OK те разбирам. Но за волја на вистината, ајде малце проста математика, јас си земам слобода да бидам адвокат на ВИВАХ-от.....Навистина не сакам да ја проширувам темата за мојата Vivax клима, но би сакал да споделам некои информации за тоа како беше користена, за да имате подобра слика. Станува збор за трикатна куќа (45+65+65 м²), каде што првиот и третиот кат се загреваат со подно греење од геотермална енергија. Клима-уредот беше поставен на средниот кат, каде температурата никогаш не падна под 20°C, поради подното греење горе и долу. Задачата на климата беше да одржува 23°C во соба од 25 м² и да ја лади во лето. Надворешната единица беше поставена на северната страна, без директно сонце и заштитена од дожд и снег.
Климата беше во ред до минатата година, не штедеше многу, но беше ок. Меѓутоа, овој јануари добив сметка за струја од 10.500 денари, што е многу повеќе од вообичаеното. Потоа во февруари ја поврзав климата на електричен бројач и до средината на август таа потрошила 1.500 kWh. Сакам да ја затворам дискусијата за Vivax бидејќи за мене оваа тема е завршена, но сакав да ви ги пренесам условите под кои беше користена, бидејќи споменавте дека ви требаат повеќе информации.
Сметка од 10500 ден за еден месец, од погоре кажаното претпоставувам е направена од климата, значи потрошени околу 1500кWh по ефтина и скапа тарифа, понатака ако се подели на 30 дена испаѓа дека трошела по 50кWh на ден или 2кWh на час ШТО Е НЕВОЗМОЖНО, оваа едноставно не може да направи клима чиј мотор има мах снага од 1.5 кW и тоа ако работи со таа снага може не повеќе од 15мин па да се одмара пола час.
Заклучокот сам се наметнува или има грешка во бројките или некаква тенденција, несакам да се докажувам со никого тука, ама овие бројки на мене како техничко лице ми параат уши. а и имам некоја симпатија према климиве кои сами не умеат да се бранат.
Пак мислам дека е некое недоразбирање бидејќи истата клима за период од 6мес од кои 4 била сигурно ангажирана е коректно ако се работи за најевтин модел на пазаров и ако при тоа е Он/Офф а не инвертер.




