Кога би имало светски натпревар во кукање Македонија со сигурност завршува на второ место, бидејќи како инаку би продолжиле да кукаме по првенството за тоа како ништо не бива кај нас.
Самата тема ја пратам и читам, никогаш не сум коментирал бидејќи ниту сум се иселил, ниту планирам да се иселам во животот или ете во најблиска иднина, но кога на целиот форум по сите теми ги читам истиве дискусии, да си се вклучам јас.
Дека во Македонија немало сицијален живот мало морген, во Македонија има и тоа како социјален живот, или можеби во Струмица, некој да ми каже дека нема што да прави значи ептен нема или другар или е ментално ограничен.
Единствено нешто од погоре споменатото како солиден социјален живот што во Струмица фали е кино, немаме кино , мада лично јас и не сум некој љубител на гледање на филмови, по би гледал некој документарец да научам нешто од него, отколку да гледам филм, мои лични перференции.
Како прво концерти има речиси секој месец, да не се од белосветски ѕвезди де но и на такви концерти можеш да си поминеш топ, ете последниве два ќе ги споменам на кој бев, едниов на гимназијава каде завршив средно, тематика латиномузика, плус бееше мој другар од група, топ си поминав, а вториот концерт уште уште повеќе, концерт на црковниот хор на децата од училиштето за веронаука во струмичката епархија, каде гости им беа балетoт и играорците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, концерт за милина, па кога играорците го играа тешкото морници да те лазат, на крај јапонски дирегент повеќе ти ја цене сопствената музуика и отпеа песна која е своевидна химна на градот со цела сала и десет минутен аплауз.
И периодов иако не одам поради мој лични приватни причини еден куп концерти имаше во парк, последниов со млади таленти кои пеат ретрохитови македонски и струмички песни, неделава имаш Егзит, секоја година има и периодов следува и рап концерт и.т.н.
Има и театарски претастави на кои не одам дека некако струмичкиот театар одамна ме нема првлечено, а сега ете следува и театарскиот фестивал Ристо Шишков, преку десет стенд уп комедии имаше, од гевгеличанецот Диверзија кој имаше преку пет настапи можеби, Сашко Коцев, овие со стенд уп турнета , имаш редовони изложби, што на уметници сликари, што на фотографи.
Имаше и најразни термини, ако не секоја недела, преку недела имаш некој културен настап кој привлекува внимание во културниот дом на градот.
Друго ете активен сум колку можам во црковниот живот, служби, учество во најразлични хуманитарни акции, трибини од секаков аспект, има и промоции на книги, организираат хуманитарни акции и концерти (каков што беше вториот кој го споменав погоре) па само преку црквата имаш еден куп активности за поплнување квалитетно време во социјалниот живот, иако и тука поради приватни причини сега не сум активен.
Спортски натпревари во градот па и во Скопје, ете вчера собрана екипата пред натпревар два часа, пиење пиво, мезење, пеење песни, потоа идење на стадион, па стандарни фрки со разни комесари кои знаат дека си "ризичен", па гледаш фудбал каде се полниш со нервози, од спротивна трибина 50тина деца на ФК Беласица пеат песни кои сте ги твореле со другари низ трибина, тој филин ни Алијанц Арена ни Олд Трафорд нема да ми ги дадат, а башка преку тоа секоја втора недела во различен град, прошетка , разговор со локалци што има кај нив, некаде тензично , нека лабаво, ама никаде досадно. Ете сега има плус нешто наскоро во програмата и дестинација и за поквалитетно минување времето со спортски натпревари, секој што има навивачка екипа во животот , нема како да му е досадно.
Имаш патувања, а некое село локално струмичко, а Дојран, а некаде на друго место, па ќе седнеш со школски другари, па со екипа со која дискутираме и пратиме историски настани и манифестации поврзани со нив, музеи, чествувања, има и планинари ама кој ми е крив што физички не се чувствувам спремен да се качам на некој врв, има и кампери, имаше и Повик на Дивината каде луѓе се обидуваа што поавтентично да поминат викенд во шума спрема условите тука, имаш риболов ама мене тоа досадија невидена ми е, секој што сака ќе си најде начин да си исполни времето, освен нели киното.
Тука се и најразлични спортски настани, велосипедисти, маратони, јас лично организирам секоја година еден фудбалски турнир, наскоро ќе има баскет ако реализираме тоа што планираме, еден куп спортови, од оние во сала до оние на отворено, само да изразиш желба да спортуваш.
Плус периодот пред да западнам постојано имав гости од други краеви на Македонија во Струмица, последно екипа од Скопје , во два наврати кумановци, со сите нив убав помин на различен начин, пак ќе кажам може на се да ми се пожалите во Македонија, на здраствен систем, корупција , криминал, ама се дека не чини и ќе сте прави, ама да кажеш дека во Македонија нема социјален живот, е тука не се согласувам и не е точно, тоа што не пратите што се случува во вашата средина и околу вас е личен ваш проблем.