Каде се иселивте и како?

Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.820
Верувам дека има и вакви случаеви, но ова сигурно не е секојдневие.
Сепак, најчесто, никој никаде не те брза...
Поентата ми е дека само во МКД просечен дневен престој на човек во кафеана/ресторан е 4+ саати.
Кај нас за доручек на пауза од работа луѓево се задржуваат по 1+ саат. Плус што се пијуцка ракиивче пивце.
Еве во Америка, доаѓаш да јадеш, 1.5 саати просечно, 1-2 пијачки уз ручек и тоа е тоа. Што имате да зборите со друштво и пријатели по 3-4 саати а не може да се каже во 1.5 саат, стварно не ми е јасно?
Пиши им казна нареден пат зошто толку муабети се прават. :)

Ако ти не сакаш и не мораш, не верувам некој со сила да те натерал. Само еден совет, човек што размислува за странство и има проблеми со социјализација во мк, ќе му биде многу многу потешко да се социјализира таму и ќе почне да пати по тоа што го имал и презирал во мк. Милион пати сум го видел.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.849
Поени од реакции
23.204
Не, ама нема кај да отидеш. Едно ебано кино иаме со 4 филма од кои 3 се глупи. Фудбал спорт морт и слични активности нема, тоа кафич и таква дневна шема реков дека ми е глупа и многу ретко ја практикувам. За другото немаме избор, може до сабајле да кружиме само.
Ne znam so da ti recam, ustvari znam ama ne mi se prat teski muabeti. Se izlezavam ko smok na plaza, si pijuckam nekoe lokalno pivo, vo pozadina si odi nekoja tivka muzika od barot, odmaram so bi rekle, gi polnam baterite. Mozokot pusten na pasenje, ni go baram, ni mi treba. Vaka mozam da teram do 101 i nazad.
Da skratam, muabetot mi bese sam filmot si go prajs, ali gledaj realen film da bidi inaku djabe ke se nerviras.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.023
Верувам дека има и вакви случаеви, но ова сигурно не е секојдневие.
Сепак, најчесто, никој никаде не те брза...
Поентата ми е дека само во МКД просечен дневен престој на човек во кафеана/ресторан е 4+ саати.
Кај нас за доручек на пауза од работа луѓево се задржуваат по 1+ саат. Плус што се пијуцка ракиивче пивце.
Еве во Америка, доаѓаш да јадеш, 1.5 саати просечно, 1-2 пијачки уз ручек и тоа е тоа. Што имате да зборите со друштво и пријатели по 3-4 саати а не може да се каже во 1.5 саат, стварно не ми е јасно?
абе брат јас на пример сум фамилијарен човек со две деца со кој имам многу обврски и тие ми се први пред све, значи немам ни време за некој големи излегувања, јас со една екипа( мешана, не само македонци туку има секакви) што ја имам излегуваме еднаш месечно, некогаш на два месеци, и тогаш сакаме да седиме колку сакаме, пијаме јадеме се заебаваме и не сакам некој да ми го огранучува времето, 1 сат па и два се малку за таква собиранка. Затоа и избегаваме такви ресторани, него си цепаме Хотел/Паб и никој таму не те брка, не дека нема решение, него само го потенцирав, зашто све што се прави на запад се зема за репер демек тоа е она вистинското.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Пиши им казна нареден пат зошто толку муабети се прават. :)

Ако ти не сакаш и не мораш, не верувам некој со сила да те натерал. Само еден совет, човек што размислува за странство и има проблеми со социјализација во мк, ќе му биде многу многу потешко да се социјализира таму и ќе почне да пати по тоа што го имал и презирал во мк. Милион пати сум го видел.
Немам проблем со социјализација, воопшто.
Имам проблем со претерано искачање што на крај од денот е некакво губење време. Имам проблем со идење во кафана/кафич/клуб/дискотека 3-4 пати неделно навечер (не рачунам доручек).
Немам проблем со еднаш неделно за викенд, со усул.

абе брат јас на пример сум фамилијарен човек со две деца со кој имам многу обврски и тие ми се први пред све, значи немам ни време за некој големи излегувања, јас со една екипа( мешана, не само македонци туку има секакви) што ја имам излегуваме еднаш месечно, некогаш на два месеци, и тогаш сакаме да седиме колку сакаме, пијаме јадеме се заебаваме и не сакам некој да ми го огранучува времето, 1 сат па и два се малку за таква собиранка. Затоа и избегаваме такви ресторани, него си цепаме Хотел/Паб и никој таму не те брка, не дека нема решение, него само го потенцирав, зашто све што се прави на запад се зема за репер демек тоа е она вистинското.
Те сфаќам тотално. Еднаш месечно го правите тоа и сакате максимумот да ги извлечете :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Е ова сакав да го кажам. Кај нас не постојат вакви опции и единствена дружба и социјализација се примерите што ги спомнавме погоре.
Нема настани, нема ништо, нема каде да отидеш. Во странство ако ништо друго барем постојат вакви опции да можеш и сам да отидеш у кино, на фудбал, на ракомет, на некој концертен настан и слично.
Јас верувам дека да си купиш сезонска карта за фудбал или ракомет и да идеш секој викенд на стадион дека ќе си најдеш многу подобра дружба и пријатели отколку ова лудување овде кај нас.
Нормално бе дека германецот нема да сака да безделничи у кафич у 3 саат на пладне у среда ебате.
Ова е една од работите што ми пречела во Македонија, во 10 години едвај дали имаше 5-6 добри концерти, а да не правиме муабет за stand up или пак поголеми спортски настани. За вакви работи е прилично лимитирано дури и за луѓе кои може да си ги дозволат, за секој концерт ако имаш среќа ќе треба да патуваш само до Белград или Софија, ако не треба да се ашкаш и до Виена и тн.

Овде има постојано, само што се скапички, така што одиме на тоа што ви го пишувам на форумот дека ви треба само начин за правење што е можно повеќе кеш, и нормално да имате време и желба.

Викендов имавме огномети, шоу со авиони, пред еден месец имаше друго, за 2 месеци сум на Trevor Noah, Iron Maiden за една недела, во февруари следната година Prodigy, пред неколку месеци Ed Sheeran, Maneskin, Chris Rock, беше и Seinfeld ама претераа со цените на картите, неколку мјузикли, балети, рагби секоја недела, трки со коњи, трки со коли, тенис, „луна паркови“, водени спортови, авиони за љубители на адреналин. Еве од завчера:

1725283734775.png

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.618
Поени од реакции
42.144
Интелектуалциве сакаат шопен и вагнер да ги слушаат. Десингерица им е под ниво :D
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.257
Не знам кај живеат луѓево у странство што се жалат немало ноќен живот, дојте у Чикаго, кафани, ресторани, српски, македонски па и татарите се тука, каков жанр сакаш има дури и во црквата носат певачици… немало живот, нема ако си некаде забатален кај што пиле не пее, и у мк да си у Сарамзалино нема ноќен живот.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.393
Поени од реакции
24.547

dijasporata e evropa ni e malku porazlicna... rashtrkani se na sekade i pretezno vo pomali mesta. kaj nas, kaj vas i svedska si imame zaednici i moznost za makedonski/balkanski shemi vo drugite mesta poslabo toa...
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
Во Германија кај што живеев вриеше Македонци, веќе спомнав Струмица, Каменица, Виница, Пробиштип, абе на улица да излезеш да шеташ ќе сретнеш по некој Македонец обавезно, да мало место беше но си мислиш Македонија си, воопшто не се чувствував дека сум ја напуштила мк, на работа во Болницата кај што работев исто, Срби, Босанци и Македонци имаше. Не значи ако е мало место дека нема наши.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
48.982
Интелектуалциве сакаат шопен и вагнер да ги слушаат. Десингерица им е под ниво :D
како се при толку културни занимливости и плус толку интегрирани таму, цели денови на форумов опнати, просто да се зачуди човек. :icon_lol:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
dijasporata e evropa ni e malku porazlicna... rashtrkani se na sekade i pretezno vo pomali mesta. kaj nas, kaj vas i svedska si imame zaednici i moznost za makedonski/balkanski shemi vo drugite mesta poslabo toa...
Зависи каде, низ Германија имам многу роднини, гледам и таму веќе почнаа да прават дружби и чешити. Не е како тука, поинаков е концептот и на државите, овде цела популација е во големите градови и многу се мали шансите некој да залутал пример во Алис Спрингс (инаку оф-топик, ми кажуваа и таму сме имале претставник :D)
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Кога би имало светски натпревар во кукање Македонија со сигурност завршува на второ место, бидејќи како инаку би продолжиле да кукаме по првенството за тоа како ништо не бива кај нас.

Самата тема ја пратам и читам, никогаш не сум коментирал бидејќи ниту сум се иселил, ниту планирам да се иселам во животот или ете во најблиска иднина, но кога на целиот форум по сите теми ги читам истиве дискусии, да си се вклучам јас.

Дека во Македонија немало сицијален живот мало морген, во Македонија има и тоа како социјален живот, или можеби во Струмица, некој да ми каже дека нема што да прави значи ептен нема или другар или е ментално ограничен.

Единствено нешто од погоре споменатото како солиден социјален живот што во Струмица фали е кино, немаме кино , мада лично јас и не сум некој љубител на гледање на филмови, по би гледал некој документарец да научам нешто од него, отколку да гледам филм, мои лични перференции.

Како прво концерти има речиси секој месец, да не се од белосветски ѕвезди де но и на такви концерти можеш да си поминеш топ, ете последниве два ќе ги споменам на кој бев, едниов на гимназијава каде завршив средно, тематика латиномузика, плус бееше мој другар од група, топ си поминав, а вториот концерт уште уште повеќе, концерт на црковниот хор на децата од училиштето за веронаука во струмичката епархија, каде гости им беа балетoт и играорците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, концерт за милина, па кога играорците го играа тешкото морници да те лазат, на крај јапонски дирегент повеќе ти ја цене сопствената музуика и отпеа песна која е своевидна химна на градот со цела сала и десет минутен аплауз.
И периодов иако не одам поради мој лични приватни причини еден куп концерти имаше во парк, последниов со млади таленти кои пеат ретрохитови македонски и струмички песни, неделава имаш Егзит, секоја година има и периодов следува и рап концерт и.т.н.

Има и театарски претастави на кои не одам дека некако струмичкиот театар одамна ме нема првлечено, а сега ете следува и театарскиот фестивал Ристо Шишков, преку десет стенд уп комедии имаше, од гевгеличанецот Диверзија кој имаше преку пет настапи можеби, Сашко Коцев, овие со стенд уп турнета , имаш редовони изложби, што на уметници сликари, што на фотографи.
Имаше и најразни термини, ако не секоја недела, преку недела имаш некој културен настап кој привлекува внимание во културниот дом на градот.

Друго ете активен сум колку можам во црковниот живот, служби, учество во најразлични хуманитарни акции, трибини од секаков аспект, има и промоции на книги, организираат хуманитарни акции и концерти (каков што беше вториот кој го споменав погоре) па само преку црквата имаш еден куп активности за поплнување квалитетно време во социјалниот живот, иако и тука поради приватни причини сега не сум активен.

Спортски натпревари во градот па и во Скопје, ете вчера собрана екипата пред натпревар два часа, пиење пиво, мезење, пеење песни, потоа идење на стадион, па стандарни фрки со разни комесари кои знаат дека си "ризичен", па гледаш фудбал каде се полниш со нервози, од спротивна трибина 50тина деца на ФК Беласица пеат песни кои сте ги твореле со другари низ трибина, тој филин ни Алијанц Арена ни Олд Трафорд нема да ми ги дадат, а башка преку тоа секоја втора недела во различен град, прошетка , разговор со локалци што има кај нив, некаде тензично , нека лабаво, ама никаде досадно. Ете сега има плус нешто наскоро во програмата и дестинација и за поквалитетно минување времето со спортски натпревари, секој што има навивачка екипа во животот , нема како да му е досадно.

Имаш патувања, а некое село локално струмичко, а Дојран, а некаде на друго место, па ќе седнеш со школски другари, па со екипа со која дискутираме и пратиме историски настани и манифестации поврзани со нив, музеи, чествувања, има и планинари ама кој ми е крив што физички не се чувствувам спремен да се качам на некој врв, има и кампери, имаше и Повик на Дивината каде луѓе се обидуваа што поавтентично да поминат викенд во шума спрема условите тука, имаш риболов ама мене тоа досадија невидена ми е, секој што сака ќе си најде начин да си исполни времето, освен нели киното.

Тука се и најразлични спортски настани, велосипедисти, маратони, јас лично организирам секоја година еден фудбалски турнир, наскоро ќе има баскет ако реализираме тоа што планираме, еден куп спортови, од оние во сала до оние на отворено, само да изразиш желба да спортуваш.

Плус периодот пред да западнам постојано имав гости од други краеви на Македонија во Струмица, последно екипа од Скопје , во два наврати кумановци, со сите нив убав помин на различен начин, пак ќе кажам може на се да ми се пожалите во Македонија, на здраствен систем, корупција , криминал, ама се дека не чини и ќе сте прави, ама да кажеш дека во Македонија нема социјален живот, е тука не се согласувам и не е точно, тоа што не пратите што се случува во вашата средина и околу вас е личен ваш проблем.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.393
Поени од реакции
24.547
Зависи каде, низ Германија имам многу роднини, гледам и таму веќе почнаа да прават дружби и чешити. Не е како тука, поинаков е концептот и на државите, овде цела популација е во големите градови и многу се мали шансите некој да залутал пример во Алис Спрингс (инаку оф-топик, ми кажуваа и таму сме имале претставник :D)
ima golema razlika megu zaednica so nekolku kafani, fudbalski klubovi, crkvi, restorani i sto ti ne i "poveke narod" sto vika ocajna ili druzbi... daleku se oni od ona sto go imame ovde na pole organizacija i zabava. od druga strana im e poblisku do doma sto od edna strana e podobro ali od druga moze i poloso da deluva...
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
@kano @коцка @Harald @McLovin

Ако не ви чинит не идајте!

Јас првиот пат годинава седев цел Јануари а ако до крајот на годината се прошетаме како што планираме ќе биде четврт пат годинава за нас, од кое ниедно не беше задолжително. Вакви работи се флексаат, а не да пишувате дека ви било мачно и дека не може да ги поднесете малкуте начини за социјализирање осим лажичето вуста. Ме интересира зошто сте на наш форум тогаш, не ви е пак мачно? Или “горе” со чистиот воздух полесно се трпи македонштината, не е толку мачно? :icon_lol:

Јас не сум патриот, ниту имам големо чувство на припадност, ама поради ex officio причини морам да се скарам со секој што пишува пост од типот на: “Грми Теа Таирович у МК, ќе си седам у странство, со партнерка, имам слобода да правам шо сакам”

:pos:

Делулу.

Не заебавај еден ебен донерџија не работи после 22:00 саат. Да паднеш недај Боже тек наредниот ден во 5 сабајле ќе те најдат кога одат луѓето на работа. Кај нас е далеку повеќе раздвижено и некако има подобра атмосфера. Еве денес е работен ден па сношти се беше фул. И млади и стари, и фамилии со деца, низ центарот раздвижено музика од секоја страна луѓе се веселат. Сам да излезеш од 5-6 страни луѓе ќе ти викнат ќе се поздрават и ќе седнеш со некој. И муабетот е друг, и односот и се.

Луѓето се менуваат на полошо кога се иселени подолг временски период, тоа е факт. Јас уште одбивам да го прифатам тоа и терам по старо, и затоа најверојатно ми е тешко да се "вклопам".
Да не те лажат со “вклопување”! Многу се отселиле како деца, нашле партнер кој таму живее и ги однел, се интегрирале после факс лесно итн. Нема седење на две столчиња, тоа треба да е првото размислено пред селење: дали одам печалбар или да живеам таму? Зошто никој ова не си го одговара себеси? Јас ако планирав да печалам животот ќе ми беше 300 пати повеќе различен тука. Не може одморот и парите да ги трошиш во мк, забите да ги правиш во мк а странство да не чини оти е 200 евра да идеш да јадеш, пиеш некоја, платиш карта од дури 4,000 денари у клуб кој ти е 67 километри одалечен и да се вратиш да станеш во 6 за работа поради долгиот комјут! Тоа не е фер. Е мртво и ќе продолжи да биде мртво поради лично направени избори.

Бидејќи сум од Струмица сакам ти одговорам на споредбите. Секако дека овие 10 денови кога си вратен е раздвижено, ако Струмица се води 40,000 популација сега се осеќа како 100,000! Сите како и самиот ти се вратени на одмор, свадби, фамилии. Другари од 4 различни земји се договарате да се вратите на иста дата, не може да дојдете до маса да пиете една од гужва, се трошат плати и бонуси оти е “ефтино”. Ќе одете до Скопје, Штип, Грција од курташак. Низ сите маси гледаш пријатели и комшии кои исто се вратиле од некаде како вас, љубов, гушкања, пиј едно од мене! Не, ти пиј едно од мене! Заборавате дека сте на свадба…

Тоа е еденипол месец. Струмица е сезонски град веќе, тие 40,000 што се осеќале 100,000 - ако се вратиш во Февруари се осеќаат 12,000! Си викаш барем донерџилница да имаше… сиво, сметки за струја 200 евра, кавги на секој чекор… секој помизерен од претходниот. Не пиеш кафе оти се само една маса у цел кафич од кои пола се келнери и нивните другари а вие сте едвај двајца, не сакаш да си слушате муабетите со нив оти најверојатно се за нив, хаха!

Тоа е сликата што не ја гледаш бидејќи оценуваш емотивно, носталгично и се враќаш 10 денови во шпиц каде сите се среќни што те гледаат прв пат после 9 месеци. Струмица е град кој беше прекрасен да се расте, од здрава домашна храна до сигурност. Нашите деца никогаш нема да имаат такво безгрижно детство, со своите баби која на село која во куќа, со киснење и растење на улица каде комшии ќе ти спремат ручек ако заглавила мајка ти втора смена. Станавме факултетски град со дисперзирани, многу млади останаа дома па вкусивме ефтин студентски живот со сигурен покрив и топла храна.

Тоа сѐ е супер, но никогаш нема да го доживееш во изолиран швицарски град од 40к. Јас сношти во 3 сабајле си ставив ноис канселинг слушалки за да спијам оти илјадници пијани млади ми пројдоа под стан. Живем спроти музичка зграда со 4-5 активни сцени каде стално некој познат настапува. Имам на поглед дистанца клубови што отвараат во 2 сабајле каде ми поминал хајот дур отворат и сум мочал дома оти било гужва таму. Донерџилници, мекдоналдси… џабе, стандард е ова за големи градови но зарем е битна таа раздвиженост? Социјализација за секого е различно другар. Ќе пијам шотеви, полче, линија со другари и пријатели - но иако редовно журкам на пример во Македонија би имал проблем да најдам луѓе за бордгејм. Отвори ја темата, тројца од цела Македонија не можат да најдат уште еден, додека тука секоја недела има 20 само во канцеларија после работа. Се исмеваат дека иделе луѓе по театар, музеји, сустејнибилити - наместо што? Што мислиш прави @Ron Burgundy во Недела наместо тоа? Зарем тие работи не се еден прост индикатор дека животот е полесен и дека се има време за, ајде-еве, глупости? Кај е тука проблемoт? Не е прегледнување, повеќе претстави имам во Македонија изгледано одошто Меклавин знае да изброи на германски а Рон дека постојат. :pos:

Кога би имало светски натпревар во кукање Македонија со сигурност завршува на второ место, бидејќи како инаку би продолжиле да кукаме по првенството за тоа како ништо не бива кај нас.

Самата тема ја пратам и читам, никогаш не сум коментирал бидејќи ниту сум се иселил, ниту планирам да се иселам во животот или ете во најблиска иднина, но кога на целиот форум по сите теми ги читам истиве дискусии, да си се вклучам јас.

Дека во Македонија немало сицијален живот мало морген, во Македонија има и тоа како социјален живот, или можеби во Струмица, некој да ми каже дека нема што да прави значи ептен нема или другар или е ментално ограничен.

Единствено нешто од погоре споменатото како солиден социјален живот што во Струмица фали е кино, немаме кино , мада лично јас и не сум некој љубител на гледање на филмови, по би гледал некој документарец да научам нешто од него, отколку да гледам филм, мои лични перференции.

Како прво концерти има речиси секој месец, да не се од белосветски ѕвезди де но и на такви концерти можеш да си поминеш топ, ете последниве два ќе ги споменам на кој бев, едниов на гимназијава каде завршив средно, тематика латиномузика, плус бееше мој другар од група, топ си поминав, а вториот концерт уште уште повеќе, концерт на црковниот хор на децата од училиштето за веронаука во струмичката епархија, каде гости им беа балетoт и играорците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, концерт за милина, па кога играорците го играа тешкото морници да те лазат, на крај јапонски дирегент повеќе ти ја цене сопствената музуика и отпеа песна која е своевидна химна на градот со цела сала и десет минутен аплауз.
И периодов иако не одам поради мој лични приватни причини еден куп концерти имаше во парк, последниов со млади таленти кои пеат ретрохитови македонски и струмички песни, неделава имаш Егзит, секоја година има и периодов следува и рап концерт и.т.н.

Има и театарски претастави на кои не одам дека некако струмичкиот театар одамна ме нема првлечено, а сега ете следува и театарскиот фестивал Ристо Шишков, преку десет стенд уп комедии имаше, од гевгеличанецот Диверзија кој имаше преку пет настапи можеби, Сашко Коцев, овие со стенд уп турнета , имаш редовони изложби, што на уметници сликари, што на фотографи.
Имаше и најразни термини, ако не секоја недела, преку недела имаш некој културен настап кој привлекува внимание во културниот дом на градот.

Друго ете активен сум колку можам во црковниот живот, служби, учество во најразлични хуманитарни акции, трибини од секаков аспект, има и промоции на книги, организираат хуманитарни акции и концерти (каков што беше вториот кој го споменав погоре) па само преку црквата имаш еден куп активности за поплнување квалитетно време во социјалниот живот, иако и тука поради приватни причини сега не сум активен.

Спортски натпревари во градот па и во Скопје, ете вчера собрана екипата пред натпревар два часа, пиење пиво, мезење, пеење песни, потоа идење на стадион, па стандарни фрки со разни комесари кои знаат дека си "ризичен", па гледаш фудбал каде се полниш со нервози, од спротивна трибина 50тина деца на ФК Беласица пеат песни кои сте ги твореле со другари низ трибина, тој филин ни Алијанц Арена ни Олд Трафорд нема да ми ги дадат, а башка преку тоа секоја втора недела во различен град, прошетка , разговор со локалци што има кај нив, некаде тензично , нека лабаво, ама никаде досадно. Ете сега има плус нешто наскоро во програмата и дестинација и за поквалитетно минување времето со спортски натпревари, секој што има навивачка екипа во животот , нема како да му е досадно.

Имаш патувања, а некое село локално струмичко, а Дојран, а некаде на друго место, па ќе седнеш со школски другари, па со екипа со која дискутираме и пратиме историски настани и манифестации поврзани со нив, музеи, чествувања, има и планинари ама кој ми е крив што физички не се чувствувам спремен да се качам на некој врв, има и кампери, имаше и Повик на Дивината каде луѓе се обидуваа што поавтентично да поминат викенд во шума спрема условите тука, имаш риболов ама мене тоа досадија невидена ми е, секој што сака ќе си најде начин да си исполни времето, освен нели киното.

Тука се и најразлични спортски настани, велосипедисти, маратони, јас лично организирам секоја година еден фудбалски турнир, наскоро ќе има баскет ако реализираме тоа што планираме, еден куп спортови, од оние во сала до оние на отворено, само да изразиш желба да спортуваш.

Плус периодот пред да западнам постојано имав гости од други краеви на Македонија во Струмица, последно екипа од Скопје , во два наврати кумановци, со сите нив убав помин на различен начин, пак ќе кажам може на се да ми се пожалите во Македонија, на здраствен систем, корупција , криминал, ама се дека не чини и ќе сте прави, ама да кажеш дека во Македонија нема социјален живот, е тука не се согласувам и не е точно, тоа што не пратите што се случува во вашата средина и околу вас е личен ваш проблем.
:aplauz:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom