Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    725
Член од
30 јануари 2014
Мислења
862
Поени од реакции
564
Ovie dvajcava ko vo delata na Puškin, nikako da go zakažat dvobojot.

Da se vratima malku na temata, sakam da ukažam na nešto. - da ne ja potcenuvame Ukrajina. Niz svojata istorija pretrpea mnogu i pogromi, i gladuvanje, i nekolku okupacii, i Stalin, no ne zgasnaa kako narod i nacija. Da ne se zaboravi deka so Rusija bea dolgo vreme vo ista država, deka ona što go možat Rusite go možat i oni. Normalno nemaat tolku resursi, no znaenje, nauka i sposbnost imaat. Isto taka, tvrdoglavi se, izdržlivi i uporni. Veke rekov deka imav dobri prijateli od Ukrajina, od niv dosta naučiv za nivnata zemja i nivniot narod. Zabluda e deka oni ne se borat i deka toa se Poljaci i drugi platenici od stranstvo. Se borat Ukrainci. ima i takvi koi se za Rusija, no pogolemiot del ne se. Nivna greška e što dozvolija da im go zemat nuklearnoto oružje, pod pritisok na amerika. No svetot treba da bide svesen deka možat povtorno da go napravat. I raketi i boevi glavi, lanseri se što treba.
Dronvite, koi gu držat vo život, sami gi smislija i sami gi proizveduvaat, zapad tuka ništo ne im pomaga, duri gi vikaat od tamu da im držat predavanja.
I pred da mi skoknite ovde deka sum prozapaden i woke i širam propaganda, znam deka ovde dosta členovi ja širat ruskata strana na vistinata (možebi se i na platen spisok koj ke go znae), ušte ednaš da ja istaknam mojata namera za ovoj psot NE GI POTCENUVAJTET UKRAJINCITE.

Nema da ja zagubat vojnata. Iako nema ni da ja dobijat.

Jas ne navivam za nikogo, navivam što pobrzo da završi ovaa bratoubistvena vojna.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.853
Поени од реакции
12.940
Интересно интервју од Шродер денеска. Бил еден од организаторите на преговорите во Истанбул, на м од Киев. Жена му била одговорна за протоколите. Планирано било Донбас да остане под контрола на Киев, а за Крим да биде енклава на Русија слично на Јужен Тирол. Секако покрај тоа беше предвидено воена неутралност.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
399
Поени од реакции
774
Nema da ja zagubat vojnata. Iako nema ni da ja dobijat.
Што ова воопшто значи? Само Донбас да го изгуват е како да ја загубиле војната. Се проценува дека околу 60% на целокупните рудни резерви на Украина се во Донбас. Да не зборуваме дека ќе ги изгубат и Запорожје и Керсон. И да не зборуваме за тоа дека половина население им побегна и никогаш нема да се врати, и дека енергетскиот систем им е уништен, а државата банкротирана.

Како тоа не ја изгубија војната?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.825
Поени од реакции
36.860
Повторно измислуваш работи. Автономија за Донбас беше потврдено и од украинскиот преговарач. Тој сам, или некој друг од украинскиот тим изјави дека во Киев со шампањ сакале да го прослават договорот. Точно е дека имало ограничување за тоа колку војска и колку вооружување ќе има Украина.

Како е тоа капитулација, еве објасни, и како сега ќе добијат повеќе од тоа? Што со тој договор губеше Украина за да биде окупација? Крим? Крим е руски, и не постои сценарио на завршеток на оваа војна во кој Крим се враќа на Украина. Тоа му е јасно секому што има барем една функционална мозочна клетка. Што се однесува за тоа дека после потпишувањето на таков договор Русија би можела повторно да ја нападне Украина, тоа е едноставно дебилно. Значи влезени се во територијата на Украина, и во тој момент држеа повеќе теритотија отколу сега, ама нудат договор со кој би излегле потполно од Украина освен од Крим, за по 5 години повторно да влезат?

Кое ниво на дебилно објаснување е тоа? Договорот беше во интерес и на рускиот и на украинскиот народ, но не беше во унтерес на САД, и беше торпедиран преку Борис Џонсон, кој за мене е воен злосторник и заедно со Нуланд треба да одговараат во Хаг.
За базични работи не се разбираме. Кога две држави водат војна и едната држава прифаќа неутралност и ограничување на војската, тоа по тебе не е капитулација?

Со останување на Донбас во Украина и правото на вето на тие региони, Украина ефективно ќе станеше нефункционална држава како Босна, уценувана на секој чекор од Русија. Ако прифатеа неутралност пак ќе беа во шаката на Русија за век и веков.

А за тоа дека било дебилно дека Русија ќе влегла пак во Украина, па самите вие тука паламудите како Одеса, Харков се руски градови, Путин во своите изјави ја нарекуваше Украина вештачка држава и украинците измислена нација. Стварно вие сметате дека треба да прифатат таков договор и да останат на добра волја на Русија? :LOL: Да останат во добра волја на земјата што е скарана скоро со сите свои соседи и на две соседни земји има направено инвазија?

Ќе изгубат територија ама тоа што ќе остане ќе биде очистено од најмалата трошка на руско влијание и наполнето со оружје од Западот.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.404
Поени од реакции
24.557

ke izgubat teritorija. na kraj zapad ke gi odjebe. pa pak ke stanat ruski kucki. veke videno.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
И нас УЧК ни нудеа да ни го земат Тетово и Гостивар без крвопролевање. Оти не прифативме? Ако веќе така ви работи логиката...А? А? Просветлете ме....
Ајде да те просветлам
Едно е да си играш курот против светска сила а друго е против група терористи кои ке беа смачкани како бубашваби да не ни се заканеа со бомбардирања
 
Член од
23 август 2024
Мислења
399
Поени од реакции
774
За базични работи не се разбираме. Кога две држави водат војна и едната држава прифаќа неутралност и ограничување на војската, тоа по тебе не е капитулација?
Се е тоа релативно. Кога се граничиш со империја, и имаш 20-30 % население кое етнички е дел од таа империја, и уште толку население кое е русофонско, тогаш тоа не е капитулација, туку паметна политика. Украина има ОГРАНИЧЕНА СУВЕРЕНОСТ како држава во однос на Русија, исто онака како што Мексико и Канада имаат ограничена сувереност во однос на САД. Тоа практично значи дека тие се само de jure слободни да водат потполно независна надворешна политика, иако de facto не се.

Настрана тоа, еве кажи ми што Украина ќе добие од оваа војна? Јас веднаш ќе ти кажам што ќе изгуби: Околу 40% од територијата, 60% од целокупните рудни богатства, најголемата нуклеарна централа на светот, Азовско море и половина од населението.

Кажи ми со кои добивки ќе го компензира ова?
 
Последно уредено:

Кажи ми со кој добивки ќе го компензира ова?
Ограничена сувереност како концепт е многу опасна работа за малите држави. Не и одговара ни на Макдоинија. На пример може утре Бугарија да каже дека не псотои македонска нација дека овде живеат Бугари и да влезе со војска и да не окупира се до Охрид. И да се повика на ограничена сувереност. Опасен е тоа преседан.
Меѓународното право не функционира, но треба да се тежнее да профункционира, а не уште повеќе да се закопа.
 
Треба исто да ги спасиме китовите и пандите, и треба луѓето да се сакаат под виножитото.

Во политиката не постојат права, постои само сила. Правата важат се додека на некоја сила и одговара да важат, а ако не магично престаниваат да важат. По кое меѓународно право САД ја нападна Југославија, го уби Гадафи и го окупира Ирак? По кое меѓународно право САД и денес окупира делови од Сирија?

Примерот со Бугарија и Македонија е невалиден, затоа што Бугарија не е сила, туку марионетска држава како и Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
30 јануари 2014
Мислења
862
Поени од реакции
564
Што ова воопшто значи? Само Донбас да го изгуват е како да ја загубиле војната. Се проценува дека околу 60% на целокупните рудни резерви на Украина се во Донбас. Да не зборуваме дека ќе ги изгубат и Запорожје и Керсон. И да не зборуваме за тоа дека половина население им побегна и никогаш нема да се врати, и дека енергетскиот систем им е уништен, а државата банкротирана.

Како тоа не ја изгубија војната?
Шо значат за русија тие неколку рудници, како да нема свои, и таа територија. Русија има 17 милиони км2. И ќе освои уште 100000. Тоа многу не менува. Воената цел беше да се освои цела Украина и да се дојде на граница со ЕУ. Тоа не успеа, па може да се смета за неуспех, барем за сега. Не е постигната најважната цел.
Украина има за цел да опстане. МОже да се живее и без рудници и без територија и без Крим, иако тие не се откажуваат. Потребно е да се задржи Одеса да можат бродовите да доаѓаат и Киев како главен град и центар на државата.
Јас таков договор и би прифатил, територија за мир и гаранции дека нема пак да се нападне. А гаранција е силна војска, (и бомба?)
 
Ама апсолутно никогаш не беше војна или било каква цел да се освои Украина. Русија ништо преку Дњепар никогаш не ја интересирало. Русите влегоа во Украина со една цел, да ги уплашат Украинците и да издејствуваат почитување на Минските договори. И ќе го добиеа тоа да не беше САД и Борис Џонсон.

Влегоа во Украина со помалку од 200 000 војска, некои велат помалку од 150 000. Кој лудак планира да освои држава од 40 000 000 луѓе со 150 000 војска? Треба мислење со главата, а не голтање на пропаганда како свиња помија.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
862
Поени од реакции
564
Треба исто да ги спасиме китовите и пандите, и треба луѓето да се сакаат под виножитото.

Во политиката не постојат права, постои само сила. Правата важат се додека на некоја сила и одговара да важат, а ако не магично престаниваат да важат. По кое меѓународно право САД ја нападна Југославија, го уби Гадафи и го окупира Ирак? По кое меѓународно право САД и денес окупира делови од Сирија?

Примерот со Бугарија и Македонија е невалиден, затоа што Бугарија не е сила, туку марионетска држава како и Македонија.
САД исто така го крши меѓународното право, значи ако го крши САД се е во ред? И други можат да го кршат? Јас не ја бранам америка, тие ја почнаа оваа работа.

Како ти ќе убедиш некого дека не е силен ако тој мисли дека е? Само на бојното поле. А тоа значи почеток на многу големи и мали војни. Кутијата на Пандора се отвара. Доаѓа некој лудак во Софија, Каракачанов или некој побетер и мисли дека е силен и дека ние не сме, и војските тргнуваат. Додака не ги победиме не знаеме дали се слаби или не се. А успат има доста жртви и разурнувања. Не е ова толку енреално сценарио.
Има многу регионални сили кои исто така мжат да се повикаат на овај преседан, Турција, Иран, Израел, ИндијаФранција, англија, итн
Автоматски споено мислење:

Ко лудак планира да освои држава од 40 000 000 луѓе со 150 000 војска?
Кој лудак стварно?
 
Кој ред бе? Знаеш како велат Хрватите? Ја шумом, ти друмом. Нема никаков ред, постои само контролиран хаос, кој е контролиран се додека им одговара на големите сили.

Дечко, не ги рабираш овие работи, да не се лажеме. На Балканот никој не смее да прдне без дозвола на САД. Сигурно Бугарија без амин на САД ќе ја нападне Македонија. Жити леб батали.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.601
Поени од реакции
33.757
Повторно измислуваш работи. Автономија за Донбас беше потврдено и од украинскиот преговарач. Тој сам, или некој друг од украинскиот тим изјави дека во Киев со шампањ сакале да го прослават договорот. Точно е дека имало ограничување за тоа колку војска и колку вооружување ќе има Украина.

Како е тоа капитулација, еве објасни, и како сега ќе добијат повеќе од тоа? Што со тој договор губеше Украина за да биде окупација? Крим? Крим е руски, и не постои сценарио на завршеток на оваа војна во кој Крим се враќа на Украина. Тоа му е јасно секому што има барем една функционална мозочна клетка. Што се однесува за тоа дека после потпишувањето на таков договор Русија би можела повторно да ја нападне Украина, тоа е едноставно дебилно. Значи влезени се во територијата на Украина, и во тој момент држеа повеќе теритотија отколу сега, ама нудат договор со кој би излегле потполно од Украина освен од Крим, за по 5 години повторно да влезат?

Кое ниво на дебилно објаснување е тоа? Договорот беше во интерес и на рускиот и на украинскиот народ, но не беше во унтерес на САД, и беше торпедиран преку Борис Џонсон, кој за мене е воен злосторник и заедно со Нуланд треба да одговараат во Хаг.
Проблем во овој тек на размислувањето, е мислењето дека Украине е независен ентитет кој самостојно преговарал за сопствената судбина. Во реалноста нивната судбина ја одлучуваат САД, а они веќе одамна биле насочени кој провоцирање и започнување на војна со Русија, нормално со користење на Украина како прокси. Можеби некои од преговарачите не биле доволно детално брифирани дека не преговараат вистински туку само играат кабуки театар за нивните газди. Затоа и еден од преговарачите заврши со куршум во глава, а други ја научија лекцијата.

Во ситуацијата наивните излегуваат РФ кои искрено се обидувале да дојдат до договор и да ја избегнат војната. Но што друго и можеле да направат освен да се обидат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom