- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.502
- Поени од реакции
- 8.180
Да брат ама забораваш дека 90% од луѓето овде уживаат во тоа што тебе ти е монотоно веќе - кафица, исто јадење и пиење, зјапање у телефон и оговарање. Тоа им е комфорот.90% од луѓето овде испозабегаа во време кога им беше лимитиран тој "луксуз" (корона), сите полудеа тоталка.А за каква дружба и муабет во Македонија праиме муабет?
Идење на бесцелно кафе во досадните и све едни исти кафичи, праење бош муабет и зјапање у телефон?
За идење у кафана кај што ќе пиеш, ќе јадеш скара и ќе ги праиш истите бош муабети и пак ќе зјапаш у телефон?
За идење у диско да гледаш пренашмркани тинејџери и разголестрени девојчиња без памет, со тоа сељачката музика што е актуелна и да пазиш да не погледнеш погрешно некој нашмрканко па не дај боже да изедеш флаша у стомак или нож.
Апсолутно ништо интересно нема у Македонија, ова погоре е 90% од секојдневиоето на еден просечен северно македонец.
Лесно е да дојдеш од странство да се испукаш тука еден месец со другарите и со шемите што сте ги праеле порано, да се пијанчиш по кафани, викенд два у Охрид, натака навака, ќе ги прочастиш хиенчињата околу тебе и ќе си се вратиш Горе и си викаш еххххх Македонијо слободо, птицо распеана, цвету расцутен, сонце мое сјајно, античко.
Мрш бе
Проблем им беше што после 11 навечер не можеа да се движат, им се висело по кафани. Они немаат ништо против што им забрануваат движење и слобода, ама кога стана збор за затварање кафани и кафичи - недај боже.
Како сакаат луѓето да има гужви по улиците низ западниот свет и по ресторани кога кај добар дел од нив нашево седење/дремење по кафана не се преферира. Доколку преферираат висење по локали, не го прават тоа сигурно ко кај нас 4 саати просечно, туку вечера со една пијачка, јадат сите и за 2 саати се празни ресторан. Верувам дека и голем дел од популацијата е на настани, дали музеи артови, спортски настани, концерти, театарски претстави, кинотеки ова она. Пошто кај нас тоа е вистинска реткост.
Кај нас, пошто такви сме ко што сме единствена опција за "искачање и социјализирање" се кафани, кафичи и дискотеки. Не се најадоа и напија луѓево после декади дремење во кафани 3 пати неделно минимум.