Tie testovi na Stiftung mozes samo da gi koristis za seenje magla, istite se koj plati dobiva sto saka.Се заблагодарувам за честитките во врска со изборот на клима-уредот, но не се согласувам дека е лесно да се купи најскапото. Жал ми е ако сум оставил впечаток дека сите поевтини клима-уреди трошат 350 % повеќе струја. Сакав само да го споделам моето лично искуство со мојот Vivax клима-уред, кој во последните шест месеци, од февруари до август, потроши 1500 kW.
Ќе ми биде драго да прочитам повеќе позитивни искуства од луѓе со поевтини клима-уреди во форумов, но со конкретни факти и бројки. Се согласувам дека форумот е често поларизиран кога станува збор за избор на клима-уред. Не припаѓам на тие што тврдат дека сите поевтини клима-уреди се лоши – сигурно има добри уреди со солиден однос цена-квалитет. За жал, имам малку доверба во продавачите во Македонија, бидејќи тие често се повеќе заинтересирани да ја продадат својата роба, отколку да дадат искрени совети. Често има „печатни грешки" кај техничките пофатоци кои интересно секогаш ја прават климата да изгледа со подобри перформанси а никогаш обратно, што дополнително ја намалува довербата кај мене.
Еден пример е брендот Gree, кој во различни земји моделите им се продаваат под различни имиња. Пребарав на интернет, но не најдов тестови. За разлика од тоа, Daikin победува во секоја ценовна категорија, поддржан од тестови на „Stiftung Warentest“ во Германија, многу сериозна институција. Би било интересно ако брендови како Vivax или Gree учествуваат во вакви тестови – дури и ако не го освојат првото место, тоа би било позитивен сигнал дека се подготвени да се споредат со брендови како Daikin или Mitsubishi.
Daj ne treskajte gluposti.



