Имам многу mixed up feelings за Рендал/Донте трејд вс Таунс.
Првенствено за Ди Виченцо, зошто побогу го трејдаш Квикли за да добиеш ист калибар на играч кој го плаќаш 40 милки по сезона кога на Квикли може тие пари да му ги дадеш.
И само после 1 сезона го трејдаа и Донте за да го развиваат МекБрајд и за Харт да остани опција во напад. Тотално погрешно пошто Донте е готов производ за напад, а и одбраната добро и посветено ја играше.
Си ја ебаваш хемијата во тимот покрај то шо го даваш Донте (пошто не можи 500 луѓе да имаш на иста или слична позиција, го донесоа Бриџис шо по висина до курот не ми стига па со тоа не можи против високите четвроки да се носи, тука е ОЏ, Харт, Донте и сите се на позиција 2 до 4 и слични по висина), а со носењето на Таунс кој е препичено лигле не знам колку ќе издржат во соблекувална додека овај не земи да изнавреѓа некој од соиграчите или повторно да се прогласи за најдобар центар на сите времиња и слични срања шо ги има праено.
Башка шо и сам има изјавувано дури е во Минесота *(дури и мислам дека тоа беше во време на Тибс) дека не му е гајле за соиграчите туку игра за статистика. Тоа и фактот шо знае да се погуби во ПО и да изнаправи еден куп фаули во една четвртина или уште побитно
да го снема во одбрана не знам како е подобрување во однос на факин Рендал.
Така да, супер за нив што успеаа да доведат голем човек кој може да игра и центар и да шутира тројки (пошто тоа е денешната НБА), но ќе видиме како ќе се резултира тоа во ПО пошто тоа е целта и реално после минатата сезона нема повеќе Њујорк изговор за неиграње финале на исток и воопшто не играње во големото НБА финале.
Публиката ја имаат, конечно тим имаат, тренер ајде да речиме горе долу солиден (иако сите знаете дека не ми е по кеиф), нема зошто да не се стигне до тоа финале и воопшто да не се тепа Бостон на исток (кој има свои маани) или да не се тепа било кој во големо НБА финале.
ОЏ да е здрав, Бриџис да е здрав и Брансон да е здрав за ПО, другото не знам... останува да видиме дали Таунс и МекБрајд (кој се одлучија да не го трејдаат летово) ќе се погубат во ПО ко и стално и останува да видиме дали Џош Харт има работено на шутот за 3 летово (шо нема) па дали е подобар фит за тимот тој отколку трејданиот Ди Виченцо.
Нема и јаре и паре, Донте требаше да оди за да се ослободат пари за Таунс ама по мене одењето баш на Донте - е грешка.
Од друга страна, Минесота во него доби одличен стартер и шутер за тројка (модерно 3&D пошто и одбрана игра, борбен е под кош и за него нема изгубена топка), шо ми е мило како играч бидејќи конечно ќе почни во прва постава и ќе остани таму - едноставно заслужи таков расплет на кариерата (штета што веќе не е Њујоркер).
Секако, ги очекувам во финале на истокот годинава (најмалку) и не не ми е гајле дали Бостон го има истиот тим од лани или Фила се зајакна со доаѓањето на Џорџ, дека втора сезона ќе им е на Јанис и Дејм, ниту пак супер младите и талентирани тимови на Орландо, Индијана и Кливленд.
Нема изговори, особено не за управата која го состави тимот ваков каков што е.
Јас со сите сили би трејдал за Марканен на почетокот на летото, ама јеби га, тој воз беше намерно пропуштен.
@Tonchie
ај креирај лига брату