Формула 1 - сезона 2024

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2024?

  • Серхио Перез - Ред Бул Хонда

    Гласови: 0 0,0%
  • Логан Сарџент - Вилијамс Мерцедес

    Гласови: 0 0,0%
  • Жу Гванжу - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Валтери Ботас - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Кевин Магнусен - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Нико Хулкенберг - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.612
Поени од реакции
42.138
Рикиардо е сменет од Лиам Лосон. Штета што вака мора да ја заврши кариерата, но тоа е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.701
Поени од реакции
36.534
Нов трач, ама којзнае, може и вистина ќе испадне - Перез наводно ќе го објавел своето пензионирање по крајот на сезонава на трката во Мексико, иако има валиден договор со Ред Бул до крај на 2026.

Значи сепак може ќе има уште една промена на седиштата за до година. На кого типувате во Ред Бул? Јуки, Лосон, или можеби враќање на Рикардо, или некој трет?

1727544944399.png
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.992
Нов трач, ама којзнае, може и вистина ќе испадне - Перез наводно ќе го објавел своето пензионирање по крајот на сезонава на трката во Мексико, иако има валиден договор со Ред Бул до крај на 2026.

Значи сепак може ќе има уште една промена на седиштата за до година. На кого типувате во Ред Бул? Јуки, Лосон, или можеби враќање на Рикардо, или некој трет?

Прегледај го приврзокот 430846
Од каде овој трач? Нереално ми е било кој од тие тројца да дојде. Јуки е многу див карактер, не верувам дека на Макс ќе му донесат таков некој. Рикардо уште помалце, цел грид му кажа бај бај, а и Марко имаше некоја изјава за последниот негов најбрз круг, у стилот нешто какви таленти има ама не за РБ.
Лосон ми е недифиниран уште, поготово не за РБ и ако сака да гради кариера. Покрај Макс тешко.

Ако веќе се ослободи тоа место, пре би сакал да го видам Колапинто отколку било кој од тие што ги спомна.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.701
Поени од реакции
36.534
Од каде овој трач?
Се зборуваше со недели уназад. На некое интервју го прашале и него, не потврдил, ама и не негирал. Рекол нешто во стил: "Имам уште 2 години од договорот, можеби ќе се гледаме до 2026. Веќе неколку месеци размислувам и одлучив дека е најдобро сам да донесам одлука за моето заминување, што е подобро отколку некој да те избрка. Затоа, кога ќе заминам, тоа ќе биде моја одлука, а не на тимот." Е сега - му се раѓа 4 дете, во тимот има ужасни перформанси, и затоа оваа изјава ја поврзуваат со тоа дека можеби дошло тоа време за неговата одлука.

Нереално ми е било кој од тие тројца да дојде. Јуки е многу див карактер, не верувам дека на Макс ќе му донесат таков некој. Рикардо уште помалце, цел грид му кажа бај бај, а и Марко имаше некоја изјава за последниот негов најбрз круг, у стилот нешто какви таленти има ама не за РБ.
Лосон ми е недифиниран уште, поготово не за РБ и ако сака да гради кариера. Покрај Макс тешко.

Ако веќе се ослободи тоа место, пре би сакал да го видам Колапинто отколку било кој од тие што ги спомна.
Да, но Ред Бул ретко земаат друго дете, кое не е нивно. Мислам дека единствен таков случај им беше Перез. Значи или ќе биде промоција на некој од двајцата возачи од РБ: Јуки и Лосон во првиот тим, или враќање на Рикардо онаму каде што беше најдобар, евентуално и Гасли или Сајнц можеби, или некое друго нивно дете. Колапинто мислам дека нема ни теоретски шанси. Тој е дете на Вилијамс, веќе 2 години е член на нивната возачка академија.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.222
Поени од реакции
1.481
А можда некој од шампионите од Ф2 Другович-Пуршер, докажани таленти а никој не ги сака. Се некоја шанса добиваат некој како Колапинто, Сарџент, Лоусон, Берман од втор план. Некако мислам ако продолжи оваа практика да ги игнорираат шампионите од Ф2 дека никој нема да сака да биде шампион во Ф2 бидејки тоа би значело дека не ке можат повеке да возат Формула..
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.435
Јас како лаик на темата за Ф2 да прашам: Зошто шампионот автоматски не биде промовиран во Ф1 при ослободување на место? Претпоставувам пошто тимовите што се во Ф1 сакаат дете од нивниот тим од Ф2, или?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.612
Поени од реакции
42.138
Јас како лаик на темата за Ф2 да прашам: Зошто шампионот автоматски не биде промовиран во Ф1 при ослободување на место? Претпоставувам пошто тимовите што се во Ф1 сакаат дете од нивниот тим од Ф2, или?
Работите се малце покомплексни. За да некој вози во Ф1 прво треба да има супер лиценца, и како второ треба да донесе спонзори кои кешираат пари. Парите играат одлучувачка улога у спортов, поготово за малите тимови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.701
Поени од реакции
36.534
Точно, најчесто спонзорите се пресудни и ако си дете кое нема грб, колку сакаш добро вози, татините синчиња како Строл ќе имаат предност пред тебе. Но конкретно за Ред Бул - тие со исклучок на Перез, секогаш промовираат деца од нивната возачка академија: Даниел, Макс, Гасли, Сајнц... - сите така влегоа во Ф1. Не се сеќавам не само Ред Бул, туку било кој друг тим да драфтува руки од друга возачка академија, ако имало таков случај, поправете ме. Моментално членови на Red Bull Junior од F2 се Исак Хаџар, Пепе Марти и Оливер Гете. Другович е веќе во F1 како тест и резервен возач во Астон Мартин, а Пуршер мислам дека беше блиску до потпис со Алфа Ромео лани, т.е. Заубер сега. Е сега не сум сигурен дали е уште во Заубер зашто колку што знам се натпреваруваше во Супер Формула серијата во Јапонија. Претходните F2 шампиони сите возеа или се уште возат во F1.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.612
Поени од реакции
42.138
Тојота влегува во Хаас како спонзор и техничка поддршка. Ќе им помагаат околу дизајнирање.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.710
Поени од реакции
12.707
Тојота влегува во Хаас како спонзор и техничка поддршка. Ќе им помагаат околу дизајнирање.
Па не баш околу дизајнирање. Прилично безвезен е договорот реално. Ќе праќаат млади инжинери што имаат интерес во формула 1 ( т.е. ќе праќаат млади RnD инжинери како на пракса, за цели што ги интересира Тојота ) во Хас + дополинтелно ќе промовираат/форсираат Јапонски возачи. На сметка на тоа, веројатно, во најмала рака, платите на инжинерите ќе бидат покривани од Тојота + некои други трошоци. Апсолутно ништо не добива Хас со договоров, освен „реноме“ дека соработуваат со Тојота и најверојатно, како што реков, помалку трошоци/плата за техничкиот тим.
Ептен „Американски“ безкичмењачки пристап на раководење со тим/компанија. Ако можат за 0 costs само профит, макар биле последни на падок.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.924
Поени од реакции
44.978
Доктор Макс :pos: :pos: :pos:
Како успеа со ваков болид да заврши на подиум и да изнуди пак грешка од Норис кој против било кој друг возач на гридот денес глатко ќе поминеше во една од drs зоните.

Што да се каже за Норис, мораше барем трети да е денес иако прв стартуваше ама класика, очајно ко во многу наврати. Уште една пропуштена прилика и од викендов прилично доста изгуби од Макс и на спринтот и денес, иако ко што реков, Макс е возач кој у моментов вози болид кој е позади и Ферари и Мекларен, а на моменти и позади мерцедесите, а од викендов зголеми предност во битката за титула. :cuc:

Дури и во конструктори мислам дека редбул сигурно паѓа на трето место годинава, кога последен пат некој се борел за титула или освоил, а тимот да му е трето во конструктори? Сигурно има некој ваков податок мене не ми текнува.

Али да не го земам спотлајтот секако на Ферари, докторски денес и двајцата, многу доминантно, изгазија, Леклер леташе на стазата тотална доминација покажаа и он и Сајнц, али нарочито првиот, реално класа за себе си беа, до толку што ни од бокс немаа како да ги поебат и да сакаа.

p.s. Од моја перспектива, можеше и да помине неказнето Ландо, искрен да бидам, иако пак направи лош обид за претекнување во ситуација кога е многу побрз од Макс.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.924
Поени од реакции
44.978
Неактивна темава на прилично интересна сезона, или бар втор дел од истата, каде имаме и тркање, и инциденти меѓу главните возачи, и казни и све.

Денес Макс претера, ама и тие што го казнуваа, 20 секунди казна во една трка е too much и мислам дека вина за ова има претходната трка и квичењето на Мекларен цела недела после тоа.

Денес конкретно, мислев Норис намерно го пропушта Макс откако излезе пред него по напуштањето на патеката, а Макс тотално непотребно на тој дел од стазата се обиде да ја врати позицијата по што и он излезе и го приуди Норис повторно да излезе од стаза на раб на инцидент, ова конкретно голема грешка на Макс, имплусивна реакција најверојатно и тотално непотребна. Заслужи казна и според мене, aли не од 20 секунди.

Леклер не издржа под притисок денес иако најверојатно ќе беше поминат од Норис, ама барем уз дуел, вака беше на раб да удри у заштитната ограда на самата рамнина од стартот и излегувањето од последниот свиок, и да ја уништи цела трка а и ден за Ферари.

Норис извозе мушки и после долго време го извади максимумот за својот тим, додека Сајнц, само да ти е криво што Ферари удрија повеќе на маркетинг и го носат Луис, и те како покажува Сајнц дека заслужува да вози сеуште тука и да атакува на висок пласман па и на титула со конкурентен болид, голема штета за бедната одлука на тимот која се надевам дека ќе им се удри од глава и ќе патат ради тоа.

Уште 4 трки до крај, битката за титула е сеуште отворена, а интересно е што Редбул се веќе трети у конструктори и најверојатно тука ќе завршат. Последен возач што освоил титула во Ф1 а притоа неговиот тим бил на трето место во конструктори е .... Нелсон Пике, 1983 година, чија ќерка моментално е девојка на Макс. :D
 
Член од
30 август 2024
Мислења
55
Поени од реакции
243
Од досаден старт, стана една од поинтересните сезони.

Приказната дека се најдобри другари Норис и Макс ќе им падне во вода. Макс безброј пати годинава покажува сељачки потези, особено спрема Норис.

Агресивни бранења/агресивни потези, само кога Норис е до него. Слично кога се бореше за титула со Луис. Исти куртонски потези.

Мило ми е за Сајнц али ќе беше доста тензично во Ред Бул ако Норис беше прв + најбрз круг да му останеше. Ова му беше поклон од небо... ама јбг.
20 секунди за мене беа оправдани бидејќи премногу пати му прегледаа низ прсти. Ова му е порака дека нема да го трпат веќе.

Остануваат 4 трки со 2 спринта. Не гледам како Норис би освоил титула, тешко да Макс не биде 4 трки во бодови. На Норис му треба една трка тотален хаос на стаза каде некој ќе го собере Макс. И тоа што порано.
Бразил следнава на пример :D
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.222
Поени од реакции
1.481
Кога Саинц го нападна Макс скоро не се ни бранеше, ама со Норис се бореше како да му е последно, го туркаше надвор како да сака да го исфрли. Вака го туркаше и Луис на времето 2021, ама добро, со Норис се големи пријатели па Ландо нема да му замери. Ландо нема м... за да го претица Макс. Ај тоа што овај го турка па Норис не ризикува тоа разбирам ама после тоа ниту еднаш повторно да не покуша... освен страв не знам што друго. Уствари Норис со онаква ракета од МеКларен никого не претица вчера. Ниту Шарл. Макс ја заслужи титулата, мислам дека тактиката да го заплаши Норис па макар и бил казнет за тоа му вроди со плод, не верувам дека во преостанатите трки 3-4 трки Норис ке влегува во дуел со Макс освен ако не е драстично побрз па да може лесно да го помини без ризик. Да пробаше Макс вака да му прави на Сајнц ке видеше како ке помини ама тој го знае тоа па својата тактика ја поставува според опонентот, освен тоа Сајнц ионака нема шанса да го стигни во пласманот.
Браво за Макс. Не заради поштеноста, воопшто не е тоа ама е интелегентен возач. Па и Шуми на времето 1994та стана првпат шампион со истуркување на Дејмон од патеката. И Ландо треба да сфати дека шампионски возач не значи и поштен возач.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom