Од една страна немаат човек како Ди Виченцо, спотап шутер за 3 и со негов процент на реализација, од друга страна еве дуото Таунс-Гобер испадна неуспешно пошто нели побрз баскет се игра.Всушност ич не читав и не разбирам баш зошто Минесота го направи трејдот.
Истовремено мислам дека има промена во сопствеништвото на Минесота, земи го ова со резерва али како да го слушнав на поткаст во позадина што одеше додека си бркам други работи, а и да не е така (небитно) никој не би го земал Гобер во денешна НБА во трејд пошто преплатен е и има висок договор, останува Таунс како единствен асет за трејдање со цел да донесат било што додека Едвардс преминува во бист моуд.
На краток рок, корисен трејд за двата тима. На долг рок, ќе видиме како ќе испадне - не сум оптимист за екипата од големото јаболко со овој и вака замислен ростер.