адвокатот и началникот, туку Палчо директно му ги поставува прашањата. Еве, изгубив 5 минути и го најдов:

п – дали добивте одговор кога е копана дупката за вања

д – да

п – кој е одоговор, кога е копана?

д- еднаш беше дека е тогаш, тој ден на 27ми кога биле горе, не знам дали се колебал и претходниот ден не се знаеше дали доаѓале

п – дали ова тогаш значи 27.11?

д – да

п – дали воопшто ви беше познато дека во велес со службена белешка е констатирано три лица учесници во грабнување?

д – не се сеќавам

п – дали мене ме видовте на било која камера?

д – да
Баш истово ќе го цитирав од мкд.мк. Појаснување, овде палчо го прашува началникот за крвни деликти Димовски.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
туку Палчо директно му ги поставува прашањата. Еве, изгубив 5 минути и го најдов
Па небитно е кој ги поставува прашањата. Одоговрот е дека немаат докази.

За медиумите јасно ми е дека намерно одбираат кои делчиња ќе ги споделат, ама па и одговорниве или ептен неспособни (партиски кога се ставаат недоквакани) или намерно за сега не се споделени тие информации:
Началнитот на полицијата, човекот кој ја води целокупната истрага, до овој момент нема сознание и ниту потврдува ниту демантира дали од самите зрна кои се испукани во жртвите е утврден идентитетот на оружјето. МВР има база на податоци на оружјата и од секој испукано куршум може да се утврди идентитетот на оружјето, па и неговиот сопственик, ако тоа е заведено во базата со податоци. Но, во самото обвинение нема такви податоци за испуканите зрна! – рече Манев.

Според него, сведочењето на началникот на скопската полицијата е контрадикторно и оди насока на теоријата на случајот дека ниеден од обвинетите нема врска со убиствата.

– И сведочењето на началникот на велешката полиција оди во насока на таквото тврдење, оти во делот за снимките кај хотелот „Романтик“ тој не појасни колку луѓе се видени, во колку возила, дали на снимките се гледаат лицата на луѓето во автомобилите. Затоа, сè што чувме денеска не е во насока на откривање на вистината – рече бранителот на Боре Видевски.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.277
Доста се мислам за таткото и некако ништо не ми се совпаѓа со него. Ниту најголем лудак и наркоман не би го ризикувал животот на своето дете вака. Башка и он со мајката не биле во нарушени односи, децата биле многу често и со него, сите викаат дека екстремно се грижел за нив.
А јас па прочитав некаде дека многу се карале со Зорица и наводно Вања имала обид за самоповредување заради нивните караници. Ова е од тоа што сум прочитала низ интернет. Теории милион.

Не ми е јасно како таткото константно знаел во која насока да ја насочи истрагата.

Е сега од друга страна он кога била убиена Вања се понашал како да знаел дека е убиена и затоа тоа многу раѓа сомнеж. Зошто така се понашал. Родител кога му го нема детето, мисли на најлошо секогаш, ама никад не губи надеж. Еве на пример мајката на Пино. Исто така пораката што ја пуштил по грешка на чатот...
Да. А од друга страна ако знаел дека е убиена и се понашал толку ноншалантно, смирено и ладнокрвно и тоа оди во прилог на неговата психопатија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom